Прашање за Христијанството III

Член од
24 октомври 2013
Мислења
12.192
Поени од реакции
26.997
Аце, ќе одам по ред, но само онде каде што си ме цитирал.
1. Биле Христијани. По твоја логика попот Богомил што бил?
И нивното верување се сведува на вечниот дуализам вклучувајќи го и она нивно правило „материјалното е создадено од ѓаволот, а духовното од Господ„. Биле гонети затоа што биле опасност за дигање бунт, покрај тоа што биле христијанска секта (која нормално, на многумина не и се допаднала). А зошто настанале? Веројатно поради отпор. :)
2. Ти сметаш дека во твојата религија нема ритуали?
3. Приметуваш сарказам околу тоа болдираното? Ако не, тогаш ти кажувам дека има. :)
4. Не, но логички. Тие текстови најчесто ги пишуваат новинари кои мораат да бидат запознаени со таа тема. Една грешка и јавно оцрнување. Покрај тоа и неколку верници признаа дека има ритуали, а тоа е доволен фактор да заклучиме дека тие навистина внатре религиозно постојат. А „светата тајна“ не може да биде ритуал?
 

MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
Ширење, воспоставување диктатура, заплашување на народот, организирање војни (поврзување со првиот чекор), разделување на верниците, поседување робови... се што и одговара. Да се се ова чекори на католичката црква, но сепак се работи за една Христијанска црква (во моментов најбројната и најголемата).
Небитно што се работи за рисјанска Црква, сепак римската Црква е таа која колонизираше, „покрстуваше„ и вршеше геноцид по новооткриените континенти.[DOUBLEPOST=1404458275][/DOUBLEPOST]
Дали водењето војни е во рамките на Божјата волја?
Да, ако е во прашање одбранбена војна, како начин да се спречи ширењето на злото или начин да се брани народот, Црквата и државата.
 
Член од
24 октомври 2013
Мислења
12.192
Поени од реакции
26.997
Небитно што се работи за рисјанска Црква, сепак римската Црква е таа која колонизираше, „покрстуваше„ и вршеше геноцид по новооткриените континенти.
Ти кажав дека богот е ист, ти кажав дека и религијата е таа. Што е битно тоа дали црквата е католичка или православна?
 

MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
Благодарам на одговорот. Него, вистина ли е дека Мојсеј физички бил променет по конверзацијата во Бог (коа му ги дал 10-те божји заповеди)? :)
Да: отако Мојсеј ги примил Заповедите на синајската гора, ликот му бил изменет, т.е. посветол. Така било, барем по мое сеќавање, но секако дека немал рогови, нели...[DOUBLEPOST=1404458508][/DOUBLEPOST]
Ти кажав дека богот е ист, ти кажав дека и религијата е таа. Што е битно тоа дали црквата е католичка или православна?
Бог Е ист за сите луѓе, а разликата е дали некои Го примаат или не.

Дали Црквата е православна, римокатоличка или некоја „трета„ е многу битно, оти начинот на кој се исповеда Бог во наведените заедници не е ист, што значи дека не се работи за ист Бог, туку за различно поимање на различини богови, небитно што сите се повикуваат на името Исусово за Божјо.
 
Член од
24 октомври 2013
Мислења
12.192
Поени од реакции
26.997
Да, ако е во прашање одбранбена војна, како начин да се спречи ширењето на злото или начин да се брани народот, Црквата и државата.
А која била таа одбранбена војна? Да, против отоманите разбирам, но крстоносните не ги разбирам. Нит е загрозена религијата нит нејзиното ширење, само истото е скратено (ограничено) на таа територија.
 

MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
А која била таа одбранбена војна? Да, против отоманите разбирам, но крстоносните не ги разбирам. Нит е загрозена религијата нит нејзиното ширење, само истото е скратено (ограничено) на таа територија.
Крстоносните војни не се добранбени, туку освојувачи, а водени од Папството, под „фирмата„ за враќање на светата земја и градот Ерусалим. Крстоносците не удираат само на исламските освојувачи, туку го пљачкаат дури и Константинопол.

Е па, толку од нивната одбранбена намера...
 
Член од
24 октомври 2013
Мислења
12.192
Поени од реакции
26.997
Да: отако Мојсеј ги примил Заповедите на синајската гора, ликот му бил изменет, т.е. посветол. Така било, барем по мое сеќавање, но секако дека немал рогови, нели...[DOUBLEPOST=1404458508][/DOUBLEPOST]

Бог Е ист за сите луѓе, а разликата е дали некои Го примаат или не.

Дали Црквата е православна, римокатоличка или некоја „трета„ е многу битно, оти начинот на кој се исповеда Бог во наведените заедници не е ист, што значи дека не се работи за ист Бог, туку за различно поимање на различини богови, небитно што сите се повикуваат на името Исусово за Божјо.
Кажав дека се работи за лош превод на Библијата. Вистински се опушува дека имал рогови на лицето т.е. брчки.

Па нели еден е Бог? Светата книга е иста, само ритуалите, формата на храмот, законите и сл. не се исти. Суштински, ист е почетокот и иста е религијата, само што се дели на тие 2 поголеми дела, и тие 2 дела се делат на помали други цркви, ко протестантите на Лутер што произлегле (излегле) од католицизмот, пример.
Раздели па владеј, тоа правило е од римско, не е од денес. Па тоа е и судбината на Христијанството.
 

MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
Кажав дека се работи за лош превод на Библијата. Вистински се опушува дека имал рогови на лицето т.е. брчки.
Рогови има само рогатиот, т.е. ѓа‘олот.
Описот Мојсеев нема врска со „лошотијата„ од преводот на Писмото.
 
Член од
24 октомври 2013
Мислења
12.192
Поени од реакции
26.997
Крстоносните војни не се добранбени, туку освојувачи, а водени од Папството, под „фирмата„ за враќање на светата земја и градот Ерусалим. Крстоносците не удираат само на исламските освојувачи, туку го пљачкаат дури и Константинопол.

Е па, толку од нивната одбранбена намера...
Се согласувам. :)
 

MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
Па нели еден е Бог? Светата книга е иста, само ритуалите, формата на храмот, законите и сл. не се исти. Суштински, ист е почетокот и иста е религијата, само што се дели на тие 2 поголеми дела, и тие 2 дела се делат на помали други цркви, ко протестантите на Лутер што произлегле (излегле) од католицизмот, пример.
Раздели па владеј, тоа правило е од римско, не е од денес. Па тоа е и судбината на Христијанството.
Православните, римокатилиците и протестантите, имаат битно различно поимање за Бога и за се‘ што е со Него поврзано па оттаму и постоењето на повеќе заедници, кои наводно се повикуваат на ист Бог.
 
Член од
24 октомври 2013
Мислења
12.192
Поени од реакции
26.997
Рогови има само рогатиот, т.е. ѓа‘олот.
Описот Мојсеев нема врска со „лошотијата„ од преводот на Писмото.
Штотуку ти го објаснив тоа. Само ме интересираше дали е богохулно тоа и си добив одговор. Не гледам ништо спорно.:)[DOUBLEPOST=1404459180][/DOUBLEPOST]
Православните, римокатилиците и протестантите, имаат битно различно поимање за Бога и за се‘ што е со Него поврзано па оттаму и постоењето на повеќе заедници, кои наводно се повикуваат на ист Бог.
Дали според тебе Богот е различен? Прашувам листо онака бидејќи ми боде очи тоа “наводно“. :)
 

MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
Штотуку ти го објаснив тоа. Само ме интересираше дали е богохулно тоа и си добив одговор. Не гледам ништо спорно.:)
Богохулно е:
- споменувањето Божјо во негативен контекст,
- неприфаќањето на од Бога откриените вистини,
- неприфаќањето на црковните догми и вистини.

Сето наведено не е поврзано со Мојсеја.[DOUBLEPOST=1404459363][/DOUBLEPOST]
Дали според тебе Богот е различен? Прашувам листо онака бидејќи ми боде очи тоа “наводно“. :)
Бог Е онаков како и колку што Он ни се објавил, преку Црквата, преку Св. Писмо и преку Св. Предание, но Он не Е онаков каков што одредени заедници сакаат одново да Го откријат и замислат.
 
Член од
24 октомври 2013
Мислења
12.192
Поени од реакции
26.997
Богохулно е:
- споменувањето Божјо во негативен контекст,
- неприфаќањето на од Бога откриените вистини,
- неприфаќањето на црковните догми и вистини.

Сето наведено не е поврзано со Мојсеја.[DOUBLEPOST=1404459363][/DOUBLEPOST]

Бог Е онаков како и колку што Он ни се објавил, преку Црквата, преку Св. Писмо и преку Св. Предание, но Он не Е онаков каков што одредени заедници сакаат одново да Го откријат и замислат.
На некој начин јас сум богохулен?

Прашање во врска од Книгата на Откровението. Ако зборот апокалипса значи нешто да се обелодени. Дали може на друг начин да се протувачи таа приказна наместо како крајот на светот? :)
 

Kajgana Shop

На врв Bottom