Зошто мислиш дека е мртов? Брзо ти ги бришат видеата?
Се' зависи од тоа колку познавање има другар му што ќе ја прави приватната блог мрежа. Ако знае на што да внимава, ќе остане под Google радарот, ако не, го јаде стапот.
Џабе има доменот наводно висок авторитет (според статистики), ако претходно бил користен за порно, коцкање или продавање вијагра на црно. Нема да има корист од него, воопшто. Добро е да се проверат и повратните линкови, од каде доаѓаат, дали се комплетен булшит или навистина вредат. Ако доменот што го купил претходно се користел пр. во parenting niche, а овој му закачи содржина Clash of Clans хакови, читови... нека очекува и пад на DA и PR.
Плус, многу важно е да се запази на хостингот на страните. Никако на иста IP адреса, барем C блокот да биде различен. Ова треба да биде прво и основно правило. Овде повеќето паѓаат и после се чудат што ги снашло.
@Vamos треба прво да го праша другар му кој му е планот за хостинг на страните? Ако не знае за ова, дека треба страните да бидат хостирани на различна IP, ич нека не почнува работа со него, нека си ги чува парите.
Содржината исто така е важна. Cодржина која не поминува Copyscape, не иде во предвид, тоа треба да му е јасно на секој. Да се избегнува и spinning на артикли. Колку поквалитетни, поприродни артикли има, толку подобро.
На Wordpress има опција да ја измениш датата на објава на постот. Пожелно е да се направат "постари" артиклите, да не бидат објавени сите во исто време, до минута. Плус има Schedule post опција, и ова може да се искористи.
Privacy Policy, Terms of Use, Contact Us, sitemap и тн. - и ова е задолжително.
Да не го должам многу, на кратко ова се некои од поважните работи кои треба да се запазат при креирање на PBN.
А ова што си го направил ти е најголем кикс во животот.

Во денешно време, при сите можности што ни се на располагање, плус имаш искуство, да му дадеш на некој пари, за да те учи SEO... не знам.