- Член од
- 27 ноември 2007
- Мислења
- 31.094
- Поени од реакции
- 74.898
Жалосно беше, ама што има врска тоа со она што го напиша, дека заради ваквите награди не бил најдобар на сите времиња. Дали е најдобар или не се гледа со игрите на теренот, а таму е и повеќе од добар. Награди како награди, сигурно Меси не ургирал за него да му ја дадат наградата...не зезај...не беше жалосно Снајдер што не доби златна топка поради Меси? жалосно е ова што му го дадоа а ништо ама ништо не покажа во нокаут фазата... он можеби не е крив што го избрале ама ипак што е претерано претерано е...
Вистина е дека не беше играч на првенствово. Според мене имаш добар настап, но не доволен за да ја добие златната топка. Се гледа дека е преморен од сезоните кои ги игра во Барселона, и нема сила да ги прикаже истите игри, ама кога ја зема топката во 80% од случаевите има добар дриблинг и одличен пас или шут. Тоа што беше опкружен со трупци откако Ди Марија се повреди е сосема друга работа. Огромна грешка беше влегувањето на Агуеро место Лавеци кој му беше најактивен соиграч на Меси. Па ни Паласио никогаш не би го ставил место Игуаин. Мислам дека друга приказна ќе беше ако беше земен Тевез.
Колку и да го хејтав ради глумата против Мексико, според мене РОБЕН Е ИГРАЧОТ НА ОВА СП. Само тој од сите Европски играчи имаше свежина да игра на ова СП. Со каква само леснотија ги минуваше противниците, во поголем дел од мечевите цела игра на Холандија беше само додај му ја на Робен и крсти се во него.
Од германија не можеш да издвоиш најдобар играч, затоа што буквално растурија ТИМСКИ.
Кога би бирал ако не му ја дадев златната топка на Робен, ќе му ја дадев на Ноер. Имаше маестрални одбрани со Алжир и Франција кои ги донесоа до овде. Да не коментираме дека и како дефанзивец се покажа одлично.
И Меси беше тука некаде иако нормално не играше како во Барселона. Истотака и Маскерано би влегол во тој потесен круг, а да дотуркаше Колумбија до полуфинале веројатно и Родригез ќе имаше шанси за златната топка.