Нема простор за паника. И лани после извлекувањето на групите беше иста приказна, тешка група, група на смрта бла бла бла. Наместо Барса овојпат имаме екипа должник (ракометарите го посакуваа Килце да се реваншираат, но да не заборавиме дека према Кил долгот е поголем). Така да лани Барса или годинава Кил нема разлика. ( онаа спомнувана фраза змија или магаре)
ПСЖ појак од лани, небаре според имињата на играчите лани беше слаб. Пред почетокот на ЛШ многумина од нас очекуваа да ги видиме во финале.
Загреб, ЛР Натурхаус и квалификантот се послаби екипи од Вардар, настрана ривалството и губењето предост наречена домашен терен.
Д.Минск не послаб од Загреб, од Натурхаус или Брест/Татран.
Вакер Тун беше аутсајдер ама се омрси, така да компаративно гледано нее е лошо. Од групите нај неатрактивна е Д група, но сепак јас сум за поатрактивни екипи и за менување на досегашниот менталитет и начин на размислување. Зато ке ја издвојам изјавата на Јоновски објавена на веб страната на металург:
Аце Јоновски: “Ја гледам групата и одвај чекам да почнат натпреварите, да ја видам повторно преполната сала “Борис Трајковски“. Противниците ни се по мерка и не чека сериозна задача, особено што веќе сите ја знаат силата на Металург и ќе доаѓаат многу поподготвени. Сепак, јас сум оптимист и очекувам настап во осминафиналната фаза“
Респект мајсторе, мушки кажано
Има ли некоја најава за пикер? Без искусен пикер не ја бива. И да остане Димовски оваа година сам нема даго издржи теретот а замениве негови не се за Л.Ш.