- Член од
- 24 јуни 2011
- Мислења
- 522
- Поени од реакции
- 462
Зошто да им плаќаш 10% персонален данок кога на тие заработени пари веќе е одбиен и платен персонален данок во Германија, платени се и сите придонеси како пензиско и здравствено осигурување, дури плаќавме и некој данок на црква.
Со години одат студенти на работа во Германија/Уса и никој никогаш не е плаќал ваков данок на заработените пари во туѓа држава.
Единствен приход што ќе ти стигне на македонска трансакциска сметка е повратокот на данок од државата каде што си работел(а). Е сега, за да не ти ги одданочат овие пари, ја вадиш таа потврда за резидент и тоа е тоа.
Не се плаќа, затоа и реков “дури и да се плаќа“. Оваа потврда (http://www.ujp.gov.mk/files/attachment/0000/0596/B-PDR.pdf) што се вади служи за да се избегне двојното одданочување (со земји со кои Македонија има склучено ваков договор).
Инаку, овој документ го бараат само во Македонија. Од документи што испратив во финансиската служба во Германија беше само еден завршен платежен лист на којшто ја има напишано мојата заработка за периодот кога престојував таму како и моја трансакциска сметка со ибан/свифт.
Не, ваква потврда се вади од кога ќе се вратиш од Германија и намената на истата веќе ја објаснив во овој пост.
Јас веќе ги испратив документите и добив одговор дека најкасно до крајот на април парите ќе ми бидат испратени во Македонија. Кога ќе пристингат, ако има некакви реакции или дополнителни плаќања од УЈП ќе ве информирам овде
Законот е од 1 јануари 2014 и повели поднеси документи за повраток на данок. И не е двојно оданочување, од германија ти ги враќаат сите пари што си гли платил ама ќе мора да платиш тука. Или остај ги парите од данокот на германија или дај ги тука.