Не дека сум шетан многу многу, ама од тоа што сум бил, Бугарија, Црна Гора, и Албанија на море Охрид и не ни е баш така лошо среден.
Не е баш така диво, и се расфрлано на секој чекор. Лесковачки, тезги насекаде и дупло поголем хаос е буквално во секое туристичко место. Секој туристички центар е таков, тоа е и шмекот на едно туристичко место. Неможе туристичко место да биде така средено, кај да ги носиме лесковачките на автобуска да ги ставиме? Што треба да има низ центарот? Ништо само бекатонски плочки покрај кејот и луѓето да си шетаат горе долу, без ништо ни да видат ни да купат? Неможе така, е тоа нема да личи на ништо.
Гужви, тезги, разни реквизити, лесковачки, меани ресторани со жива музика, дискотеки..... Тоа е тоа што се бара. И тоа не треба да биде средено, такви работи треба да има секаде.
Што се однесува за туристите во Охрид, точно Македонците не доаѓаат како што доаѓаа порано од едноставна причина. Немањето пари, порано се одеше 7 дена на Море 20 дена во Охрид. Нема народот пари за такво нешто веќе, и голем дел од нив се одлучуваат на 7 дена на море. Што е и прифатливо, ефтино па дури и некој работи и далеку поефтини од Охрид.
Тоа нас ни е јасно на сите како бел ден, но тоа не е до нас Охриѓани, ние тоа неможеме а го промениме. Охрид не е море и да има сезона од 6 месеци. Тука фулл сезона е неполн месец, за тој неполн месец ако издаваме кревет за 200 денари ние ќе бидиме во огромна загуба, не е се така лесно како што изгледа.... не е битно...
Македонецот треба да свати веќе еднаш, колку што е мое езерото, толку е и твое, убавината е наша ЗАЕДНИЧКА а не е тоа само за нас, Охриѓани.
Ич не ни збори за овие, да не ја носиме темава во такви компарации. Репер Бугарија и Албанија
Ресторани во Охрид по кеј со жива музика има колку ти душа сака. Што има сега под дрвоно да вреска на сајз некој за едно пиво или крофни да смрдат на секој чекор. Ама нема потреба од тоа. Како прво и прво санитарни услови немаат тоа да го прават. Си има ресторани, си има сендвичи, од рестораните имаат извадено скара надвор доволно е. Е неможе цел Охрид да е послан со скари па тоа па на што личи.
Тезгите исто така неможе кај ќе ти текне да ги ставиш. Треба да ги стават горе кај чинарот и така е таму празен простор и помала раздвиженост. Низ чаршија треба да си седат оние луѓе кои кирија и трошоци подмируваат цела година. Неможе од еднава страна продава сувенири цела година, плаќа даноци, вработува лица, кирии и во лето кога е ек на сезона карши него на тезга да се поставиш со закуп од 1000 денари и бизнис да правиш со знаменца. Тоа ми е муабетот.
Исто неможе на Канео влез да наплаќаш, тоа е блиску до лудило. Али и поповите млатат пари неверојатно.
Делон Пештани, Елешец ко заборавени од времето да се. Дали една нова канта за ѓубре имаат вложено таму? А тие треба да се први за сместување. Тоа купови ѓубре на улица. Па мајка му стара има и затворени контејнери стави им саат кога смее да изнесе ѓубре, неможе македонската вечно мене кога ќе ми е кеиф тогаш, чим така нека ти смрди дома.
Целиот тој пат треба целосно да се затвори, не само што е опасен по живот колку само млади загинаа на таа делница до Свети Наум, туку и само за велосипеди пак би бил тесен. А камоли автобуси што минат. Нека си најдат алтернатива нека направат пат, Хрватине цела земја во тунели ја прекопаа.
А кај нас најава Субрата рој. Боже боже.
Милион точки има кои треба да се средат, али само желба и пари требаат. Охрид административно е заглавен. 10 години спор за Палас, па кај го има тоа. Имаат само еден месец за туризам, ако се погоди ко годинава ладно и тој го немаат. Мора да се менува и на Србите им здосади и тие не идат како што идеа. Плус пола Македонија си купи стан благодарение на градежната мафија која го унакази Охрид.
Силата на туризмот е во домашните туристи. Холанѓаните со 300 евра имаат полн пансион и лет, тоа се претежно стари лица тие 50 евра е прашање дали трошат во Охрид. Од нив нема пари. Али домашните не идат повеќе. А и самите охриѓани си имаат удел во тоа. Кога охриѓани правеа кампања на времето ак не ти чини не идајте (кога за место во сезона буквално имаше тепачка) никој ништо не збореше. Сега кога се виде дека стварно Охрид нема ни т од туристи друга песна се пее зш правите антикампања. Па антикампања ко прво владана со спотови од ваши џебови направи лани. Што останува за обична раја. Мора да се менува и секоја година истиот муабет и еве 10та година ништо не се смени. И следната ќе биде уште полоша од оваа.
И секако Охрид е наш. И имаме право да критикуваме. Впрочем нема народ кој не си ја критикува својата земја, германцине цел ден кукаат од нивен систем, па што останува за нас. Али сигурна сум дека ништо не е злонамерно, кој не сака Охрид да е полн туристи.