Законот на Телема

  • Креатор на темата Креатор на темата Divider
  • Време на започнување Време на започнување
И сконта ли барем кој ја напишал и на кој начин?:)
Многу ми е гајле кој е авторот, јас се позанимавав со соодржината на книгата. А авторот ја пишувал во Египет, и знам дека има многу симболика, симболи, математика како и алегории и чудни имиња кои никогаш нема да ги запаметам.:)

П.С. Сконтав малку повеќе од тоа што ме праша. :)
Се' мислам дека сигурно ќе има проблеми @Dumbledore со таа информација, како и многумина пред него :) Ќе видиме...
Ти имаш проблеми со таа информација... колку што се сеќавам од твоите допишувања тука... можеби грешам, не знам.
Се читаме после фудбалот со тебе, со некое ново прашње ;)

Но реков: Законот мислам дека дава повеќе и повеќе како што напредува индивидуата и човештвото по својот пат... не може веднаш да сфатиш се, бидејќи немаш искуство. Со старото знаење за симболите не може да се изгради новиот човек нели...

П.С. Се надевам ќе одмине поставувањето на прашања како од минатото во врска со Аиваз, Aiwass и сомневање во неговото постоење во било која форма :)
П.П.С. Во линкот од претходно кој што е извадок од воведот поместен во „Книгата на Законот“ има информации и за диктирањето на Законот. Сигурно е прочитано тоа, нели?
Подетално може да се прочита во „Еквинокс на Боговите“ или The Equinox , Vol.III,No.3
Ок. И тоа беше табу тема, и чим е табу нема да ја чепкам. :)
А смеете ли да одговатате на прашања во врска со неразбирањето на некој стих? :)
 
А смеете ли да одговатате на прашања во врска со неразбирањето на некој стих? :)
Поентата е секој сам да ги разбере тие стихови на свој начин, или подобро кажано секој да ја препознае сопствената претстава за божественото во симболиката на тој текст. Толкувањето раѓа догми, а догмите се уништувач на Вистината.
 
Поентата е секој сам да ги разбере тие стихови на свој начин, или подобро кажано секој да ја препознае соипствената претстава за божественото во симболиката на тој текст. Толкувањето раѓа догми, а догмите се уништувач на Вистината.
Јас кога реков дека Нуит би било замена за жена, Хепта рече дека не е така (и не беше така т.е. Хепта беше во право) што значи дека на некој начин или ми потпомогна во разбирањето или ми ја уништи мојата логичка слика формирана при читањето на оваа книга.:)

Него како ќе ја разберам ако писателот бил италијанец, пример? Симболиката беше на латиница, а јас немам никави познавања кон тој јазик. Ова прашање е општо за сите, ако немаш познавања кон одреден јазик, колку и да ги извртуваш зборовите тие за тебе ќе немаат никаква логика. Па и да е на англиски (Круоли пример), кој го владее јазикот 100%?, ретко кој......:)
Јас се би сведол на тоа искуство, добрите познавања на јазикот, како и тоа да имаш добар клиќер. Брзото размислување и логиката се 2 нешта кои мора да ги има секој кој ќе сака да започне со тумачење на ваквите книги (а не се само вашите, има многу други, затоа зборам општо во вториов дел) :)
 
А смеете ли да одговатате на прашања во врска со неразбирањето на некој стих? :)
Јас смеам - ама јас нема да ти понудам апсолутна вистина во врска со било кој стих... залудно ќе се заморуваме и двајцата :)

Ниту Кроули не дал апсолутна вистина со коментарите на секој стих(ако ме прашуваш мене), но доволно добро ги објаснил за да бидат блиски до човекот, дури и до оној што нема никакви допирни точки со било какви тајни учења... Целта било да се покаже дека дури и селанецот што го ора полето има иста шанса за иницијација како и кралот или некој барон !!!
Се зависи од самата Ѕвезда што го оди својот пат..

Во многу наши книги се цитира „Книгата на Законот“ во различни контексти и се дава поголемо светло во врска со одредени стихови и што би можеле да значат истите... Разбирањето зависи од индивидуата и нејзиниот универзум !

Мора да се запознае човек со јазикот(хиероглифите на системот и начинот на користење на зборовите) и симболите во истиот за да разбере многу подобро... тоа го оставаме на вас... :)[DOUBLEPOST=1405290265][/DOUBLEPOST]
Него како ќе ја разберам ако писателот бил италијанец, пример? Симболиката беше на латиница, а јас немам никави познавања кон тој јазик. Ова прашање е општо за сите, ако немаш познавања кон одреден јазик, колку и да ги извртуваш зборовите тие за тебе ќе немаат никаква логика. Па и да е на англиски (Круоли пример), кој го владее јазикот 100%?, ретко кој......:)
Можеби затоа некаде е запишано: „Оваа книга ќе биде преведена на сите јазици: но секогаш со оригиналниот ракопис на Ѕверот; зашто во случајната форма на буквите и нивната меѓусебна положба: во нив се мистериите што ниеден Ѕвер нема да ги прорече. “ - Liber AL, III:47 :)
 
Јас смеам - ама јас нема да ти понудам апсолутна вистина во врска со било кој стих... залудно ќе се заморуваме и двајцата :)

Ниту Кроули не дал апсолутна вистина со коментарите на секој стих(ако ме прашуваш мене), но доволно добро ги објаснил за да бидат блиски до човекот, дури и до оној што нема никакви допирни точки со било какви тајни учења... Целта било да се покаже дека дури и селанецот што го ора полето има иста шанса за иницијација како и кралот или некој барон !!!
Се зависи од самата Ѕвезда што го оди својот пат..

Во многу наши книги се цитира „Книгата на Законот“ во различни контексти и се дава поголемо светло во врска со одредени стихови и што би можеле да значат истите... Разбирањето зависи од индивидуата и нејзиниот универзум !

Мора да се запознае човек со јазикот(хиероглифите на системот и начинот на користење на зборовите) и симболите во истиот за да разбере многу подобро... тоа го оставаме на вас... :)
Не, не би одел стих по стих. Чисто го земав тој за пример (затоа што ми беше најизмешан и некако ми криеше голема тајна). И ме интересира, дали има некаква логика од твој аспект? Ако има овој, имаат сите. :)
 
„4 6 3 8 A B K 2 4 A L G M O R 3 Y X 24 89 R P S T O V A L. Што значи ова, о пророку? Ти не знаеш; ниту некогаш ќе дознаеш. Доаѓа еден да те следи: тој ќе го протолкува тоа. Но запомни, о избранику, да бидеш јас; да ја следиш љубовта на Ну на ѕвезденото небо; да ги бараш луѓето, да им го кажеш овој радосен збор.“ - Liber AL, II:76

„Половината од зборот на Херу-ра-ха, наречен Хоор- па-краат и Ра-Хоор-Кут.“ - Liber AL, III:35

Како планираш да ги разглобиш за да ти имаат логика? :)
 
Јас кога реков дека Нуит би било замена за жена, Хепта рече дека не е така (и не беше така т.е. Хепта беше во право) што значи дека на некој начин или ми потпомогна во разбирањето или ми ја уништи мојата логичка слика формирана при читањето на оваа книга.:)
Постојат одредени објаснувања што служат како еден вид "насока", како што е воведниот текст на книгата, каде јасно е потенцирано што претставува Нуит:
II. Унивезрумот

Оваа Книга го објаснува универзумот.

Основните елементи се Нуит – Простор, т.е. севкупните можности од сите видови и Хадит – било која точка која има искуство на тие можности (Оваа идеја, заради литерарни погоднисти, симболизирана е преку египетската божица Нуит, жена што се свива долу как Свод на Ноќното небо. Хадит е симболизиран како Крилестиот Глобус во срцето на Нуит).

Секој настан е соединување на една монада со едно од нејзините можни искуства.
 
„4 6 3 8 A B K 2 4 A L G M O R 3 Y X 24 89 R P S T O V A L. Што значи ова, о пророку? Ти не знаеш; ниту некогаш ќе дознаеш. Доаѓа еден да те следи: тој ќе го протолкува тоа. Но запомни, о избранику, да бидеш јас; да ја следиш љубовта на Ну на ѕвезденото небо; да ги бараш луѓето, да им го кажеш овој радосен збор.“ - Liber AL, II:76

„Половината од зборот на Херу-ра-ха, наречен Хоор- па-краат и Ра-Хоор-Кут.“ - Liber AL, III:35

Како планираш да ги разглобиш за да ти имаат логика? :)
За вториот стих добив убав одговор.
Ме интересира ребусот дали има или нема логика, според тебе? Толку. :)[DOUBLEPOST=1405291177][/DOUBLEPOST]
Постојат одредени објаснувања што служат како еден вид "насока", како што е воведниот текст на книгата, каде јасно е потенцирано што претставува Нуит:
II. Унивезрумот

Оваа Книга го објаснува универзумот.

Основните елементи се Нуит – Простор, т.е. севкупните можности од сите видови и Хадит – било која точка која има искуство на тие можности (Оваа идеја, заради литерарни погоднисти, симболизирана е преку египетската божица Нуит, жена што се свива долу как Свод на Ноќното небо. Хадит е симболизиран како Крилестиот Глобус во срцето на Нуит).

Секој настан е соединување на една монада со едно од нејзините можни искуства.
Ова ми е јасно, Хепта ми го прати. :)

Него, ти од прво читање ја разбра книгата? :)
 
За вториот стих добив убав одговор.
Ме интересира ребусот дали има или нема логика, според тебе? Толку. :)
Не "според" тебе, туку "за" тебе. Ако е според мене или тебе, тогаш пак се враќаме на почеток и создаваме подлога за догма.
Разумот на луѓето е ограничен со капацитетот за осознавање што луѓето го поседуваат. Затоа разумот е корисен само до одредено ниво. На пример интуицијата е надразумска, бидејќи сознанијата што ги добиваме преку неа неможат логички да се објаснат.[DOUBLEPOST=1405291788][/DOUBLEPOST]
Ова ми е јасно, Хепта ми го прати. :)

Него, ти од прво читање ја разбра книгата? :)
Моите сваќања за универзумот се пантеистички, и симболиката на овој текст совршено се вклопува во тоа мое разбирање.
 
Последно уредено:
Не "според" тебе, туку "за" тебе. Ако е според мене или тебе, тогаш пак се враќаме на почеток и создаваме подлога за догма.
Разумот на луѓето е ограничен со капацитетот за осознавање што луѓето го поседуваат. Затоа разумот е корисен само до одредено ниво. На пример интуицијата е надразумска, бидејќи сознанијата што ги добиваме преку неа неможат логички да се објаснат.
Направивме Корејски проблем од едно просто прашање. :)

Книгава многу тешко да ја препрочитам. Така да не ме интересираат догмите и правилата, ме интересира одговорот на прашањето.
А ако повторно ја читав, да одлични се тие насоки кои водат кон разбирање (но не во целост) на самата книга. Како и догмите и рушењето на вистините (како што кажа).
Сега има или нема логика?(јас претпоставувам дека има) но суштинското прашање би ја открило и вистината околу тоа колку таа книга е разблобена, сфатена и оптегната. :)[DOUBLEPOST=1405292305][/DOUBLEPOST]
Моите сваќања за универзумот се пантеистички, и симболиката на овој текст совршено се вклопува во тоа мое разбирање.
Разбирам и веројатно од таму полесно го прифаќаш култот кон Сонцето. :)
 
Многу ми е гајле кој е авторот, јас се позанимавав со соодржината на книгата. А авторот ја пишувал во Египет, и знам дека има многу симболика, симболи, математика како и алегории и чудни имиња кои никогаш нема да ги запаметам.:)

П.С. Сконтав малку повеќе од тоа што ме праша. :)
:)

siguren sum deka isto taka ne ti e biten avtorot na kuranot i biblijata:)

uste povekje kje doznaes za knigava ako stanes clen na redot.
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: Bog
Сега има или нема логика?(јас претпоставувам дека има) но суштинското прашање би ја открило и вистината околу тоа колку таа книга е разблобена, сфатена и оптегната. :)
Мислам дека бев јасен - ако твојата претстава или разбирање за божественото можеш да ја видиш во симболиката на Liber Al ќе има, во спротивно не.
Јас зборував за мене, за други неможам да кажувам дали има или нема логика.....

Разбирам и веројатно од таму полесно го прифаќаш култот кон Сонцето. :)
Сонцето за мене е симбол за изворот на Живот и Светлина во метафизичка смисла....Изворот - (Таткото+Мајката), причинителот што е бесконечен и непознат.[DOUBLEPOST=1405328719][/DOUBLEPOST]
uste povekje kje doznaes za knigava ako stanes clen na redot.
Неточно. Секој самиот е потребно да пронајде смисла во тој текст. Види што напишав предходно.
 
Последно уредено:
togas sto ke vi e redot ako sekoj sam si bara smisla?

jas samo se trudev da go nasocam da vi stane brat:)
Редот служи за да го насочува и подучува кандидатот во мистериите. Liber Al треба да биде основата - симболиката во која кандидатот ќе ги препознае своите сознанија за божественото и врз нив преку пракса и искуство ќе се надоградува и ќе осознава.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom