Imam ogromen respekt kon umetnici bidejki i samiot sum umetnik, izrabotuvam ornamentirani uplatnici za mojata mesna zaednica. Ovde problemot bil sto ja ne razlikuvam mentalist od mentalec, pa bi zamolil da me upatite vo terminologijata.
Вака, сеа сериозно ти пишувам, не планирам тролање, заебанции и слично..
Ментализам е вид на илузионизам (магионичарство). Менталистот остава илузија на натприродни способости кај публиката. За разлика од шарлатаните како Ури Гелер и сличните на нив, професионалниот изведувач кажува дека не се работи за натприродни способности туку за трикови.
Еве ти, разгледај го Дерен Браун и неговите емисии.
Ликот кој самиот по себе е скептик, открива преваранти со тоа што ги реплицира комплетно иситите ефекти кои они ги постигнуваат само со трикови.
Самото магионичарство во кое спаѓа ментализмот бара многу тренинг, посвета, знаења од глума, шоуменство и ред други работи. Исто како и пеење, глума и други услужни дејности заслужува почит. Ти може да стоиш на тоа дека секој изведувач од ваков карактер не треба да биде сфатен сериозно, ама по таа аналогија не гледам зошто не би ги вклучил и сите останати изведувачи.
Сеа ти пробуеш да исмеваш луѓе кои со години и години работат и постигнуваат нешто, живеат професионално од тоа, а истото само по себе е форма на уметност и бара способности од различен карактер, што на пример го дели Дерен Браун или Баначек од некој си Петре од Свирипичино којшто гледа на кафе и сето тоа го тривијализираш со некои погрдни зборови и твојот репетитивен хумор.
Па чекај бе дечко, што имаш ти постигнато?
Си даваш за право да исмеваш луѓе кои работат нешто од љубов и постигнуваат ствари на тоа поле. Работи си го тоа што ти праи мерак, али поштувај други луѓе кои го прават истото. Тој „менталец“ посветил години и години за да ентертејна публика, да му го развесели секојдневниот посран ден на обичниот човек за некој серко ко тебе да дое и да плука на цел тој труд и работа, пошто нели ти си интелектуално супериорен и мора да ги исмеваш „менталците“.