Не знам како ФФМ се криви во случајов, според мене ова со стадиониве е една од нивните најдобри одлуки. Доста беше прволигашки екипи да играат на ниви, без чисти соблекувални со тушеви и топла вода, со треви и грмушки на трибините. Од негде мора да се тргне, сега е редот на државата, општините, да почнат со средување на стадионите. Инфраструктурата мора да се подобри!
Криви се ФФМ, зошто за подобрување на инфраструктурата им текна во 21.век, во 2014 година. Криви се ФФМ, зошто ваква одлука донесуваат на месец дена пред почеток на првенство.
Ова ФФМ требаше да го објави претходната сезона, а да стапи на сила оваа сезона. Или пак ако сега им текнало, ова да важи за од почетокот на наредната сезона.
Како тоа ќе успеат клубовите/општините да ги средат стадионите за еден месец?
Немој само да речете дека ФФМ со оваа одлука мисли само за добро на фудбалот. ФФМ си гледа и своја корист од се ова. Ете, игралиштата што ги направија кај куќата на фудбалот ќе бидат рентани на клубовите кои немаат услови за настап во ПМФЛ.
Тоа е главната причина зошто ФФМ донесе ваква одлука, на месец дена пред почеток на првенството.
Багра лоповска, како е и се останато у државава.