Верски вести III

Член од
13 февруари 2012
Мислења
2.733
Поени од реакции
1.226
Христијанката од Судан осудена на смрт е ослободена
Нејзиниот случај предизвика шокираност во целиот свет: Христијанката, која во Судан беше осудена на смрт поради нејзината вера е ослободена. Таа во меѓувреме го напушти Судан.


Мерием Јаиха Ибрахим Ишаг пристигна во Италија. Со авион на италијанската влада 27 годишната жена слета на аеродромот во Рим. Италијанската телевизија покажа како Ишаг заедно со нејзиното семејство и италијанскиот заменик министер за надворешни работи Лапо Пистели го напушта аеродромот. Младата жена на средината на мај од судот во Картум беше осудена на смрт со бесење, бидејќи според суданското право со тоа што се омажила за христијанин испаднала од исламсакта вера. Дванесет денови подоцна во затвор заврзана во синџири таа се породи и доби ќерка.

Околностите се непознати

Овој случај предизвика шокираност во меѓународни рамки. Политичари и борци за човекови права се заложија за ослободувањето на Ишаг. За околностите под кои таа стигна до Италија нема детали. Властите во Картум не дадоа никакви информации.

Ишаг на крајот на јуни излезе од затвор, откако Апелациониот суд ја укина смртната казна против неа. Сепак еден ден подоцна таа повторно беше приведена на аеродромот во Картум, кога заедно со сопругот и двете деца сакаше да отпатува во САД. Суданските власти ја обвинија за фалсификување на документи, бидејќи Ишаг омажена на американски државјанин со потекло од Јужен Судан сакаше да отпатува со пасош од Јужен Судан. Откако повторно беше ослободена Ишаг побегна во американската амбасада во Картум.
http://www.dw.de/христијанката-од-судан-осудена-на-смрт-е-ослободена/a-17806817?maca=maz-rss-maz-pol_svet_timemk-4725-xml-mrss[DOUBLEPOST=1406293117][/DOUBLEPOST]Христијани и Муслимани собрани во една црква во Ирак: „Јас сум Ирачанец. Јас сум Христијанин“


Голем број на активисти од Муслиманското граѓанско општество и членот на ирачкиот Парламент, г. Шруг Абаиџи, заедно со бројни Христијани од Ирак се собрале во црквата на св. Георгиј (Мар Горгис), со транспаренти во рацете на кои било испишано: „Јас сум Ирачанец. Јас сум Христијанин“, со цел да ја изразат нивната солидарност со Христијаните од Мосул. Тие ја изразиле нивната подготвеност да ги вдомат раселените семејства и да им помогнат, истовремено нагласувајќи го процесот на злосторство против човештвото што се одвива во нивната земја.

На собирот присуствувал и халдејскиот патријарх Луис Рафаел I Сако, кој во неговото обраќање, меѓу другото, рекол:

„Ви благодарам на вашата солидарност и безрезевна поддршка во ова искушение. Се работи за едно злосторство против човештвото и против Ирак. Како може невооружени и невини луѓе да бидат откорнати од нивните домови само поради тоа што се Христијани? Како може некој да дозволи нивните домови и пари да бидат разграбани? Во болка и шок сме, и сме загрижени. Се обраќам до совеста на секој еден човек, без разлика дали е верник или не, да го крене својот глас во осуда на овие злодела. Сето ова е против и Исламот и против Муслиманите, ова е клевета за Исламот. Вашата солидарност кон нас ни дава сила и надеж. Вие сте иднината. Ви благодарам“.

На средбата присуствувале и претставници на неколку медиумски куќи. Претставникот на активистите, меѓу другото, посочил:

„Се собравме денес за да кажеме само едно нешто: Тука сме и во нашите срца има тага и солзи за сите раселени Ирачани, Шиити и Сунити, Христијани и Јазиди, Шабаци, Мандејци, Туркменистанци и Арапи. Сите тие ја имаат истата лична карта како и нас… Од ирачката Влада, граѓанските организации и Меѓународната заедница бараме под итно да делуваат и да ги згрижат бегалците…

И конечно, мора да го споменеме слоганот ‘Јас сум Ирачанец, Јас сум Христијанин’, со кој излеговме, затоа што силите на темнината ги сметаат Христијаните за религиско малцинство. Затоа, мора да застанеме до нашите браќа на Земјата и на Небесата, обединети против нашиот заеднички непријател кој го не може, а да не го погази толерантниот и пристоен граѓански закон. Затоа, тие веќе не се дел од човештвото“


http://www.bezpardon.mk/hristijani-i-muslimani-sobrani-vo-edna-tsrkva-vo-irak-jas-sum-irachanets-jas-sum-hristijanin/
[DOUBLEPOST=1406293633][/DOUBLEPOST]25/07/2014, 8:53 Повеќе →
Исламисти разурнаа џамија во Ирак

Екстремисти од групата “Исламска држава во Ирак и Левант” уништија вчера едно од светилиштата во северниот град Мосул – џамијата на пророкот Јона (Јунус на арапски), почитуван и од христијани, и од муслимани.

Според телевизијата “Aл сумарните”, екстремистите, заканувајќи се со насилство, им наредиле на присутните да ја напуштат зградата, по што ја експлодирале. Џамијата била урната, а заедно со неа и гробницата, во која, според легендата, се останките на светецот.

Џамијата е реставрирана во 90-тите години на минатиот век во времето на Садам Хусеин, и досега е предмет на обожување за верниците од целиот свет.

http://lokalno.mk/islamisti-razurnaa-dzhamija-vo-irak/



[DOUBLEPOST=1406294569][/DOUBLEPOST](ФОТО) Премиерот Никола Груевски приреди Ифтар вечера во Владата


http://brif.mk/?p=159530&utm_source=rss&utm_medium=rss&utm_campaign=%d1%84%d0%be%d1%82%d0%be-%d0%bf%d1%80%d0%b5%d0%bc%d0%b8%d0%b5%d1%80%d0%be%d1%82-%d0%bd%d0%b8%d0%ba%d0%be%d0%bb%d0%b0-%d0%b3%d1%80%d1%83%d0%b5%d0%b2%d1%81%d0%ba%d0%b8-%d0%bf%d1%80%d0%b8%d1%80%d0%b5




офф мајко кај си ме родила
 
Последно уредено:
Член од
14 август 2006
Мислења
45.368
Поени од реакции
84.607
ИСИС разнеле џамија со гробот на пророкот Јона
Исламските екстремисти на Исламската држава разнеле свето место во Мосул, Ирак, за кое се верува дека е гробното место на пророкот Јона, пренесува Јуроњуз.


Жителите на Мосул тврдат дека припадниците на организацијата Исламска држава (Исламска држава на Ирак и Сирија), кои го зазедоа Мосул во јуни и воспоставија строго толкување на исламските закони во градот, прво им наредиле на сите да излезат од џамијата, а потоа ја разнеле.

Џамијата била изградена на гробното место на пророкот што, според приказните од Библијата и Коранот, го голтнал кит.

Таа била обновена во 1990 година, за време на владеењето на Садам Хусеин и била популарно место кај аџиите од целиот свет.

Неколку куќи во близина на џамијата исто така биле урнати, а жителите на градот се уплашени за својата безбедност.

Како што изјавиле за Асошиејтед прес, исламисти тврделе дека џамијата станала место на отпадништво, а не на религија.



Собор на Св. Архангел Гаврил 26 јули, празник на големиот Господов гласник

Архангел Гаврил, заедно со Архангел Михаил го имаат чинот на серафимите, а серафимите имаат највисок ангелски чин поради што стоеле најблиску до Бога. Гаврил значи „сила Божја“







ГО ЗАГУБИЛ ДЕЈСТВОТО
На бомбаш-самоубиец не му експлодирал експлозивот во гаќите зашто ги немал соблечено цели две недели! (ВИДЕО)
Озлогласениот план со експлозивната долна облека во 2009 година, во кој на Божиќ требало да биде разнесен патнички авион, не успеал поради тоа што експлозивот „го изгубил дејството“ откако бомбашот ги носел истите гаќи цели две недели, пренесува Дејли мејл.


Нигерискиот државјанин Умар Фарук Абдулмуталаб бил на самоубиствена мисија кога се обидел да детонира бомба „вградена“ во гаќите што ги носел, во авион што летал од Амстердам кон Детроит.

Бомбата, меѓутоа, не експлодирала во авионот, на кој имало околу 300 патници, туку само предизвикала мал пожар во кој изгорело меѓуножјето на терористот. Абдулмуталаб во февруари 2012 година добил доживотна казна затвор без можност за условно пуштање, откако ја признал вината по сите обвиненија.


Шефот на американската Транспортна безбедносна администрација Џон Пистоле изјавил дека бомбата не детонирала поради тоа што Абдулмуталаб предолго ја носел долната облека.

„Бомбашот ја имал експлозивната направа на своето тело повеќе од две недели“, изјавил Пистоле на безбедносен форум во Аспен, Колорадо.

За време на судењето Абдулмуталаб изјавил дека бомбата во неговите гаќи била „свето оружје“ со кое требало да ги одмазди сите угнетени муслимани низ светот.

 
Последно уредено:
Член од
14 август 2006
Мислења
45.368
Поени од реакции
84.607
Датум: 25.07.2014, 17:51
МЕГАЛОМАНСТВО И KАЈ ИСЛАМСKИТЕ ХРАМОВИ

НОВАТА ЏАМИЈА ВО ТОПАНСКО ПОЛЕ ЌЕ БИДЕ НАЈГОЛЕМА ВО МАКЕДОНИЈА?



Бранко ЃорЃевски

Новата џамија и исламски центар, чиј камен-темелник за градба беше положен минатиот вторник со населбата Топанско Поле во скопската општина Чаир, ќе бидат најголем верско-просветен центар на Исламската заедница во Македонија. Ова произлегува од големината на комплексот, во кој првпат во праксата за градба на исламски верски објекти на едно место ќе се изградат како голема џамија така и повеќе други придружни објекти.

Kако што беше најавено на свеченоста, на која присуствуваа поглаварот на ИВЗ, реис-ул-улема Сулејман Реџепи, и градоначалникот на општина Чаир, Изет Меџити, новата џамија ќе има трапезоидна форма, која ќе има и четири минариња. Освен ова, составен дел од комплексот ќе бидат и образовен и научен центар со амфитеатар, библиотека, читалница... Предвидено е овие содржини да се користат за едукација на студентите кои ја изучуваат исламската теологија.

Изградбата на толку голем верски комплекс се вклопува во трендот на градењето големи исламски објекти како во нашата земја така и во непосредното соседство. И покрај обидите вчера во ИВЗ и во Општина Чаир не успеавме да добиеме информација за тоа колку ќе изнесува вкупната површина на новиот исламски центар во оваа скопска општина. Непознато е исто така од кои с` извори ќе бидат обезбедени средства за неговото завршување. ИВЗ досега градеше главно само индивидуални верски објекти – џамии, без да се форсира градбата на комбинирани комплекси. Ова верска заедница, познато е, има свои образовни институции во скопското село Kондово каде што веќе повеќе децении функционираат Исламскиот теолошки факултет и Медресата како средно верско училиште.

Според објавените планови за изгледот на комплексот, лесно може да се забележи дека тој ќе зафаќа поголема површина отколку што ја имаат големите џамии како во Скопје така и во внатрешноста на земјата – Мустафа-пашината џамија, Султан-Муратовата џамија, Јахја-пашината џамија или, пак, џамијата во Битола и во други градови.

Инаку, Општина Чаир последниве години е место каде што често се организираат разни исламски теолошки предавања, често и на отворениот простор на чаирскиот фудбалски стадион.

Инаку, во нашата земја има околу 1.900 православни цркви и околу 600 џамии. Во последните направени анкети мнозинство од граѓаните изјавуваа дека во земјава веќе имаме доволно верски објекти.

РЕИС РЕЏЕПИ: АЛАХ ДА ГИ ПРИМИ НАШИТЕ ДОБРИ ДЕЛА

Семоќниот Алах да ги прими нашите добри дела и нашите молитви направени во текот на рамазан. Го молам семоќниот Алах да н` чува од злото на злонамерните, порача во својата рамазанска порака поглаварот на ИВЗ, реис-ул-улема Сулејман Реџепи.

- Го завршуваме месецот на постот и целосно се чувствуваме горди и радосни затоа што со послушност, со молитви, со добрина, победувајќи над злото, успеавме да бидеме побожни и поблиску до нашиот господар. Месецот на рамазан е почетна точка на нашето вечно патување кон нашиот извор. Светлината што ја допревме во овој месец постојано треба да свети во нашиот живот - потенцира тој.

- Го прославуваме Фитр Бајрам. Ќе му се заблагодариме на Алах за она што ни овозможи да го постигнеме во овој месец. Но, да не заборавиме: во нашата радост да ги вклучиме и луѓето што имаат потреба за помош како и сиромашните, сираците, но и нашите верски образовни институции - нагласи тој.

