Ако гледаме така на работите тогаш и МПЦ е секта,отцепена непризнаена црква од останатите сестрински православни цркви.А истовремено врши репресија врз сите неистомисленици.
МПЦ нема никакви канонски одстапки, тоа што не е призната од другите цркви е заради други причини.
Кажи кој е репресиран од МПЦ.[DOUBLEPOST=1406982937][/DOUBLEPOST]
Повели слободно постирај еден единствен мој пост каде некого набедувам лажно, каде упорно го навредувам нарекувајќи го педер, циган, секташ и слично!
Една работа е да те навредува вистината, сосем петнаеста да користиш простачки однос како што прават луѓе што ти се дрзна да ги браниш! Дали јас за било кого сум изнел лага на форумов? Дали сум тврдел дека правел оргии на гробишта или дека пиел крв од мачки? Кому треба огледало во случајов?
Не си го погледнал во огледалото.
Си навел примери кои не си ги користел, но тоа незначи дека не си навредувал со други зборови. Еве убаво си навел за вистината како навредува, колку пати си го употребил зборот неписмен(вклучително и кон мене)а тоа очигледно не е вистина(сите тука што учествуваат се писмени)а чиста навреда. Огледаалото во раце кога зборуваш за навреди.[DOUBLEPOST=1406983410][/DOUBLEPOST]
Гледам омраза, христијанин не може да љуби друг што не е христијанин, колку и да го витка сето тоа во убави зборови. Видено многупати низ моите години на Земјата! Само треба да ги соочиш со она пред кое затвараат очи! Напишав во претходниот мој пост во врска со тоа!
Зошто велиш „нашиот“, а претходно „спротивната страна“? Кои се тие страни според тебе?
Ние сме ... , а другите се... што?
Мојот вокабулар е одличен... јас знам „да го навредам“ соговорникот и само тој да разбере дека навредата е наменета за него - нема безобразни зборови и глупости! Доста со обвинувања бесцелно!
Имам и доказ
Ете, правев како соговорникот што е баниран и за кој сите запнавте да се врати, на една тема, со исти зборови му враќав како тој што прави насекаде - и добив бан (а и тој, нормално) на таа тема, само за да укажам дека не е до човекот во врска со бановите, ами до начинот на зборување и оформување на мислите! Простачки размисли е лесно да се напишат за да некој „се навреди“ на форумот. Повеќе навредува мислата со кој тоа си седнал да муабетиш, а не тоа што е кажано од другиот, ако мене ме прашуваш!
Сепак, имаш право да го браниш братот „по вера“. Нормлано.
Туку ајде на темата:
Токму за тоа зборуваме тука „за праведниот судија“ кој што не си ти не сум јас не е овој оној, но „ќе дојде“ според некои писанија и верувања - а ова создава различни разбирања за тој судија (кому му треба судија и зошто е друго прашање, поврзано со онаа гнасна идеја дека некој е грешен, што јас сум против тоа - а со тоа и против твојот „судија“) што пак раѓаат секти, кои ќе создадат свои објаснувања, свои ритуали, своја хиерархија која ќе се базира врз иста света книга.
Не човеку, тука ќе те судат луѓето, за твоите зборови и дела - а ти надевај се и верувај во што сакаш откако ќе умреш. Смртта си е твоја, не ти ја сакаме!
Од едно верување израснато во религија и хиерархија, произлегуваат секти кои се обидуваат да го надополнат или дообјаснат појдовното верување, израснато во религија низ вековите - на овој или оној начин!
Оној што носи омраза гледа омраза.Што бараш тоа наоѓаш.
Страните на подфорумов мислам дека се јасни, или се правиш дека не си забележал.
Твојот вокабулар е одличен, тоа е според тебе заклучок на твоето его, зарем тоа би дозолило да не е одличен. Дали навистина е таков другите ќе преценат.
Зошто пишуваш за нешто во кое и самиот неверуваш. Како тоа нешто што непостои(според тебе) ти го образложуваш.
Тоа што за произлегувањето на сектите упорно се обидуваш да ја обвиниш религијата, е стратегијата нападот е најдобра одбрана- многу прозрачно.