Еххх досега еден куп ситуации сум имала со неодговорни сопственици на кучиња.
Али сега ќе ви раскажам една случка што ми се случи, која што ќе ја памтам за цел живот.
Беше 24.Август.2012, датава ја памтам бидејќи точно на тој ден (24.Август.2012) Доберманката полнеше 4 месеци (на 24.Април.2012 е родена).
Бевме собрани друштво во паркот за кучиња, во градскиот парк (Скопјаните знаат за кој парк зборувам) ... бевме вкупно 7 души собрани внатре во паркчето, и нашите кучиња си играа.
И проаѓа еден дечко (ќе го насловувам Кретен) со Американски Стафордски Териер (накусо Стафорд), и влезе во паркчето за кучиња.
И по правило, кога првпат влагаш со куче во парк за кучиња, секогаш кучето треба да ти биде врзано на поводник, бидејќи не се знае како може да изреагира, а кога е врзано на поводник можеш веднаш да ја ставиш ситуацијата под контрола, заразлика кога кучето не е врзано на поводник.
И влага Кретенот со Стафордот, и само што влага, одма директ го пушта од поводник, без претходно да се издушкаат кучињата и да се види нивната реакција !
Астра (Доберманката моја) душичка, си лежеше, значи никаква провокација немаше од нејзина страна, а и всушност 4 месечно кученце неможе да испровоцира таква крволочна реакција кај нормално социјализирано куче.
И Стафордов директ идење накај Астра, а Астра лежи, Стафордов и се доближува до вратот, ја душка 2 - 3 секунди максимум, и ШТРАК ја зграпчува за помалку од дел од секунда за горниот дел од вратот.
За ОГРОМНА среќа, и ја имаше фатено само кожата од вратот и дел од увото, значи не беше витален дел од вратот, за огромна среќа, бидејќи доколку ја фатеше целосно за вратот, или ќе ја удавеше, или ќе и го скршеше.
Целата драма од моментот кога ја зграпчи, па се до пуштањето, траеше 4 - 5 минути.
Тие 4 - 5 минути цело време ја држеше, вилицата беше силно стегната (укочена) и не сакаше да пушти.
Замислете што значи 7 луѓе во тој момент да пробуваат да ја отворат вилицата на Стафордот, и апсолутно сите да бидат немоќни едно добри 4 - 5 минути.
Јас за среќа не испаничив премногу, бидејќи видов на вратот дека не е на критично место стегната вилицата, туку само за кожата и увото, и присебно изреагирав.
Го фатив Стафордот за задните 2 нозе, и го дигнав скроз, за да му направам дисбаланс, и да му ја намалам моќноста на згрченото тело.
Исто така огромна среќа беше тоа што не почна да тресе со главата, како што е типично за нападот на Стафордот.
Стафордот кога напаѓа: фаќа, силно стега со вилицата, и не пушта додека не го удави пленот, и силно тресе со главата ... исто како што прават крокодилите, ист стил на напад има, тресе и распарчува се.
За среќа не почна да тресе, бидејќи ако почнеше да тресе, веројатно цело уво ќе и го откорнеше.
Јас му ги држев задните 2 нозе и целото тело во воздух, напред двајца дечки ги држеа споени главите на Астра и Стафордот, еден го држеше затнат носот на Стафордот, а останатите се растрчаа, кој да зима стапчиња, кој да зима шишиња со вода, се со цел да помогнат за Стафордот да ја опушти вилицата.
И на крај после 4 - 5 минутно држење (тие 4 - 5 минути како цела вечност да траеа) веројатно на прегриз го фатија Стафордот, поради тоа што снема воздух, и конечно пушти.
Во моментот кога пушти, прва мисла што ми прелета низ глава беше, отиде увото ... мислев дека пола уво ќе и биде откорнато, или во најмала рака со огромни рани ќе и биде, но за огромна среќа апсолутно ништо не и беше, никакви тешки последици немаше, освен една мала површна гребнатинка од самиот заб на Стафордот.
За илустрација да видите како тоа изгледаше:
Кретенот имаше огромна среќа што целата ситуација се случи внатре во паркчето за кучиња.
Да беше надвор од паркот за кучиња, ќе банкротираше од пари давање за отштети и тужби.
А за моја среќа, се' се заврши без апсолутно никакви физички последици по Доберманката.
Али затоа сега Доберманката кога порасна и стана свесна за својата моќ, скоро секогаш кога ќе види непознат Стафорд (и Питбул, бидејќи исто изгледаат со Стафордот) секогаш се накострешува, и често знае да изреагира на нив.