- Член од
- 3 септември 2010
- Мислења
- 6.345
- Поени од реакции
- 8.947
Значи, во тој џбун лежел зајакот. Како ми се чини мене, вие сте го внеле во Кур'aн-от еретичкото учење на евионитите. Така ли е?Во основа е дозволено месото од ехлу-китаб(евреи и христијани) но христијанин во денешно време е оној што верува дека Исус е Бог, а тоа е спротивно и од ранохристијанстике учења но тоа е друга тема.
Евионитите се првата христијанска секта, т.е. јудео-христијанска секта настаната во 1. век.
Бидејќи Христијанската Црква настанала помеѓу Јудејците, најпрвин дошла во додир со Евреите.
Тоа за последица го имало решавањето на односот помеѓу Христијанството и Јудаизмот и до укинување на старозаветниот обреден закон во 51.г, бидејќи Исус Христос со своето доаѓање го исполнил. Ова не го подржале некои христијани кои сакале да останат верни на Мојсеевиот обреден закон и основале своја група "јудејски христијани", т.е. евионити.
За нив Исус бил смртен човек, месија и пророк, но не и Богочовек.
Не го прифаќале предвечноти постоење на Исус, божественоста, раѓањето од девица и физичкото воскреснување. Ја нагласувале единственоста на Бог и човечноста на Исус
Инсистирале да се следат јудејските религиозни обреди и јудејските закони. За нив св. Апостол Павле од Тарс бил отстапник од Законот.[DOUBLEPOST=1406831050][/DOUBLEPOST]Е сега објаснување зошто Христијаните не се под Мојсеевиот обреден закон и како Исус Христос го исполнил.
Матеј 5
17. Немојте да мислите дека сум дошол да го поништам Законот или Пророците; не сум дошол да ги поништам, туку да ги исполнам.
17 Μὴ νομίσητε ὅτι ἦλθον καταλῦσαι τὸν νόμον ἢ τοὺς προφήτας· οὐκ ἦλθον καταλῦσαι, ἀλλὰ πληρῶσαι.
Лука 16
16. Законот и Пророците беа до Јована; а оттогаш царството Божјо се благовестува и секој со усилие влегува во него.
16 ὁ νόμος καὶ οἱ προφῆται ἕως Ἰωάννου· ἀπὸ τότε ἡ βασιλεία τοῦ Θεοῦ εὐαγγελίζεται, καὶ πᾶς εἰς αὐτὴν βιάζεται.
Лука 24
44. Па им рече: „Ете, тоа е она за што ви зборував уште додека бев со вас, оти треба да се исполни сè што е напишано за Мене во Законот Мојсеев и кај Пророците, и во Псалмите.”
44 εἶπε δὲ αὐτοῖς· οὗτοι οἱ λόγοι οὓς ἐλάλησα πρὸς ὑμᾶς ἔτι ὢν σὺν ὑμῖν, ὅτι δεῖ πληρωθῆναι πάντα τὰ γεγραμμένα ἐν τῷ νόμῳ Μωϋσέως καὶ προφήταις καὶ ψαλμοῖς περὶ ἐμοῦ.
Римјаните 10
4. бидејќи свршетокот на Законот е Христос, преку Кого ќе биде оправдан секој што верува.
4 τέλος γὰρ νόμου Χριστὸς εἰς δικαιοσύνην παντὶ τῷ πιστεύοντι.
Галатјаните 3
23. Пред да дојде верата, ние бевме под стража на Законот, заклучени за верата, која имаше да се открие.
23 Πρὸ δὲ τοῦ ἐλθεῖν τὴν πίστιν ὑπὸ νόμον ἐφρουρούμεθα συγκεκλεισμένοι εἰς τὴν μέλλουσαν πίστιν ἀποκαλυφθῆναι.
24. И така, Законот беше за нас воспитувач во Христа, за да се оправдаме преку верата;
24 ὥστε ὁ νόμος παιδαγωγὸς ἡμῶν γέγονεν εἰς Χριστόν, ἵνα ἐκ πίστεως δικαιωθῶμεν·
25. а откако дојде верата, ние веќе не сме под раководство на воспитувач.
25 ἐλθούσης δὲ τῆς πίστεως οὐκέτι ὑπὸ παιδαγωγόν ἐσμεν.
Последно уредено: