Падна малезиски авион во Украина.

  • Креатор на темата templar55
  • Време на започнување
Член од
4 февруари 2009
Мислења
7.733
Поени од реакции
7.549
Поназад некој остави видео од пресретнат разговор од страна на службите на Украина.
Сега се појави аудио снимка од воен авион кој бил активен на радио фреквенциите.
Според податоциве снимката е направена во 16:16


Не сум военоавио експерт.
Од коментариве што разбрав.Околу 21/22 секунда се слуша Зброс-што значи испали или исфрли.

Најверојатно се работи за ракета.

И ова е секако шпекулација. Да не ме протолкува некој погрешно.
Џабе, потврдено е дека авионот е погоден од САМ.
 

Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
26.638
Поени од реакции
35.498
Не се работи за тоа што би добиле или изгубиле ако срушат патнички авион затоа што НЕ ЗНАЕЛЕ дека е патнички авион...
Никој не добива ништо во ваква трагедија, ниту русите, ниту украинците, ниту американците би добиле било што.
Грешка си пријателе, токму ЗОШТО е многу поважно прашање од прашањето КОЈ И КАКО.
Кога ќе одговориш на зошто, си одговорил и на кој.

Тоа ти е како кога некој убиец со оружје ќе убие човек. Кој ќе го кривиш за убиството, убиецот или оружјето?


И тотално не си во право кога велиш дека никој ништо не добива.
Не дека целосно е се јасно, но тоа што е јасно е дека работава многу повеќе им одговара на САД. Сега Русија се на нишан на светската јавност, НАТО си добива плашило за да се оправдаат нови инвестиции во наоружување. Балонот наречен Ал Каеда е скоро па издишан, мора да има некое плашило за да се оправдаат нови и нови воени интервенции низ светот.

Со вакви психопати кои го водат светот, господ да ни е на помош на сите.[DOUBLEPOST=1405637289][/DOUBLEPOST]Во меѓувреме:
http://www.nbcwashington.com/news/local/White-House-on-Lockdown-Due-to-Unattended-Package--267551731.html
 
Член од
4 февруари 2009
Мислења
7.733
Поени од реакции
7.549
Грешка си пријателе, токму ЗОШТО е многу поважно прашање од прашањето КОЈ И КАКО.
Кога ќе одговориш на зошто, си одговорил и на кој.

Тоа ти е како кога со убиец со оружје ќе убие човек. Кој ќе го кривиш за убиството, убиецот или оружјето?


И тотално не си во право кога велиш дека никој ништо не добива.
Не дека целосно е се јасно, но тоа што е јасно е дека работава многу повеќе им одговара на Американците. Сега Русите се на нишан на светската јавност, НАТО си добива плашило за да се оправдаат нови инвестиции во наоружување. Балонот наречен Ал Каеда е скоро па издишан, мора да има некое плашило за да се оправдаат нови и нови воени интервенции низ светот.

Со вакви психопати кои го водат светот, господ да ни е на помош на сите.
НАТО нема да има воена интервенција во Украина, не се плаши.
Украинската војска досега докажа дека може да се справи со сепаратистите со минимални цивилни жртви.
Ако БУК-от е земен од украинците, а не е донесен од Русија, тогаш ни Кремљин нема за што да се грижи, не може кривицата врз нив да биде пренесена.
Ако се докаже дека сепаратистите по грешка го урнале авионот, се надевам одговорните офицери и војници за нападот ќе бидат уапсени и осудени.
 

The xx

Russia state-affiliated bot. ☑️
Член од
8 април 2013
Мислења
7.270
Поени од реакции
13.812
НАТО нема да има воена интервенција во Украина, не се плаши.
Украинската војска досега докажа дека може да се справи со сепаратистите со минимални цивилни жртви.
Ако БУК-от е земен од украинците, а не е донесен од Русија, тогаш ни Кремљин нема за што да се грижи, не може кривицата врз нив да биде пренесена.
Ако се докаже дека сепаратистите по грешка го урнале авионот, се надевам одговорните офицери и војници за нападот ќе бидат уапсени и осудени.
За ова баш и не сум најубеден.
 

мкд владе

arch-enemy
Член од
21 ноември 2009
Мислења
19.517
Поени од реакции
24.302
А зошто вакви теории не извадовте кога наводно украинците гранатирале некој руски пограничен град пред некој ден?

