Виница

  • Креатор на темата Креатор на темата Beyonce
  • Време на започнување Време на започнување
Малку по ведро: Се ближи патрониот празник на Виница- Павлов ден на 12 јули...
 
Виница е прекрасно гратче што го посетив на 3 дена минатава недела. На спиење бев кај другарка од Блатец. Од ноќниот живот не видов ништо затоа што беаме :) со децата.
Ама местото е прекрасно! Паркот е фантазија, мала уличка со кафичи од двете страни, супер!
+ имаше и едно магаре што бегаше по улицата! Му се смачило магарешки живот.

За Блатец не знам дали има тема, ама тоа е големо гастербајтерско село, распослано на подножјето на Плачковица, со многу чешми, вода и зеленило! Сега е сезона на свадби, кога се враќаат печалбарите, да си направат свадба и да си ги однесат невестите.
Навечер по долги задолжително!
Следно на список: Блатец во зима!
 
Виница е прекрасно гратче што го посетив на 3 дена минатава недела. На спиење бев кај другарка од Блатец. Од ноќниот живот не видов ништо затоа што беаме :) со децата.
Ама местото е прекрасно! Паркот е фантазија, мала уличка со кафичи од двете страни, супер!
+ имаше и едно магаре што бегаше по улицата! Му се смачило магарешки живот.

За Блатец не знам дали има тема, ама тоа е големо гастербајтерско село, распослано на подножјето на Плачковица, со многу чешми, вода и зеленило! Сега е сезона на свадби, кога се враќаат печалбарите, да си направат свадба и да си ги однесат невестите.
Навечер по долги задолжително!
Следно на список: Блатец во зима!

Tаа мала уличка ни е главната улица :pos:
 
Ало Виница....горанецо иоште ли е во затвор?
 
1002535_4735521806491_1997547198_n.jpg

 
Виница е најдоброто место за живеење во источниот регион
Напишано од Сашо Ѓорев


За оние што работат, во моментов, Виница е најдоброто место за живеење во Источниот регион. Овој заклучок е изведен по неколку параметри и тоа : број на жители и големина на градот, рекреативни објекти и зони, можност за култура и забава, услови за спорт и угостителска понуда.
Градот има 20.000 жители, односно 44 жители на еден километар квадратен.
Од неодамна, Виница инсистира и на туристичка промоција со веб сајт за реклама на најатрактивните локации во општината. Бранко Данилов, координатор на проектот „Туристички навигатор“, вели дека на секој понов мобилен телефон може да се добие било која локација во општината.
За одмор и рекреација има базен, спортска сала, стадион и тениско игралиште.
Оние кои имаат интерес и време за култура можат да наминат во Музејот, Библиотеката или во Домот на културата.
Доколку во преден план е забавата, тогаш на располагање ви стојат две дискотеки, четири кафулиња и десетина ресторани.
На крај, добрата понуда на храна во Виница исто така ја прави препознатлива. На пример, рибникот ви нуди свежа пастрмка, пицеријата Буена Вита италијански специјалитети, а слаткарницата Сандра неодолив десерт.
Методи Апостолов, слаткардница Сандра вели дека прават повеќе видови на слатки и торти. Добро снабдени се и пицериите. Оливер Костадинов , сопственик на пицеријата Буена Вита вели дека имаат повеќе италијански специјалитети.
Но, дали виничани си ја знаат среќата или она што го имаме секогаш помалку го почитуваме ?
Можеби звучи чудно и контрадикторно, но ова се условите за живот во Виница, која го носи насловот за општина која се напушта најмасовно.
Тогаш, прашањето е дали секогаш младите имаат доволно причини за да ги напуштат своите места, па и оние убави како Виница ?
Секако, прашањето за она што Виница го нуди само се движи кон првиот човек на градот, градоначалникот Емил Дончев, кој по втор пат ја одработува граѓанската доверба.
Емил Дончев, градоначалник на Виница вели дека приоритет на секој градоначалник е економската благосостојба на граѓаните, па така и неговата администрација се труди да донесе што повеќе странски инвестиции и да отворат повеќе работни места.
Но, сите убавини изгледаат поинаку за оние што не работат. Колку можности нуди Виница за вработување ?
Глигор Цветанов, извршен директор на „Мак-прогрес“ Виница вели дека подготвуваат нова хала од 5.000 метри квадратни и дека ќе отворат дополнителни 60 работни места.
Секако, на овие фирми и требаат и нови, со нови основачи и успешни бизнисмени кои исто така ќе нудат вработувања, но Виница го има и тој потенцијал. Тогаш, Виница ќе биде уште попрестижна и поатрактивна за живот, и тоа, не само во Источниот регион.

http://www.tvstar.com.mk/index.php/...јдоброто-место-за-живеење-во-источниот-регион
 
Виница 20000??? o_O
Ма немој да ме јебеш бе!

има проблеми со бројките:confused:
Општина Виница се наоѓа во Источна Македонија. Центар на Општината е градот Виница, кој брои околу 14.000 жители.
http://www.vinica.org/
 
Виница убав град, ама девојчињата што ги сретнав од таму се подеднакво лоши како и скопјанките (карактерно)
 
Некој ако има слика од градската спортска сала од надворешна страна нека ја стави тука.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom