goodlife_filipsis
Believe
Шпекулацијата за Родригез е од германски весник близок до Волфзбург и се појави во многу деликатен период што ја прави уште пореална. Едно е сигурно или Германците се многу паметни и ја пуштиле колку да се каже шпекулацијата во овој период за да стекнат популарност или навистина има преговори. Јувентус притиска за Евра а нашиве не сакаат да го дадат многу нормално, а Евра ако побара да си замине нашите бараат 5 милиони евра за него а Јувентус нуди максимум 2.5 - 3. Родригез добар беше и во Цирих и во Волфзбург ама многу е подобар офанзивно него ли дефанзивно што не ми се допаѓа, ме разочара и сега на мечов со Франција кога изгуби Швајцарија. Цената му е многу висока затоа и Фиорентина се откажа од него, бараат 25 милиони евра што е многу а Шо искрено е многу подобар од него. Шо игра во Премиер Лига и нема крилен играч во Англија што може да се пофали дека го надиграл Шо. Перфектна е комбинацијата Евра - Шо ама ако веќе си оди Патрис треба да се купи златен Блинд кој е многу поевтин и може да игра на неколку позиции отколку да се даде голема сума пари на лев бек ко Родригез кој е многу голем ризик. Тогаш ќе имаме два млади неискусни бекови кои може ќе бидат најдоброто дуо во следните 15 години а можеби и најголемите промашувања, посебно за Рикардо.