Љубовен Каскадер
fekalija
- Член од
- 28 декември 2011
- Мислења
- 4.371
- Поени од реакции
- 6.209
Екстремите се лесни за диференцијација. Сума сумарум дефинитивно Ганди е подобар од Мевосек. Сепак, фрагилноста на златното правило се јавува у деперсонализацијата која ја налага баш ради тие сиви зони и гусарски парадокси.Има разлика од „Добрите луѓе не ги третираат жените ко контењери за сперма“ до “Ако не ги третираш жените ко контењери за сперма си добар човек под дифолт.“За што всушност ви почна непотребната расправија погоре.
На еволутивно ниво, ако го земеш во предвид како валиден провизиониот морал што го спомнува Шермер, може да се одреди кои луѓе се „добри“, а кои „лоши“ со што ќе ја земеш способноста за емпатија наспроти социопатските тенденции во еден спектрум + некои мантри како златното правило. Колку поемпатичен е некој, толку по„добар“ е. Сега секако, верувањата, акциите и други работи можат да играат улога како на пример „Емпатичен човек кој е пожртвуван муџахедин се самоубива у некоја железничка станица со невини луѓе пошто е УБЕДЕН дека тоа е за доброто на светот“, што автоматски би го дефинирало како „лош“ според некој стандарди. Али грубо кажано, ако идеме во екстреми, поголемиот дел од луѓето можат да се согласат дека Махатма Ганди е подобар од Џек Мевосек.
Језда звучи многу Ниче муабетов, али не е загарантирано дека емпатизер/социопат секад ќе делува емпатично/социопатски.