Што е тоа дехидрат? Кај се купува?
Дехидрат е кратенка за Сува дехидрирана храна за кучиња.
Се продава во секој Пет Шоп.
Во Македонија за жал нема голем избор на квалитетни дехидрати.
Ако гледаме според составот на дехидратите, а најголем репер за квалитетот на дехидратот е составот, а не цената, тогаш во Македонија имаме само неколку квалитетни дехидрати, а тоа се:
- Brit CarniLove
- Farmina - Natural & Delicious
- Brit Care
Ми се чини дека во Македонија и од Belcando и од Husse има Grain-Free линии, односно дехидрати без житарици.
Е сега ќе ти објаснам зошто само овие дехидрати што ти ги линкнав се квалитетни.
Тоа е затоа што се Grain-Free или во превод не содржат житарици.
Нивниот состав е на база на месо, и на голем процент животински протеини, и во нивниот состав во најголема количина и на прво место е месото, а потоа зеленчукот и овошјето.
Житариците, а особено пченката, е штетна и доведува до проблеми со бубрезите.
А толку многу исфорсираните и изрекламирани
Royal Canin и
Eukanuba, зависи од формулата али најчесто замисли на прво место во составот имаат житарици, значи не само тоа што во составот имаат житарици, туку дури и на прво место во составот се наведени житариците.
А тоа што се на прво место наведени житариците, е показател дека се најзастапени и во најголем процент ги има во составот, бидејќи составот на дехидратот се пишува според количината на намирниците што се користат во составот.