- Член од
- 24 април 2008
- Мислења
- 11.843
- Поени од реакции
- 14.063
По не знам кој ја промаши поентата. Не знам дали тренираш.
Да ти објаснам, поентата е дека никој не ја брани Америка, никој не ги оспорува некои работи што се постираат.
Само вие агресивно ја браните "идеологијата" на Путин која е исто лажна и лицемерна. Капиш?
Право да ти кажам, и јас сакав да те прашам дали тренираш на форумов со коментариве твои или не.
Јас лично не го бранам Путин, иако лично повеќе го почитувам од останатите лицемери на западот, бидејќи како што веќе спомнав, тие се многу повеќе лицемерни од него.
Јас не гледам каква врска има таканаречената идеологија на Путин со тоа што се случува во Украина, кога гледаме јасно дека Путин ги остави новоруските бунтовници во источна Украина на цедило, односно на милост и немилост на украинските вооружени сили.
Ти подобро го знаеш ова, бидејќи секој ден објавуваш нови мапи за напредокот на украинските вооружени сили.
Каде гледаш тука лажна идеологија ?
Во тоа што Путин сеуште не испратил војска ?
Очекуваше Путин да испрати војска за да им помогне на бунтовниците ?
Јас лично ниту очекував, ниту очекувам, бидејќи повеќе од јасно е дека западот плаче по војна, а Путин попрво би оставил невин народ да гине во Украина, отколку да им даде повод на западњаците за да вперат оружје кон него и кон Русија, па да си остварат дебел профит од продажбата на оружје и муниција, без разлика дали би победиле во војната или не.
Последно уредено:
