- Член од
- 24 април 2008
- Мислења
- 10.984
- Поени од реакции
- 12.432
Се согласувам дека Путин е автократ и дека си има своја агенда, во која очигледно не спаѓа и Новорусија.sparow Путин не е дева марија тој е самозаљубен автократ и за него е нормално да очекуваме недемократски да се однесува со лајачите.зборував за високовоспеаната скандинавска демократија која ни се наметнува како дева марија.Всушност се работи за тоа дека цела Европа бидува смачкана од американската железна петица секој што ја читал книгата од Џек Лондон знае за што зборувам.освен тоа од толку примери на шиканирани руски новинари ти го најде овој, единствен доказ што Британските служби го понудија е дека само шест држави имале Полонијум,ниеден новинар не смееше да праша дали и Британија има полонијум,и како во ова време на невидени антитерористички мерки некој успеал да го пренесе од Русија таму,смртта на Литвиненко е сеуште мистерија,а и смрта на онаа новинарка Ана ли се викаше не на чисто ја убиле двајца чеченци а не се знае кој ги пратил секогаш е тоа така кога западните служби се вмешани.
На циркусов со Новорусија му се гледа крајот но дали на маките на Путин ке им дојде крајот?Не токму сега наидуваат неговите проблеми Америка е неуморна и никогаш не ги остава работите до пола сработени после ова ке следуваат нови барања до него и нови санкции ако мислел дека со ова ке го остават на раат се заебал.сега ке следува барање да ги предаде голем дел од бунтовниците па Јанукович за да му судат за снајперскиот оган што ЦИА го организираше,па предвремени ДЕМОКРАТСКИ избори во Москава па права на овие на оние, рчки во внатрешноста и така до бескрај,А за Крим ке го тераат некоја мегународна конференција инаку дупли санкции,во мегувреме Десен сектор ке се изживува со населението и така до бескрај.30милијарди долари имаат спремено за слично Киевско сценарио во Москва,да им бара некој болен сто долари за лек не даваат а ваму види, дали тоа го прават за Рускиот народ да живее поубаво и послободно ги боли стојко енергенси се во прашање.Што не ја демократизираат Саудиска Арабија таму новинарите слободни се?на прв поглед Кур бараше Путин во Крим ама и да не се залеташе ко бик у црвен чаршав(ова веке го напишав за него кој се секава)ке следеше нешто друго и да небеше Крим немам илузии дека ке беше мирно,господ на помош.
Но не верувам дека туку така би прифатил да му ги предаде на западот на златна тацна новоруските бунтовници, освен ако му понудат нешто прифатливо за возврат.
Сталин направил нешто слично во 1939 и 1940 година, кога на Хитлер му ги предал германските комунисти кои избегале во Москва во потрага по засолниште од Хитлер и нацистите, но во замена за тоа нацистите му возвратиле со давање АМИН за советско освојување на цела источна Полска, како и на Литванија, Летонија и Естонија. Сталин направил добра размена со Хитлер, факт е тоа дека на 22 јуни 1941 Хитлер го прекршил договореното, но се до тој ден, договорот Молотов-Рибентроп бил вистински џек-пот за Сталин, а и за Хитлер.
Па освен ако западњаците му понудат нешто прифатливо на Путин за да им ги предаде новоруските бунтовници, не гледам друга причина зошто Путин би ги прифатил нивните барања.
САД од поодамна го прекинаа статусот кво, и тоа не во Украина, туку во Југославија, со што ставија крај на мирот во светот. Потоа следуваа Авганистан, Ирак, Тунис, Египет - за волја на вистината, тука изгледа се заебаа бидејќи сега на власт е претседател поддржан од страна на Путин, па потоа Либија, Јордан, Јемен, па сега и Сирија и Украина.
Доколку Русија е на ред, како што велиш ти, тогаш Путин нема потреба зошто да соработува со дволичниот запад кој никогаш не се држи до дадениот збор.
Му ветија на Горбачов дека и покрај падот на Берлинскиот ѕид, сепак Германија нема да се обедини. Но сепак се случи спротивното.
Им ветија на Горбачов и на Јелцин дека и покрај распаѓањето на Советскиот Сојуз и на Варшавскиот Пакт, сепак поранешните држави членки на овие сојузи нема да бидат членки на НАТО и на ЕУ. Но сепак се случува спротивното.
Му ветија на Путин дека интересите на Русија во Либија ќе бидат зачувани и покрај падот на Гадафи - само нека гласа за резолуцијата на Организацијата на Обединетите Нации со која даде АМИН за бомбардирање на Либија. Но сепак се случува спротивното.
И сега што ќе му ветат на Путин околу Новорусија и Украина ?
Ако му ветат дека ќе му го остават Крим и дека ќе му дозволат да ги повлече новоруските бунтовници на руска територија во замена за пад на Донецк и Луганск, тоа би бил прифатлив договор за Путин.
Ако му ветат, да речеме, деблокирање на изградбата на Јужен Поток и укинување на санкциите кон Русија и кон блиските соработници на Путин, тогаш Путин би можел да им ги предаде новоруските бунтовници, но само откако западот ќе ги реализира ветувањето дадено од негова страна. Путин дури и би можел да бара бунтовниците да бидат судени на руска територија, а казните да бидат извршени дури откако Јужен Поток ќе биде пуштен во употреба во 2015 или 2016 година, со што од една страна Украина ќе испадне од енергетската игранка помеѓу Русија и ЕУ, а од друга страна, Јужен Поток ќе и загарантира уште поголеми профити на Русија од извозот на гас.
Но дури и да му вети западот на Путин било што од наведеното, Путин нема никаква причина зошто да им верува. Западот покажа и докажа на дело дека е верен на своите ветувања исто колку што и Хитлер и Нацистичка Германија се држеле до договорот за ненапаѓање помеѓу Советскиот Сојуз и Нацистичка Германија од август 1939 - договор кој требало да трае 10 години, а траел речиси 2 години, поточно 1 година и 10 месеци.
А кога сме кај тие 30 милијарди одвоени за симнување на Путин, тешко дека Путин така лесно би паднал. Како за почеток, самите Руси се свесни и одлично знаат што можат да очекуваат од падот на Путин - или некој комунист како Зуганов - кој постојано ветува враќање на социјалистичката диктатура и на Советскиот Сојуз - да им дојде на власт, или некој нов штитеник на олигарсите како Јелцин, а тоа сигурно не го сакаат.
Имаше протести во Русија против Путин поради Пуси Рајот, поради наводно наместените претседателски и парламентарни избори и поради други глупости, па видовме како завршија.
Се на се, Путин од поодамна нема причина зошто да му верува на западот, а истовремено западот нема причина зошто да верува дека тие 30 милијарди ќе завршат работа за соборување на Путин.
Последно уредено: