Падна малезиски авион во Украина.

  • Креатор на темата templar55
  • Време на започнување
Член од
8 јануари 2012
Мислења
10.274
Поени од реакции
15.396
ако можи една молба за тие што постираат текст и писма на руски или украински,да пишат и 1-2 реченици најзначајно бидејќи има луѓе на форумов кои се `труби` за овие јазици:facepalm:
 
Член од
14 ноември 2013
Мислења
7.205
Поени од реакции
22.824
^
ЕУ ака Германија нема да воведат сериозни санкции кон Русија. Би рекол дека би смениле мислење ако се случи нешто големо но тоа се случи со рушење на авионот (иако никој не знае кој го срушил). Сепак бизнис си е бизнис...

Vulnerabilities in the Plans to Sanction Russia
 
Член од
24 април 2008
Мислења
10.977
Поени од реакции
12.403
Правдата вели дека сите се невини додека не се докаже спротивното.

Во случајот со малезискиот авион кој се урна во источна Украина, главни осомничени се новоруските бунтовници и хунтата во Киев.

Русија не е на списокот на осомничени, а и да е, останува невина додека не се докаже спротивното.

Со други зборови кажано, целото небо ако сака нека падне на западните граници на Русија, се додека не се докаже дека Русија е виновна за тоа, ќе остане да важи спротивното.

А во такви околности, европските држави кои соработуваат со Русија на економски, воен и политички план, ќе продолжат со таквата соработка бидејќи не е докажано дека Русија на било каков начин им наштетила на нив.
 
Член од
24 април 2008
Мислења
10.977
Поени од реакции
12.403

Некои ликови ги снема нешто од темава... а?
Ќе се вратат кога ќе имаат нови аудио и видео снимки објавени на Интернет, како и нови текстови и признанија од злосторничките новоруски бунтовници дека го собориле авионот.
 
Последно уредено:
Член од
8 мај 2013
Мислења
11.838
Поени од реакции
36.875

Некои ликови ги снема нешто од темава... а?
Интересна прес конференција. Русите покажаа дека тајните служби работат со полна пареа но и дека активно и детално ја надгледуваат Украина, хехехе.

Доста интересни факти изнесоа иако мене лично ми е чудно што вадат слики и докази за авиони и против воздушни системи на Украина а не знаат кој го урнал авионот. Веќе кога ги имаат сите овие докази би било логично да имаат доказ и зошто паднал авионот.

Сега со црните кутии ќе треба да се реши уште една голема мистерија, а тоа е зошто авионот заскитал од зацртаниот курс. Дали украинското воздухопловство го навело да го заземе новиот курс или пилотите поради X причини се решиле на таков чекор.
 
Член од
8 јануари 2012
Мислења
10.274
Поени од реакции
15.396
Логиката кажува дека ако авионот го собориле проруските сепаратисти,западот досега живи ќе ги линчуваше.Иако вадат некои слики,снимки,информации,мислам дека е тоа премногу млака реакција ако се сигурни во тоа.

А дека двете страни знаат кој го обори авионот -знаат со сигурност
 
Член од
22 јануари 2005
Мислења
1.644
Поени од реакции
1.677
Lifenews.ru




CSI Donetsk :facepalm:

 

jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
19.505
Поени од реакции
27.325
Lifenews.ru




CSI Donetsk :facepalm:

Не ми е јасно што треба да покажат или докажат видеово и анимацијава?
Ако ова е за тебе доказ, тогаш ти имаш сериозни проблеми со поимањето на работите. Прво видеото? Кажува дека собориле некој транспортен авион, нема ни датум ни ништо. Во последните 2 месеци прорусите соборија најмалку 2 транспротни авиони. Во едниот дури имаше доста жртви. Видеово кажува вести за соборен транспортен авион и толку, ни датум, ни време.

А што е со анимацијава? Имаш проблем со видот? Ова демек треба да се остатоците од Малезискиот авион. Дај те молам ова што си го постирал во најмала рака го вреѓа трудот што го вложиле луѓето тука на дискусијата. А ја вреѓа и интелегенцијата на оние што ја следат.
 
Член од
22 јануари 2005
Мислења
1.644
Поени од реакции
1.677
Не ми е јасно што треба да покажат или докажат видеово и анимацијава?
Ако ова е за тебе доказ, тогаш ти имаш сериозни проблеми со поимањето на работите. Прво видеото? Кажува дека собориле некој транспортен авион, нема ни датум ни ништо. Во последните 2 месеци прорусите соборија најмалку 2 транспротни авиони. Во едниот дури имаше доста жртви. Видеово кажува вести за соборен транспортен авион и толку, ни датум, ни време.
Снимката што ја користат е од соборениот Боинг.

А што е со анимацијава? Имаш проблем со видот? Ова демек треба да се остатоците од Малезискиот авион. Дај те молам ова што си го постирал во најмала рака го вреѓа трудот што го вложиле луѓето тука на дискусијата. А ја вреѓа и интелегенцијата на оние што ја следат.
http://youtu.be/Px2rfWBW4wg?t=1m29s
 

Bratot

Стоик и Машкртник!
Член од
27 јануари 2007
Мислења
17.089
Поени од реакции
4.499
Во врска со сомнителните околности со телата на жртвите, се појавија доста конспиративни тврдења кои сепак вреди да се погледнат.

  • Пасошите пронајдени на местото на падот се потполно неоштетени или со изминати рокови (дупки од поништување)
  • Имињата прикажани во пасошите не се совпаѓаат со манифестот на патници од страна на Малезија Ерлајнс
  • Не се совпаѓаат бројки за националностите
  • Екстремно брзо распаѓање на телата

http://21stcenturywire.com/2014/07/21/mh17-are-pristine-and-expired-passports-a-smoking-gun-for-a-false-flag/
 

Kajgana Shop

На врв Bottom