Ништо не ти е јасно штом издвојуваш две реченици од цел текст.
Ако некој прозбори за религиските напаѓања врз друга религија, тој човек веднаш има омраза според вас, веднаш напади и осудување само да се застрани темата...
Ете што те научила твојата религија: да судиш за луѓето. Темата е дали една религија и еден бог или тоа не е можно!
А ти си запнал за Хептаграм XI да зборуваш, како и сите други што немаат што да кажат на темава...
Браво... и упорно ме скокаш што сакам да ти кажам...
Не посакувај ништо за другиот што не можеш да му го дадеш! Размисли дали ти си во лага и омраза потајна со тоа што не сакаш да признаеш како твојата религија не признава ниту еден друг бог! И сите се грешни според неа...
И исламот и христијанството велат немај друг бог...
Кој бог ќе ја води едната религија, едниот закон, една етика, еден систем? Кажи ми ајде, ако си размислувал на оваа тематика... како ќе исчезне едната?
Ќе ми кажете како богот во религиите разни е истиот бог?

Чекам и тоа некој да го каже!
А ти пак ќе дојдеш и ќе бладаш за Хептаграм XI... нема тој омраза кон ништо, само сака полемика, критички став, сомнеж... да се сруши догмата градена во незнаење и страв!
Не ја читаш само ти темава, ја читаат и многу други! И ќе ја читаат и ќе потикне да размислуваат... затоа пишувам... овие писанија не се за тебе, за други се, ти си алатка
Повели, чекам одговор на прашањата од твоја страна, ако ги имаш, ако не, ништо.