Меси ја донесе победата над Босна и Херцеговина со единствениот гол на Аргентина на тој меч бидејќи вториот беше автогол на Босна.
Меси го постигна единствениот гол против Иран за победа во судиското продолжение.
Меси постигна 2 гола за победа над Нигерија.
Меси имаше асистенција за Ди Марија кога тој го постигна голот во продолжение со Швајцарија.
Меси беше креатор на акцијата на голот на Игуаин во четвртфиналето.
Меси беше прв изведувач на пеналот во пенал серијата против Холандија со тоа даде сигурност за тимот а и ја презеде одговорноста како капитен .
ШТО САКАТЕ УШТЕ ДА НАПРАВИ МЕСИ ?
Оди бе бегај таму, кои ти се аргументиве, ја почнал акцијата, ја презел одговорноста за првиот пенал

. Ако искочи дека Маскерано пример ја почнал акцијата од нивна половина и 2 минути покасно дошол голот на Игуаин(што беше класична фрљотка и одлична реакција од Игуаин, сите заслуги за тој гол идат на негов грб), тоа значи дека Маскерано има исто така удел во акцијата?
Пази, тука збориме за најдобар играч во историјата, тоа е титулата која Меси ја сака и која што толку очигледно му ја нафлраат милиони. Епа за таа титула бате, едноставно не е доволно три утакмици по ред( и тоа во нокаут фаза) ти да бидеш невидлив, да се влечкаш по терен. Јас никаде не го видов оној стариот Меси што жари и пали и што е најдобар играч во светот моментално.
Ако освои Аргентина на пенали или со некој среќен гол и никаква игра, тоа ќе биде убедливо најнезаслужената титула на светскиве првенства од кога јас гледам, па и по тоа што можам да прочитам.