Се мислев и јас да го ставам видеото
Ама си викам ај си кажа ти скоро се` од таму
Тоа ми беше и поентата. Знам дека кога зимаш куче треба да ја знаеш генералната слика, ама сакав да кажам дека ете зависат многу работи, меѓу кои голем удел игра воспитувањето. Чисто за луѓето што размислуваат да земат Ротвајлер, да видат примери
За социјализацјата, да, треба дефинитивно да се посвети повеќе внимание.
Не реков дека сите сакаат да бидат дома де
Знам дека има кучиња што се среќни надвор, ама тоа не значи да не го гледаат сопственикот. Сепак сопственикот треба да посвети време во денот и да поседи надвор, да им посвети внимание. Ловечките се посебна раса
На нив мирисот им е појак од љубовта. Ама кога не е сезона за ловење, сакаат да си седат дома со сопствениците. Јесда јас никогаш не би имала куче што не сака дома со мене да си седи
Се согласувам дека не е за почетници (иако може да се најде некој исклучок, како и кај сите правила
)
Еве некои интересни факти
1. Ротвајлерот се смета за предок на Италијанскиот Мастив кој потекнува од Римската Империја.
2. Биле користени од страна на Римската војска во овчарството и го чувале нивниот замок замокот.
3. Го добило името според едно мало градче во јужниот планински регион во Германија, наречен "Rottweil". Римската војска најчесто ги оставала кучињата таму и продолжувала со своето патување.
4. Во Rottweil овие кучиња се одгледувани за голем број на различни задачи, вклучувајќи ги, влечење колички за земјоделците, напасување на добитокот, чување на продавници, како и безбедно чување и носење пари од и до банката.
5. Месарите често ги користеле Ротвајлерите да ги заштитат своите пари, кога патувале низ град, со што тие го заработиле името „Metzgerhund“ (куче на месар)
6. Ротвајлерите речиси изумреле во Rottweil така што тие биле заменети со магариња кои ги влечеле количките наоколу.
7. Оваа раса на овчарско куче го насочувало добитокот со тоа што се навалувало на нив, што е можна причина за нивната стара навика да се навалуваат на луѓе.
8. Најраниот стандард за Ротвајлери дозволувал различни бои на крзно, вклучувајќи црвена, сина, сива и "тигарски риги“. Белите ознаки биле исто така чести.
9. Ротвајлерите бавно созреваат, и обично не се сметаат за возрасни до околу 2 години.