НАТПРЕВАР СО НАЈГОЛЕМИТЕ ЏАМИИ НА БАЛКАНОТ

Почетокот на градбата на новиот исламски комплекс се надоврзува на градбата на големи исламски верски објекти во регионот. Познато е, пред две години во Приштина, Kосово, беше поставен камен-темелник за изградба на, како што се тврди, најголемата џамија на Балканот. Мегаџамија се планира да се гради и во Нови Пазар, Србија. Голема џамија исто така се гради во Сараево, БиХ, при што и за неа се наведува дека ќе биде меѓу најголемите на Балканот бидејќи ќе се простира на 4.500 квадратни метри. Но, и таа ќе биде комплекс што ќе вклучува и административни простории за Ријасетот на ИВЗ на БиХ. Во Сараево веќе постои една од најголемите џамии изградена како донација на саудискиот крал Фахд, по кој е и наречена.

Пред неколку месеци медиумите во Србија објавија дека во Белград, пак, ќе се гради најголемата џамија на Балканот во рамките на проектот „Белград на вода“, кој го финансираат Обединети Арапски Емирати. Според пишувањата, градбата на џамијата било услов да се финансира овој голем проект. Темелите за една од најголемите џамии на Балканот се поставени и во Тирана, Албанија.
 
Член од
14 август 2006
Мислења
45.368
Поени од реакции
84.607
Вести
"Богохулство" на Фејсбук разгоре нереди во источен Пакистан

Пунџаб, Пакистан, 28.07.2014


28.07.2014
Толпа луѓе запалила неколку куќи на малцински Ахмади муслимани во источен Пакистан, а била убиена и една жена и нејзините две внуки. Нередите во провинцијата Пунџаб избувнаа синоќа откако некој член на тоа малцинство бил обвинет за постирање богохулни материјали на Фејсбук.[DOUBLEPOST=1406574701][/DOUBLEPOST]Прослава на Рамaзан Бајрам низ целиот свет




28.07.2014
Милиони муслимани низ целиот свет денеска го прославуваат Рамазан Бајрам по едномесечниот пост. Муслиманите во Индонезија, Малезија и Филипини, како и во Блискиот Исток , Европа и САД денес го одбележуваат празникот за разлика од Индија, Пакистан и Мароко кои најверојатно тоа ќе го направат утре.

Муслиманите го користат лунарниот календар, според кој се случува понекогаш празникот да се падне во различен ден. Овогодинешната прослава во некои земји е засенета од конфликтите, како сириската граѓанска војна, војната во Газа и офанзивата на милитантите во Ирак.[DOUBLEPOST=1406578953][/DOUBLEPOST]Франција им нуди азил на христијаните од северен Ирак

Нападите во северен Ирак


28.07.2014
Француските власти соопштија дека се подготвени да им понудат засолниште на сите христијани од северен Ирак на кои исламските милитанти им наредија или да го прифатат исламот и да плаќаат религиозен данок или да се соочат со смртта. Француските власти порачаа доколку христијаните сакаат тие ќе им обезбедат азил. Исламските милитанти ја презедоа контролата врз голем број територии во северен и западен Ирак
 
Последно уредено:
Член од
13 февруари 2012
Мислења
2.733
Поени од реакции
1.226
Злосторство- Глави на војници на кол (Видео 18+)

http://lokalno.mk/zlostorstvo-glavi-na-vojnici-na-kol-video-18/[DOUBLEPOST=1406579797][/DOUBLEPOST]Филипинските исламисти убиле 16 и раниле 10 цивили

http://www.kurir.mk/svet/vesti/166693-Filipinskite-islamisti-ubile-16-i-ranile-10-civili?utm_source=feedburner&utm_medium=feed&utm_campaign=Feed:+kurir/svet+(Курир+-+Свет)
[DOUBLEPOST=1406580112][/DOUBLEPOST]Камшикувани бидејќи јаделе за време на рамазанскиот пост




Пет лица јавно се камшикувани во Иран бидејќи јаделе во јавност за време на рамазанскиот пост, објавија денеска иранските медиуми.

„Камшикувањето се случи во градот Керманшах, западен Ирак. Луѓето се казнети бидејќи ја игнорирале полицијата и „намерно јаделе“ за време на постот“ – изјави државниот обвинител Али Мозафари.

Иранските власти секоја година ги предупредуваат граѓаните да ги почитуваат рамазанските пости и да не јадат и да пијат во јавност од зора до заоѓање на сонцето.

http://mkdpress.com.mk/archives/1960



 
Последно уредено:
Член од
9 април 2013
Мислења
270
Поени од реакции
51
Монструозни песни во Тел Авив: "Утре нема училиште, во Газа нема веќе деца..."




"Утре нема училиште, во Газа нема веќе деца", е шокантниот стих кој го пееле мнозинството Израелци во Тел Авив. Се било снимено со камера, а видеото се појавило и на Јутјуб.


Од 8-ми јули до денес, повеќе од 1.100 луѓе во Газа ги загубиле своите животи, а меѓу нив имало и голем број на деца. Минатата сабота, на 26-ти јули, било снимено видео на кое мнозинство Израелци со знамиња во Тел Авив извикувале пароли и пееле. Тоа што го пееле е тешко да се окарактеризира со зборови.

Daily Mail пренесува дека се работи за членови на екстремната десница во Израел, кои ја слават смртта на палестинските деца.

Видеото на Јутјуб го поставил еден израелски новинар. Истото има англиски превод, а делот кога се пее за децата во Палестина започнува во 50-тата секунда.
 

Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
12.315
Поени од реакции
12.322
Кога вице-премиер (на демек демократска Турција) ќе промовира религиозни морални вредности во стилот: жената не смеела да се смее гласно, не било морално, сигурно според Коранот или некој коментар на истиот, ете како се реагира на тоа во Турција! [линк]

Вакви убави жени, да не се смеат? Ах... Жени, Ве обожавам вакви ! :)

Ми се допаѓа ова, не можам да не прокоментирам!
 
Член од
14 август 2006
Мислења
45.368
Поени од реакции
84.607
Монструозни песни во Тел Авив: "Утре нема училиште, во Газа нема веќе деца..."




"Утре нема училиште, во Газа нема веќе деца", е шокантниот стих кој го пееле мнозинството Израелци во Тел Авив. Се било снимено со камера, а видеото се појавило и на Јутјуб.


Од 8-ми јули до денес, повеќе од 1.100 луѓе во Газа ги загубиле своите животи, а меѓу нив имало и голем број на деца. Минатата сабота, на 26-ти јули, било снимено видео на кое мнозинство Израелци со знамиња во Тел Авив извикувале пароли и пееле. Тоа што го пееле е тешко да се окарактеризира со зборови.

Daily Mail пренесува дека се работи за членови на екстремната десница во Израел, кои ја слават смртта на палестинските деца.

Видеото на Јутјуб го поставил еден израелски новинар. Истото има англиски превод, а делот кога се пее за децата во Палестина започнува во 50-тата секунда.
Ова би требало да се пребаци у темата за Газа, у Свет. - пошто има врска нула, со религија.[DOUBLEPOST=1406735975][/DOUBLEPOST]Датум: 29.07.2014, 18:16
НАЦИОНАЛНИОТ СИМБОЛ НА МИНАРЕТО ВО СЕЛОТО ПЕРK

Албанскиот орел станува симбол на сите муслимани?



Двоглавиот орел, кој е етнички симбол на Албанците во земјава и во регионот, е ставен на врвот на минарето на џамијата во тетовското село Перк, што е преседан кога станува збор за верски објекти. Црн метален орел е ставен во средината на полумесечината, кој, како што е познато, е симбол на припадниците на исламската религија кој ги обединува припадниците на разни нации и етнички групи.



Националниот симбол на Албанците е поставен деновиве во пресрет на големиот верски празник Рамазан-бајрам од страна на мештаните што учествуваат во обновувањето на овој верски храм. Повеќето од жителите во оваа тетовско село, кое се наоѓа на територијата на општина Теарце, се на привремена работа во странство, а деновиве престојуваат дома и се ангажирани на обновата на џамијата. На интернет-порталот „Тетова.сот“ се објавени и фотографиите од овој чин, кој предизвика реакции кај исламските теолози.

- Ова е една непромислена постапка која мора да се отстрани. Надлежното муфтиство мора да интервенира и да го тргне етничкиот симбол бидејќи таму не му е место. Ова е непотребен излив на некаков патриотизам, кој не е споив со изворното исламско учење. Тоа е играње со верските чувства на граѓаните - коментира вчера еден исламски теолог, кој сакаше да остане анонимен.

Тој објаснува дека на минарињата, мектебите и на други верски објекти треба да се ставаат само чисто исламски симболи.

- Пракса е на врвот на минарето да се стави само симболот на полумесечината, која, заедно со петкраката ѕвезда, е препознатлив знак на исламот. Во некои случаи на минарето се става и тркалезен метален обрач, во кој е напишано името на Алах. Некој друг посебно национален симбол не треба да се истакнува. Во таа џамија, на пример, ќе дојдат верници Турци, Бошњаци, Македонци-муслимани и како сега тие ќе се чувствуваат во така обележана џамија - вели овој теолог.

Kамен-темелник за оваа џамија бил поставен на 10 мај годинава, а на нејзиното место, пред 150 години, исто така постоела џамија. (Б.Ѓ.)
 
Член од
13 февруари 2012
Мислења
2.733
Поени од реакции
1.226
Член од
14 август 2006
Мислења
45.368
Поени од реакции
84.607
Турски медиуми: Ѓоковиќ преминува во ислам?
Четврток, 31 Јули 2014 08:03


Најголемите турски весници, како и неколку телевизиски станици објавија дека Ѓоковиќ разговарал со своето семејство пред да ја донесе одлуката да премине во ислам. Поради збиднувањата во Газа најдобриот тенисер во светот ќе ја смени верата и ќе стане муслиман.

Информацијата за Ѓоковиќ првично беше пласирана на еден шегаџиски сајт, но потоа со огромна брзина се рашири по сите врвни турски медиуми. Весникот Милијем кој има тираж на печатено издание од 200.000 примероци дневно прв објави дека Новак Ѓоковиќ бил потресен од израелскиот терор во појасот Газа и дека поради тоа сака да изврши притисок на светските лидери за да интервенираат и да го спречат крвопролевањето, со тоа што ќе стане муслиман

Ова не е прв пат да се шират грешни информации за Новак Ѓоковиќ, но секако е една од посочните, по оние дека е Хрват, но и Црногорец.
 
Член од
14 август 2006
Мислења
45.368
Поени од реакции
84.607
Прес Републике Српске: Се подготвува нов судир меѓу вахабитите во БиХ


Службите за безбедност во Босна и Херцеговина се во состојба на зголемена готовност заради сериозните предупредувања од западните разузнавачки агенции дека во Сараево и другите градови во Муслиманско-хрватската федерација се подготвуваат жестоки судири меѓу непријателските фракции на радикалното исламистичко движење вахабити, соопшти електронското издание на весникот „Прес Републике Српске“.
Според добро информирани извори на весникот, информацијата дека земјата е под закана од отворен судир меѓу две непријателски вахабитички движења е една од главните причини заради кои британската Влада уште пред половина година одлучи во БиХ да испрати дополнителни сили во рамки на Европските сили за брзо реагирање (ЕУФОР).
Едното од нив, предводено од Нусрет Имамовиќ, се поврзува со Ал Каеда, а на чело на второто е Бајро Икановиќ, кој има војувано во Сирија на страната на исламистичката група „Исламска држава во Ирак и Левантот“ (ИДИЛ).
Според босанските служби за безбедност, најголемата опасност во моментот не се потенцијалните терористи, кои можат да ги нападнат амбасадите на САД или западните земји, туку избувнувањето на вистинска мала војна меѓу вахабитите.
Главна причина за нивниот конфликт е поделбата на исламистичките доброволци во Сирија на поддржувачи на таканаречениот фронт Ан Нусра, кон кој припаѓа и неформалниот лидер на вахабитите од Горна Маоча, Нусрет Имамовиќ, и на приврзаниците на воената формација ИДИЛ (од која заради нејзината неверојатна жестокост и радикализам се откажа дури и Ал Каеда), кон која се е приклучил лидерот на босанските селафити Бајро Икановиќ.
 

Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.279
О

Двоглавиот орел, кој е етнички симбол на Албанците во земјава и во регионот, е ставен на врвот на минарето на џамијата во тетовското село Перк,
Тоа е српски симбол, Албанците само го превзедоа од Србите.
Двоглав орел беше симбол на династијата Немањиќи кога уште Албанците не се доселија на овие простори.
 
Член од
14 август 2006
Мислења
45.368
Поени од реакции
84.607
Тоа е српски симбол, Албанците само го превзедоа од Србите.
Двоглав орел беше симбол на династијата Немањиќи кога уште Албанците не се доселија на овие простори.
И тие, а и Грците, Романците, Црногорците... го земаа од Византија, чиј пак двоглав орел е потекнат од империјалниот римски симбол.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom