Стварно Барса фанови, беспредметно е да не реметите на оваа тема. Ние од никогаш не сме се срамеле или сме го негирале фактот дека трошиме премногу и некогаш непотребно, колку да се покажат мускули. Али вие со вашата фабрика Ла Масиа, со вашиот mes que un club слоган, со тоа детско, невозможно, наивно размислување „еден за сите, сите за Пеп, Пеп за Бог“, од една страна ги имате факинг Нејмар и Суарез во нападот, продолжувате со трансфери на вон-каталонци а од друга страна упорно сте во филм дека уште ќе се тера ЛаМасиа-Перфектните-11-Каталонци и дека нема да бидите барем во чекор со Реал во скапите трансфери наредните години (пошто реално бидна што бидна таа златна генерација и полека но сигурно од одржување на медицински апарати кабелот се трга кај и да е). Проверете топ 8 најскапи трансфери и видете дали е само Реал во нив или некој солидно им диши во врат.