Ти ја направи италија рај на земјата со плативе.не може секој да биде шофер исто ко не може секој да биде програмер.у италија е криза,некои имаат добри плати некои не.фирмите кратат работници,и некои и 10години биле па гостануваат без работа сега.Твоите роднини работат у фирма која не скратила на работници.ако работеле на друго место и они ќе останеле без работа.проблемот у италија е што моментално ако останеш без работа,многу е тешко да најдеш нова работа.ете имам пријатели,македонци се у град близу до анкона живеат,само едниот работи.жена му воопшто не може да најде работа.единствена работа што уствари може полесно да се најде низ италија за женски е баданте,али тоа значи да глеаш некоја баба и да бидеш кај неа 24/7 и плата ти е околу 700-800евра али цел ден ќе те полудат.таква работа не е за жена со дете и маж.
на југот е бетер,платите се пониски и не стигаат,т.е не можеш да заштедиш ни 2 евра ако само еден работи и плаќа стан.
има форумџии по форумот нека ти кажат они како е у италија моментално.
ја сум моментално доле на југот у италија.бев у една продавница за компјутери и компјутерска опрема за работа да прашам.газдата ми кажа дека самиот он уште пред 2 години ги отпуштил работниците ради кризата и од тогаш сам си работи.
веќе ни на лозјата и маслинките не вработуваат македонци ко порано,за таму има сиријци,сомалијци,им даваат по 3 евра на ден и не смеат ни да се жалат пошо се на црно влезени у италија.
еве конкретно пример од град на југот,у една фабрика за керамика,им даваат плата 800 евра.али работиш од 7-13 и од 15 до 20.превоз нема,сам се снаоѓаш за превоз,ако немаш кола идеш со точак до фабриката.и одиш 2 пати на работа,а го губиш цел ден,воопшто немаш време за ништо со вакво работно време.оние 2 саати попладне ти се уствари пауза за да идеш дома да јадеш.
--- надополнето: 3 јануари 2014 во 21:17 ---
А некои се у прекуокеанските земји благодарејќи на родителите кои заминале пред 20 години.мислам дека имаш спомнато у пост на друга тема дека твоите заминале/биле у аус уште пред 20 години.ти си роден во аус или(ако не е тајна)?
некои од нас немале можност родителите да им бидат заминати у странство уште пред 20-30години, и да имаат стекнато нешто таму,па ти сеа на готово само кажуваш како ти било супер.
и опет збориш за оние што немаат дипломи,значи ти дефинитивно имаш нешто против таквите.
или тие без диплома се магариња па не треба да се жалат ,треба све да трпат и работат,зашо нивните немале пари да им овозможат убав живот у аус,и факултети од 20000долари годишно.
ние одиме у ЕУ со ‘релативно помалку средства‘ затоа што ние не можеме да си дозволиме да идеме со 10.000 евра у џеб ,ние одиме за да работиме.
да ги нема тие што работат физички работи ти ќе немаш канцеларија ,куќа,автопат итн итн.