Не сум бил во хотелот чисто онака ме интересираше кои се цените по хотелите, инаку во сончев брег скоро и да нема лош хотел од тие што се на главната улица, сите хотели се со прекрасни базени(на различни нивоа) со прекрасни барови покрај хотелите и скоро секоја вечер по некој дешавка во баровите.
За тој датум не знам како ќе ти се погоди морето, јас најкасно што сум бил во Бугарија е некаде до 4-5 август и морето веќе станува целото со алги, бранови (жолто и црвено знаме) за медузи јас имам само 1-2 пати сретнато.
Но кога би бил во можност да престојувам во хотел како тој и со all inclusive понуда, дали 5 пати ќе идам на плажа во тие 14 денови.
Поздрав и имај убав одмор.