Заби и сѐ во врска со забите

  • Креатор на темата Креатор на темата isabelle
  • Време на започнување Време на започнување
На рабовите од забите ми се појавија како зелено кафеави флеки, додека пак на долната двојка, тројка и четворка се ептен изразени ..... личат како со спреј да е прскано кај долниве заби. Не пушам цигари....... од што може да е? :)

Имаш проблем со калциумот и не ги одржуваш добро забите, најмалку 2 пати дневно треба да ги миеш, или најдобро после секој оброк.
 
Имаш проблем со калциумот и не ги одржуваш добро забите, најмалку 2 пати дневно треба да ги миеш, или најдобро после секој оброк.
Ги мијам 2 пати во денот, хигиената на забите што ја одржувам е максимална.... ме чуди нешто да не е до пастата..... :)
 
Ги мијам 2 пати во денот, хигиената на забите што ја одржувам е максимална.... ме чуди нешто да не е до пастата..... :)
имаш мањак на нешто, калциум, магнезиум, купи си таблетки и пиј по една секој ден со многу вода. И онака немаш штета од нив, јас од кога фатив да внесувам магнезиум многу подобро и поодморено се чувствувам.
 
Здраво, да прашам дали знаете што може да е кога на заб имате нерамна површина онака кога поминувате со јазик? Утрово ги четкав и случајно поминав со јазик и гледам на еден заб нерамна површина. Дали е недостаток на витамини или?
 
На кој заб?:)
 
Ако може некој да помогне и да ми каже чааре, вечно ќе му бидам благодарен.

Веќе можеби месец дена имам гадна болка кај забите од левата страна на долната вилица и почна на лудило да ме избива веќе. Бев неколку пати на забар, ми најде таму некој малце расипан заб, чепна и уште на некои други места - ама болката не ми помина. In fact, истата осеќам дека ми се интензивира од ден на ден. Прво ме погодуваше само при жабуркање на поладна вода, а сега веќе и на ствари од фрижидер шо ги вадам (сирење на пр.) ме ѕвецка кога ќе го жвакнам залакот на таа страна.

Забарот ми кажа дека е во прашање повлекување на гингивата и нервните завршетоци (ваљда) од долниот дел на забот се отворени и они ја прават маката. Ми препорача паста за заби - Colgate sensitive pro-relief. Ја купив истата, ја истрошив цела - резултат нула. Покажуваше ефект малку, ама доста краток (само пар саати после миење).

Кажете ми, дали е имал некој друг од вас ваков сличен и како сте се скинале од истиот. Ова веќе трае предолго и боли премногу да се игнорира ..

ПС - Непцата иначе не ми крварат, немам проблем со тоа.
 
Kојa klinika препорачате за пломбиранје на заби и чистење на камен?
1. Eндомак
2. Kруна MS.
3. Dр. Aне Kотев.
 
dali ste imale iskustvo so paradentoza ?
 
Препорака за некоја добра ординација во Скопје, со добар однос квалитет/цена? И ако може цени за пломбирање и методи да ми кажите и искуства, фала. :)
 
Препорака за некоја добра ординација во Скопје, со добар однос квалитет/цена? И ако може цени за пломбирање и методи да ми кажите и искуства, фала. :)
Има разлика од цени дали сакаш приватно и дали сакаш матичен да го одбереш забарот, ако има договор со Фондот ќе може матичен, од 200 до 600 се мислам пломбите, одамна на татко ми му немам средувано документација :icon_mrgr:
 
Луѓе, имам страшно катастрофални заби, искривени се, еден напред, другиот надоле. Проблемот е што вилицата ми е доволно кратка за да ги собере новите заби и да ги смести на нивните природни места. Тие сега се криви, ме интересира дали нешто може да ми се поправат, но секако да биде безболно. Сите заби сеуште не ми се извадени а кога ке извадам и јас не знам.
 
Фиксна протеза ќе ти го реши проблемот
 
Пред некој месец бев на контрола за забите и ми кажаа дека сум имал на едниот малце кариес, па иако не праи проблем сеа, да не се напраи полошо, за секој случај да го пломбирам на време. Го пломбирав, и оттогаш кога и да дојдам до контакт со благо нешто на тој заб, осеќам ненормална болка и ми иде да вриштам од шо ме боли. Уште тогаш бев, али ми рекоа дека не би требало да ми е ништо, све било добро пломбирано, може така сум осеќал пошто сум ги стругал забите, не знам што. Неколку месеци трпев, не ми пројде. Денеска закажав пак да идам, отидов, и истиот муабет. Ми напраија некоја мала корекција, пополнување дупка или не знам што, али вика дека никој досеа не се пожалил дека го боли заб од јадење благо. Ми викаат нема што да ти се праи, би требало да си добар, ако пак те боли, тука сме, дојди. Тоа се деси пред пола саат, али сеа осеќам дека ништо не ми е поправено, малце да гризнам со забите одма пак осеќам болка. Ќе причекам до утре дали ќе ми пројде, али пошто не верувам, ако не ми пројде што да праам? Да идам на друг забар? Што може да е проблемов, како да се реши...

Се напнав више ебате, од ништо нешто ми напраија.
 
Потполно истава ситуација ми се случи и еве после 2 години уште ме болат забите од благо. Веќе се навикнав да џвакам благо само со секачите.
 
Едно прашање . Прв пат прв заб пломбирав во октомври 2013 година , и оваа пролет пломбирав уште 8 други заби на разни места , значи не се забите сите што го имам пломбирано еден до друг туку се оддалечени едни од други . И сум требал уште 2 заби да пломбирам ми кажа стоматологот . Па прашувам ако некој овде знае што се случува по ѓаволите со моите заби , само пломбирам и пломбирам заби а крајот никаде го нема на ова пломбирање заби . Што работа е ова со забите , ги мијам редовно забите и се и пак само сум имал расипан заб и само пломбирам заби . Од октомври 2013 до понеделник 9 јуни вкупно 9 заби имам пломбирано , плус уште 2 треба да пломбирам . Ако се продолжи со ова темпо јас за една максимум две години сите можни заби ќе ги имам пломбирано . Ако може некој да каже ако му е нешто познато со овој проблем , искуства и се ако може некој да сподели би бил благодарен . Не знам веќе што да правам со забите .
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom