- Член од
- 12 февруари 2014
- Мислења
- 7.906
- Поени од реакции
- 25.255
Не се сите жени створени за да бидат мајки, исто како што не се сите луѓе створени за моногамни врски(знам дека ми е глупа споредбата, ќе објаснам што имаат заедничко овие две појави). Многу често, луѓето кои спаѓаат во овие групи се жртви на притисокот причинет од општеството и/или фамилијата, па како резултат на тоа имаме лоши родители, разводи итн.
Седни ја девојка ти на отворен разговор. Кажи ѝ што очекуваш во животот и заеднички дојдете до решение и план за што понатаму. Не ја условувај и не ѝ врши притисок!Ај за оваа работа некоја дума...не е тинејџерска работа малку е посериозна.
Одам со една девојка 2 години. Добро ни одат работите имаме супер врска- секс супер нема расправии си одговараме во поприлично доста работи. Разговараме отворено за многу работи и речиси секогаш се наоѓа задоволително и прифатливо решение за двајцата.
Е сега почнавме да живеме заедно некој месец и добро ни е.
Значи што е проблемот. Јас сакам да имам деца а таа несака. Барем така се изразува во последно време прво викаше дека не сака тогаш на почеток ("покасно може" нејзини зборови) кога почнавме да идеме што е и нормално и во ред. А сега вика дека воопшто дека не сака. Мојот став беше јасен и кажан отворено од сам почеток јас сакам. И викам ај ОК јасно ми нека почекам стварно е почеток и нетреба да форсирам и никогаш не сум ја форсирал и непланирам да го правам тоа...но имав надеж дека нешто понатаму ќе биде или барем таа ми даваше надеж. Сега некако повеќе е јасна од порано дека не сака и не си го замислува живото така. Значи има неколку опции
1. Да и речам чао и да си најдам друга (не сакам зошто ми е добро со неа минус ова)
2. Да почекам уште некоја година може ќе се премисли самата (може ќе се премисли а може и не)
3. Да се откажам тотално од планот и да одам по нејзино (ќе ми биде криво и нема да ми е се едно)
4. Да бидам по енергичен и да ја предомислам или да и дадам ултиматим. (може ќе успее а може и не и ќе се караме и нема да ни биде најдобро па и да раскинеме)
5. Или некоја комбинација од горниве.
Стратегијата компромис за оваа работа изгледа нема да функционира овој пат за разлика од најчесто...барем така ми изгледа во последно време.
П.С. Нема никаква физичка и социјална причина да не сака освен нејзиниот поглед кон животот и одбивност кон бременост и деца.