13 години од херојското загинување на Ѓоко Лазаревски (1971 - 2001) од Лешок

• Војник •

БОРБА ТЕ ЧЕКА!
Член од
6 април 2011
Мислења
457
Поени од реакции
1.263
Бидејќи во медиумите нема ни траг ни глас за него, решив да ја отворам темата.

На денешен ден пред точно 13 години (23.07.2001) бранејќи го неродениот син, селаните, Лешочкиот манастир и Македонија загинува ЃОКО ЛАЗАРЕВСКИ (†30, Лешок) од терористички истрел. Тој и неговите другари давале отпор со цел да обезбедат сигурен премин на соселаните во соседното Жилче.

Пред 13 години, тој го бранеше своето село од терористите на ОНА. Пред 13 години храбро војуваше за слобода на Лешок и зачувување на слободата на Македонија. Пред 13 години, Ѓоко Лазаревски го даде својот живот за неродениот син, за селаните, за Лешок, за Македонија. Незаборавен, од оние што знаат дека нема поголема доблест и нема поголема вредност од тоа да се сака ближниот и да се сака татковината повеќе од самиот себе. Токму такво е делото на херојот Ѓоко Лазаревски.

Лазаревски е еден од македонските херои на поновата историја кој со својот живот ја покажа лојалноста кон неговата татковина. Како резервист Ѓоко сам се пријавува и оди да се бори за својата татковина. Тој и четворица негови другари неколку дена активно го бранат селото од нападите. Иако добива наредба да го напушти селото, Лазаревски останува на своја одговорност, храбро соочувајќи се со нападите.

Успева да ги задржи терористите на ОНА, за да може селаните да се евакуираат и останува последен. По неколкудневната борба, Лазаревски е свесен дека повеќе неможат да го издржат притисокот и да возвратат на нападите. Тој им јавува на селаните и неговите најблиски да се евакуираат што е можно побрзо. Овој голем човек, останува храбро да се бори до крај. Погоден во главата, Ѓоко ја завршува својата битка за Македонија.

Поради неможноста да биде погребан во родниот Лешок, кој во тоа време е освоен од терористите на ОНА, вечното почивалиште на Лазаревски се наоѓа на гробиштата во Ѓорче Петров. По убиството на Ѓоко и освојувањето на Лешок терористите на ОНА ќе го срушат и Лешочкиот Манастир. Неможноста да биде погребан во своето родно село тешко ја погоди неговата мајка.

Последните зборови на Лазаревски „Не Ве остава Ѓоко Вас", оставија траен белег кај неговите другари кои и во последните моменти беа со него, кај сите кои го познаваа, но и кај оние кои се свесни за неговото херојско дело.

Многумина неговото дело го препознаваат во стиховите од поемата „Сердарот": „Бидете смели, нечесноста не ќе не плаши. Спомнете си кој ви навредувал земја и нека срцата охрабрат Ваши". Делата на Лазаревски, како и на сите останати вечно ќе се паметат.

Херојството на македонските синови и нивната жртва ќе остане засекогаш запишана во македонската историја.

Ти беше храбар човек кој во ниеден момент не се поколеба за одбрана на својата татковина. Ти си херој на оваа држава! Никогаш нема да те заборавиме! Почивај во мир и вечна ти слава!

ХЕРОИТЕ ЖИВЕАТ ВЕЧНО!
 
Последно уредено:

4NHK0

Јас сум ти батка у суштина многу флексибилен шизик
Член од
9 април 2014
Мислења
1.153
Поени од реакции
846
Нека почива во мир човекот, ама не ми е јасно за што се борел? За подобра иднина на нашиот народ? За да нема жљочки во оваа мафијашка земја каде што ако не си поврзан со криминалот, тешко ќе преживееш? За што? Оваа земја е сам да се грабнеш и да бегаш. Ако има војна за некое време, летам од тука, ако треба свесен по минско поле ќе трчам, само за да избегам од тука. Пак ќе кажам да не ме сфатите погрешно, немало зошто, едноставно немало причина да се бори. Нека почива во мир.
 
Кога е во прашањето да се чува македонскиот суверенитет и интегритет, сигурно луѓето не идат на бојно поле за да добијат бенефиции. Ти што мислиш, луѓето во 2001 се бореа за ДПМНЕ, СДСМ ли? Отидоа да ја одбранат Македонија и македонскиот народ и точка. Дали си го читал текстот? Ѓоко имал трудна жена, ја евакуирал нејзе и селаните. Што ќе беше ако качачките банди ќе ги заземаа? Нејќам ни да помислам на тоа. Добар пример е тетовското (македонско) село Брезно каде биле мачени селаните од терористите, еден селанец е дури убиен бидејќи не сакал да клекне на колена.

Секако прашањето за кого загинаа е во ред ако ќе погледаш дека терористите добија државни фотелји. Но, така цинично да одговориш на делото на Ѓоко Лазаревски ме шокира, не заслужуваш од мене одговор ама ајде. Ти со твоето мислење не си подобар од тие мафијаши. Недај боже да пукне пак, јас би ја бранел Македонија. И убеден сум дека ќе дојде времето кога Бранителите ќе се слават исто како Илинденците, но ќе трае тоа...

Македонскиот народ секогаш раѓала херои и ќе раѓа херои.

Последно уредено:

4NHK0

Јас сум ти батка у суштина многу флексибилен шизик
Член од
9 април 2014
Мислења
1.153
Поени од реакции
846
Кога е во прашањето да се чува македонскиот суверенитет и интегритет, сигурно луѓето не идат на бојно поле за да добијат бенефиции. Ти што мислиш, луѓето во 2001 се бореа за ДПМНЕ, СДСМ ли? Отидоа да ја одбранат Македонија и македонскиот народ и точка. Дали си го читал текстот? Ѓоко имал трудна жена, ја евакуирал нејзе и селаните. Што ќе беше ако качачките банди ќе ги заземаа? Нејќам ни да помислам на тоа.

Секако прашањето за кого загинаа е во ред ако ќе погледаш дека терористите добија државни фотелји. Но, така цинично да одговориш на делото на Ѓоко Лазаревски ме шокира, не заслужуваш од мене одговор ама ајде. Ти со твоето мислење не си подобар од тие мафијаши. Убеден сум дека ќе дојде времето кога Бранителите ќе се слават исто како Илинденците, но ќе трае тоа...

Македонскиот народ секогаш раѓала херои и ќе раѓа херои.

Македонскиот народ раѓа најмногу херои, а и како што Делчев кажал најмногу предавници. И не сакав да ме сфатиш погрешно, немам ништо против човекот, бидејќи знам како е татко и дедо да одат во војна додека ти си беспомошно првоодделенче и чекаш да се вратат живи. Војната е гнасна работа, ама на крај да се исплати, а во овој случај не гледам дека се исплатени животите на сите наши храбри војници.
 
Последно уредено:

Бавча

идол на младите
Член од
25 декември 2007
Мислења
11.704
Поени од реакции
11.127
Лесна му земја пред се.
Само да се родеше уште еднаш сигурно дека немаше да го повтори истото.
За овие изроди денешни.
Слава му него и на сите кои загинаа за џабе.
 
Рудници и

ООЗТ Рудници и железарница - Скопје
Член од
9 декември 2009
Мислења
12.145
Поени од реакции
18.173
Нека почива во мир човекот, ама не ми е јасно за што се борел? За подобра иднина на нашиот народ? За да нема жљочки во оваа мафијашка земја каде што ако не си поврзан со криминалот, тешко ќе преживееш? За што? Оваа земја е сам да се грабнеш и да бегаш. Ако има војна за некое време, летам од тука, ако треба свесен по минско поле ќе трчам, само за да избегам од тука. Пак ќе кажам да не ме сфатите погрешно, немало зошто, едноставно немало причина да се бори. Нека почива во мир.
Прво, за фамилијата, домот и најблиските и после за местото на живеење.За да не му ја запалат куќата борците за човекови права.Лешок е пак живо место сега, не ја доживеа ситуацијата од Арачиново и Матејче.
Настрана е муабетот колку имал поддршка и какви наредби имал (а сигурно одел против наредби во одбрана на селото).
Брука е за цели 13 години не им текна барем една улица, училиште или било каква институција да бидат со име на некој бранител, освен во Прилеп и Каменица мислам салата.А не се малку загинати.
 
Член од
15 јануари 2014
Мислења
2.706
Поени од реакции
1.619
Нека почива во мир човекот, ама не ми е јасно за што се борел? За подобра иднина на нашиот народ? За да нема жљочки во оваа мафијашка земја каде што ако не си поврзан со криминалот, тешко ќе преживееш? За што? Оваа земја е сам да се грабнеш и да бегаш. Ако има војна за некое време, летам од тука, ако треба свесен по минско поле ќе трчам, само за да избегам од тука. Пак ќе кажам да не ме сфатите погрешно, немало зошто, едноставно немало причина да се бори. Нека почива во мир.
Прво ќе ти кажам дека ти си срам за дедо ти и татко ти.

Второ ќе ти кажам дека не е земјата да се грабнеш и да бегаш,туку оние испиени мозоци што гласаат,а и многу се бара,а сите кукаат и не мрдаат со гзот за подобра Македонија,туку чекаат се државата да им направи.Сите бараат работа,кога ќе ја најдат јадат гомна за таа работа,и пак им е државата крива.

Трето,се борел за себе,се борел за неговите дома,за неродениот син,за да не му биде ебена жената и мајката,за да не му биде убиен таткото,за да не му биде запалена куќата,за да има утре каде да живее син му.Се борел за своето родно место пред се,се борел за својата Македонија.Се борел бидејќи не бил пичка и имал доблест и чест,да не ја предаде униформата.НЕ се борел за кучињата во влада и парламент.Срамота е да се зборува така за овие луѓе,кои што да не беа они,којзнае каде ќе им беше крајот на шошоните.Не ги сфаќам тие како тебе,еве замисли ситуација НИКОЈ да не отиде да ја брани државата,сите да остават пушките и да избегаат дома.Ќе го зборите истото,ќе им кажете браво момци,џабе ќе гинете за државата ?НЕ ! туку ќе јадете гомна и ќе се молите да идат на фронт за да вие спиете мирно.Размисли 3 пати пред да кажеш нешто.

И за крај,Лешок сеуште живее,и во Лешок сеуште има доминантно население Македонци.
 
Да спиеме мирно? Братче ,,браќата'' имаат повеќе права од нас и можат да убиваат и силуваат и носат и поседуваат секакви оружја. За тоа ли се бореле моите како и сите војнице, за да ми биде страв дали во автобусот ќе ми заринат нож или боксерка. И до сега да била поделена нашава драга и мила татквоина, барем како во турско, поубаво ќе се живеело. И зошто младината бега од тука? За да не остане да работи за 10 000 денари? За да се плаши да излезе од дома? За што? Еве ти наброј ми неколку причини зошто би останал некој тука.
 
Член од
31 јануари 2014
Мислења
5.169
Поени од реакции
2.272

Па да не беа бранителите како Лазаревски ќе беше бетер. Тоа е една од причините зошто се бореа во 2001. Секој живот беше битен, секое село, населба ја одредуваа позицијата на македонската страна.
 
Член од
15 јануари 2014
Мислења
2.706
Поени од реакции
1.619
Да спиеме мирно? Братче ,,браќата'' имаат повеќе права од нас и можат да убиваат и силуваат и носат и поседуваат секакви оружја. За тоа ли се бореле моите како и сите војнице, за да ми биде страв дали во автобусот ќе ми заринат нож или боксерка. И до сега да била поделена нашава драга и мила татквоина, барем како во турско, поубаво ќе се живеело. И зошто младината бега од тука? За да не остане да работи за 10 000 денари? За да се плаши да излезе од дома? За што? Еве ти наброј ми неколку причини зошто би останал некој тука.
Затоа што вечином младина чека од партија работа или од тато.Ете затоа.

И државата има своја вина бидејќи работи на принцип на книшка и врска,ама и младината има своја вина бидејќи на истото и чека.А и лакомоста си го прави своето.Нормално дека ќе работиш за 10 илјади,што кур сакаш кога немаш амбиции за повеќе ? не сфаќам,што треба,сите да бидеме министри и директори на окта,лукоил,да зимаме по 5 илјади плата ?

Неможе така.И Не се лажи дека надвор е подобро.Надвор е подобро тек после 20 години работа,или ако тато заработил надвор па и ти избегаш надвор на готово.

Знам од роднини кои,татко им пребегал за германија,јадел конзерви за кучиња,напраил пари,за таму нормални за тука огромни,им обезбедил куќа и стан,потоа синот исто работел таму,па сеа децата си ладат кур.АМА прашај го дедо им како му било.
 
Член од
17 февруари 2013
Мислења
575
Поени од реакции
481
Да спиеме мирно? Братче ,,браќата'' имаат повеќе права од нас и можат да убиваат и силуваат и носат и поседуваат секакви оружја. За тоа ли се бореле моите како и сите војнице, за да ми биде страв дали во автобусот ќе ми заринат нож или боксерка. И до сега да била поделена нашава драга и мила татквоина, барем како во турско, поубаво ќе се живеело. И зошто младината бега од тука? За да не остане да работи за 10 000 денари? За да се плаши да излезе од дома? За што? Еве ти наброј ми неколку причини зошто би останал некој тука.
Ponekogas najdobro e covek da ne komentira,kolku da se blamira.Ako ne bea branitelite so svojata hrabrost 10 pati ke bea polosi uslovite za Makedoncite.Ako si razocharan od politicharite ne znacit deka treba da si ja potcenuvash svojata zemja.Heroite na Makedonija sekogash ke bidat dostojni za pocit!
 
Член од
7 септември 2016
Мислења
20.959
Поени од реакции
36.739

...ете не случајно ми излезе на ФБ, 23 годишница од погинување на нашиот бранител значи Универзумот „ми вели“ обележи ја јавно на Кајгана форум, 23 годишницата од неговото херојско погинување.

240839-0.Basic-Lesok.jpg

...не знам дали во прашање беше овој бранител, ама многу добро памтам кога Лешовчаните ја раскажувале тажната приказна на бранителот кој останал сам да го брани селото додека селаните и семејството се евакуирале и тоа се додека не му завршила муницијата, па потоа го убиле.

...и многу добро се сеќавам дека Лешовчаните кои принудно се преселиле во Скопје, погрдно зборувале за тогашниот Министерот за одбрана во техничка влада В.Бучковски дека ветил дека ќе испрати помош само да „издржи“ некое време лешочкиот бранител, за да после тоа се попишманил и ја отповикал помошта, не знам зошто тоа никој не го спомнува во името на херојството на бранителот кој сам останал додека другите се повлекле, нека ме поправи некој ако знае поинаку!

447022984_879873547489461_6770717438516652444_n.jpg

Отворен цитат:
„...Одбележани 23 години од загинувањето на бранителот Ѓоко Лазаровски од Лешок
кој во воениот конфликт во 2001 година учествуваше во одбрана на селото како резервен полицаец.
Пред неговото спомен обележје беше отслужена панихида и подигнато македонското знаме од неговиот син.

Ѓокица Ѓоко Лазаревски (с. Лешок, Тетовско, 3 мај 1971 – с. Лешок, Тетовско, 23 јули 2001) бил македонски бранител, резервист во полиција, учесник во југословенските војни како и во воениот конфликт во Македонија во 2001 година.

...тој го бранеше своето село од припадниците на ОНА и храбро војуваше за слобода на Лешок и зачувување на слободата на Македонија. Ѓоко Лазаревски го даде својот живот за селаните, за Лешок, за Македонија.Незаборавен, од оние што знаат дека нема поголема доблест и нема поголема вредност од тоа да се сака ближниот и да се сака татковината повеќе од самиот себе.Токму такво е делото на херојот Ѓоко Лазаревски.

Лазаревски е еден од македонските херои на поновата историја кој со својот живот ја покажа лојалноста кон неговата татковина.

Како резервист Ѓоко сам се пријавува и оди да се бори за својата татковина.Тој и четворица негови другари неколку дена активно го бранат селото од нападите.

Иако добива наредба да го напушти селото, Лазаревски останува на своја одговорност , храбро соочувајќи се со нападите. Успева да ги задржи припадниците на ОНА, за да може селаните да се евакуираат и останува последен.

По неколкудневната борба, Лазаревски е свесен дека повеќе неможат да го издржат притисокот и да возвратат на нападите. Тој им јавува на селаните и неговите најблиски да се евакуираат што е можно побрзо.Овој голем човек, останува храбро да се бори до крај. Погоден во главата, Ѓоко ја завршува својата битка за Македонија.

Поради неможноста да биде погребан во родниот Лешок, кој во тоа време е освоен од припадниците на ОНА, вечното почивалиште на Лазаревски се наоѓа на гробиштата во Ѓорче Петров.По убиството на Ѓоко и освојувањето на Лешок припадниците на ОНА ќе го срушат и Лешочкиот Манастир.

IMG_0098.jpg

Неможноста да биде погребан во своето родно село тешко ја погоди неговата мајка, која и денес со солзи и болка уште еднаш запали свеќа на гробот на нејзиниот син.

Последните зборови на Лазаревски „Не Ве остава Ѓоко Вас", оставија траен белег кај неговите другари кои и во последните моменти беа со него, кај сите кои го познаваа, но и кај оние кои се свесни за неговото херојско дело.

Почивај во мир голем човеку, ти не загина залудно, ќе се сеќаваме секогаш на тебе.

Затоа Сојузот на воени инвалиди на Македонија, по повод загинувањето ќе покрене иницијатива за подигнување на спомен обележје во неговото родно место, како и покривање и уредување на неговиот гроб, а исто така и улица со неговото име.

Многумина неговото дело го препознаваат во стиховите од поемата „Сердарот", „Бидете смели, нечесноста не ќе не плаши. Спомнете си кој ви навредувал земја и нека срцата охрабрат Ваши".
Делата на Лазаревски, како и на сите останати вечно ќе се паметат. Херојството на македонските синови и нивната жртва ќе остане засекогаш запишана во македонската историја. "

Ѓокица Лазаревски посмртно е одликуван со медал за храброст од Претседателот на Р Македонија.

Затворен цитат.

:oeoeoe:

21 годишница

20 годишница

17 годишница

13 годишница

... невидена болка од прва мајка, тага на семејството, а заборавени од државата и власта, но никогаш заборавен македонски херој од втора мајка - Македонија!

Вечна слава, почивај во мир хероју!

:oeoeoe::oeoeoe::oeoeoe::oeoeoe::oeoeoe::oeoeoe:
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

На врв Bottom