Дали можам да го појачам сигналот на Wi-Fi рутерот со дополнителен рутер?

GlaDOS

Surreal Fag
Член од
27 март 2012
Мислења
141
Поени од реакции
38
Вака сега, пред некој ден ставив од новиот пакет на T-Home, Family Box. Дечките дојдоа и си наместија се како што треба, НО сигналот на вифито е катастрофален. Рутерот кој го наместија е Huawei, а точниот модел не го знам. Се размислував за една опција која што мислам дека ќе проработи, но ми треба совет. Да се земе кабелот што оди од рутерот во пц, да се стави од рутерот до новиот рутер (вториот), а од вториот рутер да се стави кабел и да дојде во пц. Се е тоа добро се додека не размислив како ќе го конфигурирам вториот рутер? PPPoE не може бидејќи немам username и password, е сега останува Dynamic IP и Static IP oпцијата, која од нив ќе проработи? Втора солуција која што ми падна на памет е да се купи екстендер, но читав по страниве дека тоа баш многу-многу немало да помогне. Ќе може некој совет околу овој проблем?
 
gade

Augustus
Член од
12 април 2008
Мислења
4.838
Поени од реакции
5.117

Болдираното е непотребно, земи само долг ЛАН кабел и поврзи го рутерот и компјутерот.
Оди во Анхоч ќе ти направат кабел со која сакаш должина.
 
Член од
11 мај 2013
Мислења
576
Поени од реакции
731
Ако сигналот на WiFi-то е лош можно е да има проблем со рутерот. Јас пред некој месец купив од Анхоч рутер Тенда,и исто беше катастрофален сигналот..отидов до Анхоч и видоа дека е до рутерот,па си го заменив со друг и сега е одличен.
 
Член од
24 април 2008
Мислења
10.445
Поени од реакции
11.452

Доколку користиш оптички Интернет од Ти-Хоум, тогаш нема да можеш да го смениш Huawei рутерот со друг рутер, бидејќи нема рутери во продажба во Македонија кои имаат влезна порта за оптичкиот кабел.

Доколку планираш да го поврзеш Huawei рутерот со друг рутер и да користиш безжичен Интернет преку тој друг рутер, тогаш ќе треба со мрежен кабел да ги поврзеш двата рутера, така што едниот крај од мрежниот кабел ќе влегува во една од LAN портите на Huawei рутерот, а другиот крај од мрежниот кабел ќе влегува во WAN портата на другиот рутер.

Нема да ти треба мрежен кабел за поврзување на компјутерот со вториот рутер доколку планираш да користиш безжичен Интернет наместо жичен. Евентуално можеби ќе ти притреба мрежен кабел за конфигурирање на вториот рутер, така што ќе го поврзеш компјутерот со една од LAN портите на вториот рутер со мрежен кабел за да го конфирурираш вториот рутер.
 
Член од
25 ноември 2013
Мислења
1.634
Поени од реакции
1.489
Купи некој ефтин тп-линк рутер,стај му dd-wrt , подеси го ко repeater bridge(ќе зима нет бежично од првиот рутер) и ќе имаш wifi кај сакаш.и се што ќе ти треба ќе биде само лан кабелчето што иде со рутерот за да го конфигурираш.
 
iksimkd

ШшшШшшШ...
Член од
31 јули 2007
Мислења
5.000
Поени од реакции
2.183
А наместо да се ебаваш со вакви работи зошто прво не влезеш во конфигурацијата на рутерот и не провериш дали сите сетинзи ти се наместени правилно? Прво и основно провери дали имаш нов апдејт за firmware-от на рутерот, ако имаш излезено нова верзија а не ти е инсталирана тогаш инсталирај ја. После имаш фреквенција на сигнал, па регион во кој го користиш рутерот, па канали, модови и слични вакви работи. Проби смени нешто, тестирај и види дали ќе има подобрување. Ако ништо од тоа не успее тогаш размислувај за друго.

Јас имам Netgear рутер стар 8 години па уште докап нема, никаков проблем не ми прави освен што од време на време знае да падне сигналот и морам да го рестартирам, но тоа не се случува често.
 
GlaDOS

Surreal Fag
Член од
27 март 2012
Мислења
141
Поени од реакции
38
Болдираното е непотребно, земи само долг ЛАН кабел и поврзи го рутерот и компјутерот.
Оди во Анхоч ќе ти направат кабел со која сакаш должина.
Долг ЛАН кабел не доаѓа во предвид, треба да се буши многу од стан до стан, а треба ви-фи сигналот да се "пренесе" од едниот стан до другиот, тоа се околу 30-35 метра.

Ако сигналот на WiFi-то е лош можно е да има проблем со рутерот. Јас пред некој месец купив од Анхоч рутер Тенда,и исто беше катастрофален сигналот..отидов до Анхоч и видоа дека е до рутерот,па си го заменив со друг и сега е одличен.
Не можам да заменам нов рутер, оптик е, само Т-Хоме може, а како што читав по форумов, рутерот им бил еден од подобрите.

Доколку користиш оптички Интернет од Ти-Хоум, тогаш нема да можеш да го смениш Huawei рутерот со друг рутер, бидејќи нема рутери во продажба во Македонија кои имаат влезна порта за оптичкиот кабел.

Доколку планираш да го поврзеш Huawei рутерот со друг рутер и да користиш безжичен Интернет преку тој друг рутер, тогаш ќе треба со мрежен кабел да ги поврзеш двата рутера, така што едниот крај од мрежниот кабел ќе влегува во една од LAN портите на Huawei рутерот, а другиот крај од мрежниот кабел ќе влегува во WAN портата на другиот рутер.

Нема да ти треба мрежен кабел за поврзување на компјутерот со вториот рутер доколку планираш да користиш безжичен Интернет наместо жичен. Евентуално можеби ќе ти притреба мрежен кабел за конфигурирање на вториот рутер, така што ќе го поврзеш компјутерот со една од LAN портите на вториот рутер со мрежен кабел за да го конфирурираш вториот рутер.
Денеска другар ми позајми еден поефтин рутер, TP-Link TL-WR340G, го наместив на истиот начин како што јас напишав и ти како што напиша, проработе. Конфигурацијата проработи со користење на StaticIP, динамичка не сакаше, не знам зошто и имаше интернет и ви-фи (менував channels и bridge-ови). Тоа значи дека да, може да се користи ТОЈ метод.

Купи некој ефтин тп-линк рутер,стај му dd-wrt , подеси го ко repeater bridge(ќе зима нет бежично од првиот рутер) и ќе имаш wifi кај сакаш.и се што ќе ти треба ќе биде само лан кабелчето што иде со рутерот за да го конфигурираш.
Бидејќи од сите продавници кои денеска ги поминав, според мене АМЦ нудеше најдобро. Гледав и на страната и ги прашав и ми ги препорачаа следниве рутери:
NETIS WF-2409-нема DD-WRТ, но има repeater bridge по дефаулт
TP-LINK TL-WR940ND-има DD-WRT
PLANET WNRT-633
D-Link DIR-657

А наместо да се ебаваш со вакви работи зошто прво не влезеш во конфигурацијата на рутерот и не провериш дали сите сетинзи ти се наместени правилно? Прво и основно провери дали имаш нов апдејт за firmware-от на рутерот, ако имаш излезено нова верзија а не ти е инсталирана тогаш инсталирај ја. После имаш фреквенција на сигнал, па регион во кој го користиш рутерот, па канали, модови и слични вакви работи. Проби смени нешто, тестирај и види дали ќе има подобрување. Ако ништо од тоа не успее тогаш размислувај за друго.

Јас имам Netgear рутер стар 8 години па уште докап нема, никаков проблем не ми прави освен што од време на време знае да падне сигналот и морам да го рестартирам, но тоа не се случува често.
Рутерот го конфигурирав 3 саати, му инсталирав нов фирмвер и сите сетингзи ги проверував еден по еден и ставав на најдобро/најјако пак ништо
 
Член од
24 април 2008
Мислења
10.445
Поени од реакции
11.452
Денеска другар ми позајми еден поефтин рутер, TP-Link TL-WR340G, го наместив на истиот начин како што јас напишав и ти како што напиша, проработе. Конфигурацијата проработи со користење на StaticIP, динамичка не сакаше, не знам зошто и имаше интернет и ви-фи (менував channels и bridge-ови). Тоа значи дека да, може да се користи ТОЈ метод.
Бидејќи користиш оптички Интернет од Ти-Хоум, имаш динамична IP адреса, но за да ја смениш IP адресата на оптичкиот Интернет, ќе мораш да го рестартираш Huawei рутерот што Ти-Хоум ти го дале на користење, бидејќи тој ја одржува Интернет конекцијата.

Другиот рутер TP-Link само ја пренесува Интернет конекцијата од Huawei рутерот кон компјутерите и затоа неговата IP адреса е статична. За волја на вистината, и неговата IP адреса може рачно да се смени, но за тоа треба да се чепка во конфигурацијата на Huawei рутерот, а јас лично немам никакви искуства со рутерите од Huawei и не можам многу да ти помогнам околу тоа.

Како и да е, доколку сакаш да ти се смени IP адресата, само исклучи го Huawei рутерот од струја и повторно вклучи го, кога ќе се подигне Интернет конекцијата ќе имаш нова IP адреса на оптичкиот Интернет.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom