http://sportmedia.mk/ffm-nema-da-se-igra-prva-liga-vo-bitola-tetovo-i-na-zhelezarnitsa/
Ова е одлуката на Управниот одбор на Фудбалската федерација на Македонија, која на седницата одржана минатата недела го усвоила извештајот на Телото за инфраструктура при ФФМ. Со одлуката, на стадионите „Тумбе кафе“ во Битола (Пелистер), „Градски стадион“ во Тетово (Шкендија, Тетекс и Ренова) и „Железарница“ во Скопје (Металург) воопшто не може да се игра прволигашки фудбал. На стадионите во Кратово, Турново и Штип, како и стадионот на Македонија Ѓорче Петров, каде најверојатно Тетекс ќе ги игра своите домашни натпревари, ќе мора да се извршат реконструкции, проширувања и санации со рок до 1 септември, за тие да можат да бидат домаќини на прволигашите Силекс, Хоризонт и Брегалница.
Според мене одлука која малку ќе ги притисне газдите на клубовите малку да ги потсредат стадионите да заличат на нешто, ќе видиме каква ќе биде реакцијата на клубовите. Гарант сите ќе го пријават Филип 2 за свој стадион.