- Член од
- 17 јануари 2014
- Мислења
- 581
- Поени од реакции
- 832
„Оставете ги да се убијат доколку патувале половина Земјина топка само за да го донесат нивниот менталитет тука“, ова е коментарот на Фејсбук под веста на австралискиот Канал 7 Њус за масовна тепачка на стотина Македонци и Африканци кои се тепале меѓу себе во градот Перт.
Фејсбукот покрај за објавување на оваа вест е искористен и да се закаже овој „тепачки клуб“ како што го нарекоа австралиските медиуми.
Приказната е дека етничката нетрпеливост меѓу двете групи прераснала во закажана тепачка по Фејсбук на која се собрале околу стотина Македонци и Африканци.
Тепачката била пријавена во вторникот навечер кога граѓани на Перт забележале дека во близина на рекреативниот и шопинг центар во населбата Мирабука огромна група луѓе се тепала во отворен амфитеатар кој требало да служи за одмор на тамошните граѓани.
Полицијата интервенирала, но македонската и африканската група ја префрлила тепачката на блискиот паркинг. Тогаш десетина полицајци влетале во групата и со спрејови ги прскале хулиганите в лице, по што успеале да ја разбијат групата. Бил уапсен 19 - годишен маж кој недостојно се однесувал кон полицијата.
Австралискиот ТВ канал „Севен њус“ објави дека двете спротивставени групи се Македонци и Африканци. Причината за тепачката се уште не е откриена, а полицијата ги проверува снимките од безбедносните камери за да ги открие тепачите.
Интернет портали во Македонија објавија повеќе фотографии од друга тепачка на белци и црнци во Перт која се случила минатата недела за да го илустрираат Фејсбук двобојот меѓу Македонци и Африканци.
Инаку, населбата Мирабука во Перт е позната како сиромашна населба со голем број на доселеници каде безбедноста е на ниско ниво, а криминалот и улично дилање дрога е големо. Мирабука на абориџински значи соѕвездие Јужен крст, а таму има и македонски иселеници.