Зошто тогаш не напиша дека можеби русите сами си ги грантирале градот? Или ако напишеше некој - ќе го правеше будала.
Ете ти пример погоре дека русите се способни на тоа.
Незнам што другите напишале, јас не напишав ништо.
Само ти ја гледаш причината а не поводот.
Смешно е дури и да се помисли дека на Русија и требаше причина од ваков тип за да навлези во Украина. Досега имаше еден куп причини за да легално влези во Украина и тоа многу порано кога таму не се знаеше ни кој јади ни кој пија ни кој плаќа. Американците и нивните западни сојузници влегувале за многу помалце.Впрочем доволно е само да се спомене Крим кој е завземен без испукан куршум што се вели. Значи заклучок е дека ако сакаја досега Русите ке беа во Киев. Очигледно е дека не сакаат а не дека неможат. А и кој ке ги спречи. Украинците?
Едно е да се бориш против слабо опремени и неорганизирани борци а друго е против една од најмоќните армии која притоа би била дочекана како ослободител од мештаните кои исто така се Руси. Што велиш по твое колку време Украина би издржала против Руска агресија.
Значи на Русија не и треба повод за да влези во Украина уште помалце причина пошто ги има и двете во изобилство, така да од што мака би си бомбардирала свој град или село и да си обезбеди приочина. Доволно е да се повика на употреба на прекумерна сила од страна на украинските паравоени формации или на гранатирање на цивилни објекти па да влези сосем легално со цел да го заштити руското малцинство од геноцид кој таа проценила дека е неминовен. Впрочем и огромниот број на бегалци од воените зони е сосем доволна причина за да навлези на украинска територија, ако сака.
Па сега ете ти процени зошто би и било потребо на Русите сами да си гранатираат свои градови, кога од другата страна на границата и така се гранатираат градови со мнозинско руско население. Од друга страна националиситите од петни жили се обидуваат директно воено да ја вклучат Русија со надеж или ветување на некој дека тоа би резултирало со директна воена помош од западот.
Па сега собери два и два на кој му е потребно сето ова. На Русите или на Украинците( западот).
 
Член од
29 јуни 2014
Мислења
26.430
Поени од реакции
43.267
НАТО нема да има воена интервенција во Украина, не се плаши.
Украинската војска досега докажа дека може да се справи со сепаратистите со минимални цивилни жртви.
Ако БУК-от е земен од украинците, а не е донесен од Русија, тогаш ни Кремљин нема за што да се грижи, не може кривицата врз нив да биде пренесена.
Ако се докаже дека сепаратистите по грешка го урнале авионот, се надевам одговорните офицери и војници за нападот ќе бидат уапсени и осудени.
минимални цивилни жртви? Тоа што гранатираат згради низ цела новорусија е ситница, десетици цивили гинат секој ден онака ко на шала за тебе се минимални цивилни жртви?
 

Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
26.638
Поени од реакции
35.498
Па сега собери два и два на кој му е потребно сето ова. На Русите или на Украинците( западот).
Владе, Украинците и не се до толку запалени по западот. Народот никако не го сака ова што се случува... но што може да направи народот кога на власт има воена хунта и на секој чекор се гине.

Инаку еве што за целиот судир мислат мајките од западна Украина:
http://www.youtube.com/watch?v=AWi0Daf228M
(може да се пуштат англиски титлови)
 
Член од
28 октомври 2005
Мислења
8.293
Поени од реакции
1.646

Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
26.638
Поени од реакции
35.498
НАТО нема да има воена интервенција во Украина, не се плаши.
Украинската војска досега докажа дека може да се справи со сепаратистите со минимални цивилни жртви.
Ако БУК-от е земен од украинците, а не е донесен од Русија, тогаш ни Кремљин нема за што да се грижи, не може кривицата врз нив да биде пренесена.
Ако се докаже дека сепаратистите по грешка го урнале авионот, се надевам одговорните офицери и војници за нападот ќе бидат уапсени и осудени.
Бачка, не сакам да се расправам но упорно се фаќаш за ситници и детали и не го гледаш настанов во геополитчка смисла. Што се вели, од дрвата не ја гледаш шумата.

Пак ќе ти повторам, колку и да се интересни деталите, најважното е дека со овој настан САД добиваат. Логично е да се претпостави дека најсомнителен е тој што добива, нели?

Како и да е, времето ќе покаже.
 
Член од
28 октомври 2005
Мислења
8.293
Поени од реакции
1.646
Иначе видеот што се појави од страна на укринците кои снимиле разговор за паднатито авион мислам дека е монтирано, и за мене тоа отпаѓа како доказ. Сега мислам дека некоја трета страна се уфрлила диверзантски и го има ова направено.
 

мкд владе

arch-enemy
Член од
21 ноември 2009
Мислења
19.517
Поени од реакции
24.302
Владе, Украинците и не се до толку запалени по западот. Народот никако не го сака ова што се случува... но што може да направи народот кога на власт има воена хунта и на секој чекор се гине.

Инаку еве што за целиот судир мислат мајките од западна Украина:
(може да се пуштат англиски титлови)
http://www.youtube.com/watch?v=AWi0Daf228M
Незнам јас дали го сакаат или не, но гледам дека Украинскиот политички врв не смее да прдни без амин од Западот, пошто секако со нивни амин и дојдоја на власт. После гледам како западот реагира на ситуацијата и кој безусловно ги подржува сите нивни акции( нормално) и нема ниедна забелешка за нивните злосторства према цивилното население. Што би рекле имаат одврзани раце да прават што сакаат се додека им оди на штета на Русите, посебно ако со тоа ја принудат Русија директно да се вклучи во војната. Од друга страна гледам дека Русите сега засега баш и не се заинтересирани директно воено да се вмешаат и во нивни интерес е да ја смират ситуацијата а не да ја влошат. За влошување на ситуацијата ептен се заинтересирани конкретно Американците. Па сега по некоја логика секој си ја тера водата на кај својата воденица, па према тоа за сите глупости од ваков тип директно се виновни оние на кој и им и треба вакво нешто. На Русите сигурно не им треба.
 
Член од
22 јануари 2005
Мислења
1.644
Поени од реакции
1.677
Незнам што другите напишале, јас не напишав ништо.
Само ти ја гледаш причината а не поводот.
Смешно е дури и да се помисли дека на Русија и требаше причина од ваков тип за да навлези во Украина. Досега имаше еден куп причини за да легално влези во Украина и тоа многу порано кога таму не се знаеше ни кој јади ни кој пија ни кој плаќа. Американците и нивните западни сојузници влегувале за многу помалце.Впрочем доволно е само да се спомене Крим кој е завземен без испукан куршум што се вели. Значи заклучок е дека ако сакаја досега Русите ке беа во Киев. Очигледно е дека не сакаат а не дека неможат. А и кој ке ги спречи. Украинците?
Едно е да се бориш против слабо опремени и неорганизирани борци а друго е против една од најмоќните армии која притоа би била дочекана како ослободител од мештаните кои исто така се Руси. Што велиш по твое колку време Украина би издржала против Руска агресија.
Значи на Русија не и треба повод за да влези во Украина уште помалце причина пошто ги има и двете во изобилство, така да од што мака би си бомбардирала свој град или село и да си обезбеди приочина. Доволно е да се повика на употреба на прекумерна сила од страна на украинските паравоени формации или на гранатирање на цивилни објекти па да влези сосем легално со цел да го заштити руското малцинство од геноцид кој таа проценила дека е неминовен. Впрочем и огромниот број на бегалци од воените зони е сосем доволна причина за да навлези на украинска територија, ако сака.
Па сега ете ти процени зошто би и било потребо на Русите сами да си гранатираат свои градови, кога од другата страна на границата и така се гранатираат градови со мнозинско руско население. Од друга страна националиситите од петни жили се обидуваат директно воено да ја вклучат Русија со надеж или ветување на некој дека тоа би резултирало со директна воена помош од западот.
Па сега собери два и два на кој му е потребно сето ова. На Русите или на Украинците( западот).
Поентата ми беше дека за вакви теории извадени од џеб, може секој да шпекулира. Ама некако ми е симптиматично што секогаш кога украинците ќе направат некое срање, одма се убацувате - тие се нацисти, човекојадци, 100% се криви итн. Кога русите ќе направат некое срање - ова е масло на украинците, false flag операција на западот...

За теоријата што погоре ја дискутираш, имаш една грешка. Ги сметаш русите како една целина. Не се. Поделени се и тие. Еве кој што следи руски медиуми и блогови - дупли екс или некој друг нека ти каже.
И кај нив има дел што сметаат дека Русија не треба или не може воено да интервенира. Има и дел што сметаат дека Русија треба да изведе нешто како на Крим. Исто има и некои што сметаат дека Русија отворено треба да влезе со војска во Украина и дека сите што не се согласуваат се предавници.

Стрелков со месеци изјавува дека ако Русија не интервенира одбројани му се деновите.

Што ако на Стрелков не му пукнал филмот и да си рече - ние овде гинеме како глувци, а некој во Москва си игра политика.
Еве на тие што се против интервенција ќе им дадеме повод.

И не сакам дополнително да ја дискутираме теоријава - ќе влеземе во зона на непознато и претпоставки.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom