Да очекувам точен датум.
Ај еве да претпоставиме дека ти имаш пејпал и еве можеш само да купуваш, пошо кај нас таков едностран систем ќе биде пуштен у употреба. Овој едностран систем веќе многу години го има во африканските и источноазиските држави. Таму нема абер од пуштање на комплетен систем па многу веројатно тоа нема ни кај нас да се случи. И еве го имаш тој пејпал со кој можеш да купуваш. Кажи ми што ќе купиш а ќе те фати поефтино од кај нас?
Прво, ретко кој праќа кај нас.
Второ, и ако прати поштарината е висока.
Трето, и ако стигне царината е висока.
Четврто, не секогаш стига зашо нашиве пошти се катастрофа.
Пето, нашиве оваа ситуација ќе ја искористат и ќе почнат да царинат производи над 0.99 eur
Шесто, за производот што ќе ти стигне нема да имаш важечка гаранција. Ако ти се расипе тешко тебе.
Од горенаведените причини сето ова е тривијално и смешно.