псалм ко псалм, нем историска вредност како другите книги пример излез, битие.... тоа се стихотворби кои не мора да значат дека се случиле, али зато кога во излез (историски) пиши дека Мојсеј со бог лице в лице си праел муабети како со приател... е нема кај да бегаш, нема тука никаква граматика да те спасе
Како и да е,да оставиме настрана Псалми само да нагласам и те како има историска вредност и преку неа учиме да не се повторува грешките,но ете никој не ја сфаќа сериозно историска вредност.
Мојсеј имал желба да ја види славата на Господ Бог,самиот Бог меѓу другото рече: ...не е можно човек да Ме види Мене и да остане жив. 2Мојс.33:20.
Кога некои луѓе дури и јас или ти посакуваат да го видат Бога,тие и не помислуваат колку се наивни во таа своја желба.Еве ние одвај можеме да фрлиме поглед и во сонцето коешто оддалечено од нас дури 150 милиони КМ ,а посакуваме да го видиме Бога! А Библијата ни објавува дека .....Господ,Твојот Бог е оган којшто спалува...5Мојс.4:24.
Значи Бог е оган,Бог е безграничена енергија,Бог е отелотворена сила и моќ и воопшто не е наивна желбата да се види Бог,покрај сето тоа Бог е и апсолутна светост,безгрешност и праведност и не поднесува грев пред Себе! Кој од нас би можел да се појави пред Бога ,а камоли да Го види?
Исус вели ,,Блажени се чистите по среце,оти тие ќе го видат Бога,,
Или Јован што пиша: Возљубени,сега сме божји деца,но се уште не се покажа што ќе бидеме.Но,знаеме дека,кога ќе се покаже ТОЈ,ќе бидеме слични на Него,зашто ќе го видиме каков што е.! 1Посл.на Јован3:2
Затоа батка биди благодарен што не можеш сега да го видиш Бога оти тоа би значело и твоја предвремена смрт
