Љубовни проблеми? Потребен ти е совет? Обрати се тука!

Член од
12 февруари 2014
Мислења
7.907
Поени од реакции
25.258
Не се сите жени створени за да бидат мајки, исто како што не се сите луѓе створени за моногамни врски(знам дека ми е глупа споредбата, ќе објаснам што имаат заедничко овие две појави). Многу често, луѓето кои спаѓаат во овие групи се жртви на притисокот причинет од општеството и/или фамилијата, па како резултат на тоа имаме лоши родители, разводи итн.

Ај за оваа работа некоја дума...не е тинејџерска работа малку е посериозна.
Одам со една девојка 2 години. Добро ни одат работите имаме супер врска- секс супер нема расправии си одговараме во поприлично доста работи. Разговараме отворено за многу работи и речиси секогаш се наоѓа задоволително и прифатливо решение за двајцата.
Е сега почнавме да живеме заедно некој месец и добро ни е.
Значи што е проблемот. Јас сакам да имам деца а таа несака. Барем така се изразува во последно време прво викаше дека не сака тогаш на почеток ("покасно може" нејзини зборови) кога почнавме да идеме што е и нормално и во ред. А сега вика дека воопшто дека не сака. Мојот став беше јасен и кажан отворено од сам почеток јас сакам. И викам ај ОК јасно ми нека почекам стварно е почеток и нетреба да форсирам и никогаш не сум ја форсирал и непланирам да го правам тоа...но имав надеж дека нешто понатаму ќе биде или барем таа ми даваше надеж. Сега некако повеќе е јасна од порано дека не сака и не си го замислува живото така. Значи има неколку опции
1. Да и речам чао и да си најдам друга (не сакам зошто ми е добро со неа минус ова)
2. Да почекам уште некоја година може ќе се премисли самата (може ќе се премисли а може и не)
3. Да се откажам тотално од планот и да одам по нејзино (ќе ми биде криво и нема да ми е се едно)
4. Да бидам по енергичен и да ја предомислам или да и дадам ултиматим. (може ќе успее а може и не и ќе се караме и нема да ни биде најдобро па и да раскинеме)
5. Или некоја комбинација од горниве.
Стратегијата компромис за оваа работа изгледа нема да функционира овој пат за разлика од најчесто...барем така ми изгледа во последно време.
П.С. Нема никаква физичка и социјална причина да не сака освен нејзиниот поглед кон животот и одбивност кон бременост и деца.
Седни ја девојка ти на отворен разговор. Кажи ѝ што очекуваш во животот и заеднички дојдете до решение и план за што понатаму. Не ја условувај и не ѝ врши притисок!
 
RickyLFC9

Модератор
Член од
28 март 2012
Мислења
19.565
Поени од реакции
41.148

This.

Да дополнам, не е секој човек створен за да биде родител. Кога човекот ќе се осеќа така, дека е спремен за тоа, тогаш се прави. Дури и да ја убедиш, може да има тоа лоши последици од друг карактер. Затоа нема форсирање. Дај и до знаење дека тебе ти е целта, и избери дали сакаш евентуално да чекаш да се премисли (без да ја убедуваш), или ако не можеш да живееш со тоа, мора да се разделите, тоа е тоа.
 
Член од
1 декември 2011
Мислења
2.680
Поени од реакции
3.053
Boooo ej deca da ne saka...
Ne znam stvarno... Kako tolku seriozna vrska a nemate isto glediste za vakva bitna stvar? Toa ne mi e jasno...
Da ne drndame nie tuka, na forum za ova sovet ne se bara.
Mene ako me prasas ke te navredam i tebe i devojka ti, na drugive im e skroz ok i normalno, taka da najubavo sam da si resis, bez sugestii od stranci ili pa bliski.
 
Крусер

Тотем Пума
Член од
4 јули 2008
Мислења
3.556
Поени од реакции
1.612
Ај за оваа работа некоја дума...не е тинејџерска работа малку е посериозна.
Одам со една девојка 2 години. Добро ни одат работите имаме супер врска- секс супер нема расправии си одговараме во поприлично доста работи. Разговараме отворено за многу работи и речиси секогаш се наоѓа задоволително и прифатливо решение за двајцата.
Е сега почнавме да живеме заедно некој месец и добро ни е.
Значи што е проблемот. Јас сакам да имам деца а таа несака. Барем така се изразува во последно време прво викаше дека не сака тогаш на почеток ("покасно може" нејзини зборови) кога почнавме да идеме што е и нормално и во ред. А сега вика дека воопшто дека не сака. Мојот став беше јасен и кажан отворено од сам почеток јас сакам. И викам ај ОК јасно ми нека почекам стварно е почеток и нетреба да форсирам и никогаш не сум ја форсирал и непланирам да го правам тоа...но имав надеж дека нешто понатаму ќе биде или барем таа ми даваше надеж. Сега некако повеќе е јасна од порано дека не сака и не си го замислува живото така. Значи има неколку опции
1. Да и речам чао и да си најдам друга (не сакам зошто ми е добро со неа минус ова)
2. Да почекам уште некоја година може ќе се премисли самата (може ќе се премисли а може и не)
3. Да се откажам тотално од планот и да одам по нејзино (ќе ми биде криво и нема да ми е се едно)
4. Да бидам по енергичен и да ја предомислам или да и дадам ултиматим. (може ќе успее а може и не и ќе се караме и нема да ни биде најдобро па и да раскинеме)
5. Или некоја комбинација од горниве.
Стратегијата компромис за оваа работа изгледа нема да функционира овој пат за разлика од најчесто...барем така ми изгледа во последно време.
П.С. Нема никаква физичка и социјална причина да не сака освен нејзиниот поглед кон животот и одбивност кон бременост и деца.
Кажи ѝ дека ти ќе правиш дете со друга жена, а со неа ќе живееш. А со другата жена ќе бидеш како разведен и детето ќе си го гледаш во твое време. Или, кажи дека ќе посвоиш дете, за коешто ќе обезбедиш самиот услови (треба да поработиш повеќе на тоа, најверојатно, бидејќи ќе мора самиот да го правиш).

А ако таа живее со тебе, ќе мора и таа да го гледа, бидејќи ќе биде твое и таа ќе го сака, бидејќи те сака тебе. И почни тоа да го спроведуваш.

После тоа или таа ќе ти раскине или ќе засака деца. И нема да има потреба од никакви ултиматуми или тешки муабети, а ситуацијата ќе се разреши.

Со лесно.
 
Член од
24 февруари 2012
Мислења
1.012
Поени од реакции
2.154
а она знае како ти се чувствуваш? си и кажал отворено дека тебе ќе ти е многу мака да немаш деца? мора отворено да се прави муабет, ултиматум не верувам дека ќе постигне нешто, освен контраефект. кажи и дека твоето незадоволство низ годините можно е да расте и да се претвара во честа причина за кавга...ако она така решила а ти сакаш деца....имаш два избора, или да ја оставиш или да бидеш неисполнет цел живот, во секој случај не е лесно :(

себично е точно...ама и он си има желбичка бе саншајн, си сака дечиња. ако и она строго вика нема шанси деца ја да иам...нели е тоа исто себично, зашто она не ја почитува неговата желба? неубава ситуација :(
И јас имам желба, да се качам на месечината ама нема. Едноставно морам да се помирам со тоа :) Сите имаме желби ама ако не сака не може на сила, зарем поубаво би било да роди бебе а да не се грижи за него полна со желба? Не помисливте ли на тоа? Некогаш, за некои работи се потребни двајца. Нека почека барем година време а потоа нека реши дали ќе и раскине или не.
 
коцка

Curiouser and curiouser!
Член од
12 јули 2005
Мислења
7.171
Поени од реакции
13.781

мислам дека скроз погрешно ме сфати, со сила убавина не бидува. само како што неговото го класифицираме за себично, јас исто така и изборот на девојката го гледам за себичен. кога веќе се двајца, мора да има компромис. ако нема...боље да нема врска :( и сто години да чека...како што реков, со сила убавина не бидува.

него викаш сакаш на месечината ама нема, и ќе се помириш со тоа. во случајов, таа неќе деца, тој сака деца...кој треба да се помири со што?
 
Kaiser

Hidden Fortress
Член од
6 мај 2011
Мислења
3.202
Поени од реакции
2.443
Ај за оваа работа некоја дума...не е тинејџерска работа малку е посериозна.
Одам со една девојка 2 години. Добро ни одат работите имаме супер врска- секс супер нема расправии си одговараме во поприлично доста работи. Разговараме отворено за многу работи и речиси секогаш се наоѓа задоволително и прифатливо решение за двајцата.
Е сега почнавме да живеме заедно некој месец и добро ни е.
Значи што е проблемот. Јас сакам да имам деца а таа несака. Барем така се изразува во последно време прво викаше дека не сака тогаш на почеток ("покасно може" нејзини зборови) кога почнавме да идеме што е и нормално и во ред. А сега вика дека воопшто дека не сака. Мојот став беше јасен и кажан отворено од сам почеток јас сакам. И викам ај ОК јасно ми нека почекам стварно е почеток и нетреба да форсирам и никогаш не сум ја форсирал и непланирам да го правам тоа...но имав надеж дека нешто понатаму ќе биде или барем таа ми даваше надеж. Сега некако повеќе е јасна од порано дека не сака и не си го замислува живото така. Значи има неколку опции
1. Да и речам чао и да си најдам друга (не сакам зошто ми е добро со неа минус ова)
2. Да почекам уште некоја година може ќе се премисли самата (може ќе се премисли а може и не)
3. Да се откажам тотално од планот и да одам по нејзино (ќе ми биде криво и нема да ми е се едно)
4. Да бидам по енергичен и да ја предомислам или да и дадам ултиматим. (може ќе успее а може и не и ќе се караме и нема да ни биде најдобро па и да раскинеме)
5. Или некоја комбинација од горниве.
Стратегијата компромис за оваа работа изгледа нема да функционира овој пат за разлика од најчесто...барем така ми изгледа во последно време.
П.С. Нема никаква физичка и социјална причина да не сака освен нејзиниот поглед кон животот и одбивност кон бременост и деца.
Тек еден месец живеете заедно, малку е. Почекај барем 6 месеци заеднички живот пред да и ја спомнеш повторно темата, има (реална) можност да се премисли во меѓувреме.

Ако и покрај сѐ не се премисли тогаш ќе бараш решенија, сега ти е и тебе прерано било што да одлучуваш.
 
Член од
24 февруари 2012
Мислења
1.012
Поени од реакции
2.154
мислам дека скроз погрешно ме сфати, со сила убавина не бидува. само како што неговото го класифицираме за себично, јас исто така и изборот на девојката го гледам за себичен. кога веќе се двајца, мора да има компромис. ако нема...боље да нема врска :( и сто години да чека...како што реков, со сила убавина не бидува.

него викаш сакаш на месечината ама нема, и ќе се помириш со тоа. во случајов, таа неќе деца, тој сака деца...кој треба да се помири со што?
Сакам да кажам дека мора да се помири тој затоа што не сака таа деца моменталнo, може за некоја година ќе се промени сето тоа, не знаеме, ама не мора моментално да ја тера ако не сака. Вистина е дека и таа е себична.. Ако толку сака деца, после една година ако нема промени нека го направи она што го наумил. Сите сакаме многу работи кои не можаат сега да ни бидат исполнети. А можеби има и причина, силна причина зошто не сака да има деца. Да се разбереме не ја оправдувам девојката. Нека помине време, и еден месец заедно живеат.. Време нека покаже. Кажав претходно, знам случај во блиска фамилија, не сакаше дете и на крајот забремени. Убаво паметам тоа што ми кажа. Само трпение, барем некој период.
 
коцка

Curiouser and curiouser!
Член од
12 јули 2005
Мислења
7.171
Поени од реакции
13.781
Сакам да кажам дека мора да се помири тој затоа што не сака таа деца моменталнo, може за некоја година ќе се промени сето тоа, не знаеме, ама не мора моментално да ја тера ако не сака. Вистина е дека и таа е себична.. Ако толку сака деца, после една година ако нема промени нека го направи она што го наумил. Сите сакаме многу работи кои не можаат сега да ни бидат исполнети. А можеби има и причина, силна причина зошто не сака да има деца. Да се разбереме не ја оправдувам девојката. Нека помине време, и еден месец заедно живеат.. Време нека покаже. Кажав претходно, знам случај во блиска фамилија, не сакаше дете и на крајот забремени. Убаво паметам тоа што ми кажа. Само трпение, барем некој период.
заедно живеат еден месец, не дека се знаат еден месец. јас мислам дека подолгото живеење заедно нема да смени ништо, доколку таа решила да нема деца. никаде не вика дека таа моментално не сака деца, туку дека таа...не се гледа како мајка. доколку како што кажа дечкото и биолошкиот часовник отчукува, доволно се возрасни за да знаат што сакаат во животот. да чека, па после некое време да му се дуплира разочарувањето....ја би ја седнала одма пред мене и би и кажала се. јас сакам деца, ти неќеш. ќе останеме заедно и ќе посвојме, ќе останеме заедно без деца и ја ќе бидам несреќен до крајот на животот и потсвесно ќе те обвинувам тебе или ќе те натерам со сила да затрудниш и ќе живееш ти можда несреќна до крајот на живото потсвесно обвинувајќи ме мене...во секој случај муабет директен за конкретно решение
 
Natural-girl

Morphine
Член од
16 октомври 2007
Мислења
3.462
Поени од реакции
5.246
И јас имам желба, да се качам на месечината ама нема. Едноставно морам да се помирам со тоа :) Сите имаме желби ама ако не сака не може на сила, зарем поубаво би било да роди бебе а да не се грижи за него полна со желба? Не помисливте ли на тоа? Некогаш, за некои работи се потребни двајца. Нека почека барем година време а потоа нека реши дали ќе и раскине или не.
МНОГУ лош муабет правиш девојче, МНОГУ несоодветни корелации.

Значи едно е некој да сака нешто што е природно и нормално и секојдневно, а друго е некој да сака да се качи на вселената или такво нешто.

Во било која врска (и пријателска и љубовна) во која си вложувал, евентуално по неколку години сфаќаш дека си "изигран" и дека ти се "потрошени годините", а најлошата верзија на истото е ако ти каже дека не сака да градите заедничко семејство.
 
Член од
5 февруари 2007
Мислења
10.707
Поени од реакции
13.379
При вакви клучни избори треба или џа или бу да биде. Со таа разлика оноа Бу да биде детално и тековно со време, за да не испадне после „ебење“ нема каење.
Донекаде Натурал добро кажа да се даде време за размисла. Но тука игра и прашањето „што ако размислата вроди само моментална слика на работите“. Затоа што за ваквиот проблем не треба воопшто да се гледа моменталната слика, туку барем 2 чекори понапред. There is a new life at stake.
Моето гледиште на проблемов е дека не треба да се игра толкав ризик за тоа дали она ќе го прифати детето ОТКАКО ќе го роди, како и давањето на фора за размисла од одредено време, затоа што тука постои ниво на присилување а не на оноа што би се нарекло пост фестум желба.
Дека е комплициран проблемот - е. Решение некое немам освен да оставам работите сами да се одвиваат со желба да се смени работата кон твојата цел. И дефинитивно би си дал повеќе себе си фора на одредено време дали самата таа би посакала да има дете, никако да ја напнувам нон стоп на таа тема. Ако ги согледува работите на подобро, пеки. Ако не, раскин.
И совет за убудуќе кога влагаш веќе у сериозна врска која се крунисува со поколение, секогаш, ама секогаш гледај два чекори понапред околу ова. Ако навистина ви оди добро во првите 2 месеци, анализирај прво оноа кон што ти целиш да биде во врската; дали сака да има деца. Пошто денес меѓупросторот од позрела врска склопена на 25 години и брак е многу мал и отприлике во 6тиот месец се знае главно што се сака од партнерот. Ако врската трае подолго со желба партнерот да смени некое од своите клучни гледишта, се останува разочаран и most likely е истиот тој брак подоцна да заврши со развод.
 
Член од
24 февруари 2012
Мислења
1.012
Поени од реакции
2.154
МНОГУ лош муабет правиш девојче, МНОГУ несоодветни корелации.

Значи едно е некој да сака нешто што е природно и нормално и секојдневно, а друго е некој да сака да се качи на вселената или такво нешто.

Во било која врска (и пријателска и љубовна) во која си вложувал, евентуално по неколку години сфаќаш дека си "изигран" и дека ти се "потрошени годините", а најлошата верзија на истото е ако ти каже дека не сака да градите заедничко семејство.
Ама решението не е давање ултиматуми : Aко не ми родиш дете ќе те оставам. Туку да почека и да види како ќе течат разговорите. Како би одела ситуацијата понатаму. Зошто брзање? Што ако му роди дете сега а не го гледа со желба?

Некој спомна погоре разговор и да дискутираат отворено за тоа прашање. Која е причината зошто не сака да има дете, зошто не се гледа како родител. А не да избрзува и да поставува ултиматум кое не е моментално најдобро решение.
Реков дека не ја оправдувам нејзе воопшто ама ниту него не го оправдувам со тоа што ја брза девојката да му роди дете која очигледно и не е подготвена.
Како ти би се поставила на тој проблем да си на местото на девојката? Би ја прифатила неговата желба или ќе си стоиш на своето?
Сака да има деца, во ред... таа сега не сака, во иднина можеби сето тоа ќе се промени. Само нека и даде време, плус тој требало од порано да знае каков став имала таа за тоа прашање.

Знам дека не се сложувате со моето мислење ама кога веќе сака дете а мисли дека ултиматумот му е единствен излез ондак нека направи како што мисли дека е најдобро.
Придодно е да се сака фамилија, деца ама како реков претходно за некои работи се потребни двајца а не само еден.
Повреден е нормално, но мислам дека како што рековме претходно, нека и даде фора една година, ако не може толку барем шест месеци. Ако се уште е исто тогаш...како мисли така нека постапи.
 
и давање на време за да размисли/предомисли е еден вид на ултиматум ;)
 
Член од
5 февруари 2007
Мислења
10.707
Поени од реакции
13.379
и давање на време за да размисли/предомисли е еден вид на ултиматум ;)
... кој не само што е ист со погорниот, туку и чини време. Затоа ваквиве работи се согледуваат 2 чекора испред. За да после не биде многу тешко.
 
Natural-girl

Morphine
Член од
16 октомври 2007
Мислења
3.462
Поени од реакции
5.246
Одам со една девојка 2 години.
Е сега почнавме да живеме заедно некој месец и добро ни е.
Прво викаше дека не сака тогаш на почеток ("покасно може" нејзини зборови) кога почнавме да идеме што е и нормално и во ред. А сега вика дека воопшто дека не сака. Мојот став беше јасен и кажан отворено од сам почеток јас сакам. И викам ај ОК јасно ми нека почекам стварно е почеток и нетреба да форсирам и никогаш не сум ја форсирал и непланирам да го правам тоа...но имав надеж дека нешто понатаму ќе биде или барем таа ми даваше надеж. Сега некако повеќе е јасна од порано дека не сака и не си го замислува живото така.
@Саншајн.
Меѓу (читање на одреден текст и негово разбирање) и (читање на одреден текст и замешување со фантазии/мемории/искуства извадени од својата глава) постои голема разлика.
Еве ти ги извадив главните реченици од овој текст, препрочитај.
Мислам дека ова е клучниот проблем на темава па и другите теми, секој чита онака како што му одговара. И тоа е во ред, се` додека не почне да дели совети и да цитира други членови.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom