Универзитет "Гоце Делчев" - Штип

  • Креатор на темата Креатор на темата Tarzan
  • Време на започнување Време на започнување
Луѓе да ве прашам,што мислите добар избор ке биде да се префрлам од уким(правен смер прва година сум сега) на бизнис и логистика.Направив грешка кога се запишав тука правото воопшто не ме интересира.Па дајте совети како е овде,вреди да се запишам?Што може да се работи по завршување на факсов?
Факултет се избира тоа што го сакаш и тоа што би го завршил со љубов. 80% од студентите во Македонија се запишуваат на факултет оти тоа е во тренд.
 
Факултет се избира тоа што го сакаш и тоа што би го завршил со љубов. 80% од студентите во Македонија се запишуваат на факултет оти тоа е во тренд.
80% од студентите се запишуваат на факултет оти нејќат да се фатат за работа, сите сакат да седат на столче ништо да не прават а пари да земат.[DOUBLEPOST=1393506474][/DOUBLEPOST]
Некој совет вреди ли ова промена ?
Па сега викат дека со факултетов можело да се работи во транспортна фирма, шпедитор, цариник, во осигуретелна компанија, банка. Е сега колку ќе се вработат таму не знам. Колку се вработиле на такви позиции од кога го завршиле факултетов не знам зошто нема многу луѓе што ја завршиле оваа насока оти е нова, па да ти кажам дали некој од нив се вработил не знам. Ако не ти иде правото откажи се уште сега не го троши времето и парите. Доколку мислиш дека ќе завршиш на угд слободно префрлисе. Според мене само со учење се поминува на овој смер.
 
Последно уредено:
Не верувам дека некој би ти направил ваква услуга, не од што нема да сака туку од причина што секогаш кога се симнува книга од е-библиотека се генерира watermark на кој се запишува името и индексот на студентот, датумот и времето кога е симната книгата. Со тоа би можело да му се создадат проблеми на студентот ако се дознае дека материјали се пренесувани на интернет без сознание од универзитетот.
Мој совет е да се обратиш до самиот универзитет (или на фб страната или на некој контакт мејл), да им ја објасниш ситуацијата и верувам дека ќе ти излезат во пресрет со материјалите.
Фала ти за советот, веќе се снајдов... Ја контактирав директно професорката и таа лично ми ги прати и теоријата и практиумот. :)
 
Знае ли некој која е процедурата за нов индекс ?
 
Знае ли некој која е процедурата за нов индекс ?
Ќе направиш барање преку е индекс и после ќе идеш на студентски прашања..мислам дека се плаќа околу 1000-1500. А инече незнам ниту дали е потребен физички индекс..јас немам ни една оцена во него.
 
Ќе направиш барање преку е индекс и после ќе идеш на студентски прашања..мислам дека се плаќа околу 1000-1500. А инече незнам ниту дали е потребен физички индекс..јас немам ни една оцена во него.

Од физичките индекси толку веќе. За *** бришење ќе ни останат, евентуално за пишување спортска... :)
На крај барале само во е-индекс се да ти е регуларно, барем така ме информираа од студентската служба на медицинскиот факс.
 
Во чекор со модерните трендови :cool:
 
Знае ли некој за термините за бранење на дипломска? Дали мора да се брани кога има испитна сесија или може да се закаже кога сакаш и со договор со професор,се разбира. Фала поздрав!!!!
 
може некој да ми каже колку е школарина за магистерски од една година ?
 
Неможам да најдам на страната на УГД, кој смерови ги има во Скопје, за Бизнис и логистика знам, мене ме интересираат - Компјутерско инженерство и технологии и Бизнис информатика ? Да знае некој дали ги има овие смерови тука ?
 
Бизнис информатика и компјутерско инженерство и технологии ги има само во Штип
 
Не сум ги читал страните наназад, но мислам дека е добро да се обрати внимание на темата, како постојано им се изгубени пријавите на студентите на Гоце Делчев универзитетот и пред дипломирање мораат да плаќаат високи суми од својот џеп поради туга грижа...Зошто универзитетите не ги казнува оние што ги губат пријавите...со истото тоа што не ги казнува следствено го подржува таквиот начин на работа...срамота за нешто што може да се нарече универзитет, крадат пари од студентите....пропадна образованието до коска, чим се стигна до тоа да се крадат пари од студентите...
 
Да прашам.. Има правен факултет во Штип? И ако има, каде се наоѓа точно, оти гледам на страницата правен факултет штип а вика кочани.. не разбирам.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom