Славија со ШЕСТАРДА ги поздрави Шумарите во Илинден
Лесен триумф во баражот, СЛАВИЈА Пржино-Влазними Оризаре 6-2 (2-1)!
Поради финансиски проблеми, тимот немаше организиран превоз за фановите, како што имаа пример Влазними, Љубанци, Петровец...
Ама сепак се најдоа неколку будали во своја режија да дојдат на овој меч, плус со помошта од месното население, се собравме 20-тина Македонци на трибините
Влазними имаа околу 50-тина фанови дојдени со организиран превоз од клубот.
Имавме разбрано дека Влазними годинава ниеден меч не изиграле, уствари во таа лига воопшто не се играле мечеви, туку си ги пишувале резултатите како што ќе им прднело и ги пријавиле Влазними како први. Сите играчи на Влазними имале направено лекарско ДЕНЕСКА, што апла се знаеше дека играчите им се собрани од други екипи како Беса и Башкими, а можеби и некои други екипи...
На најавата на мечот спикерот имаше направено катастрофална грешка, ги најави Влазними како ПРЖИНО. Славија против Пржино
Само што почна мечот Славија покажа кој е фаворит.
Голманите на Влазними беа трагедија. И првиот и неговата замена, којзнае кај ги имаа собрано.
Уште во првата акција имавме шанса, топката ги прескокна противничките дефанзивци, дојде до Гажевски кој ја погоди стативата со удар од страна...
Во следните минути имавме слободен од 40-тина метри. Амза директно шутираше во голот, топката мина под рацете на голманот на Влазними со што Славија поведе со 1-0.
Нареден прекин, нов гол. Изведен корнер од страна, мешаница пред голот на Влазними по која Наковски натрча и погоди за 2-0.
Малце се оппуштивме па Влазними почна да напаѓа, но без многу шанси. Сепак негде во 30-тата минута, нафрлија во нашиот шеснаесетник, нашата одбрана згреши, по што нивниот напаѓач лесно намали на 2-1.
Тука беа единствените моменти во кои Влазними беше подобар противник. Судијата не оштети неколку пати во овие моменти, што наиде на негодување кај фановите на Славија
Сепак издржавме на налетите на Влазними и на полувреме се отиде со 2-1.
Само што почна вториот дел, имавме корнер по кој домаќините си дадоа ефектен автогол
Не можеа да одат веќе во второто полувреме, а голот го дадоа благодарение на судијата то не дигна офсајд. Нафрлија до играч кој беше во офсајд, и по мешаница намалија на 3-2.
Сепак тоа ништо не значеше, затоа што по некоја минута Амза по мешаница пред нивниот гол зголеми на 4-2.
Славија продолжи со нападите, и утнавме две чисти шанси преку Наковски и Костадинов.
Потоа Наковски изби во контра го мина и голманот и зголеми на 5-2.
По слична контра, Арсовски искочи пред гол, но ја додаде до Наковски кој стигна до хет-трик за конечни 6-2!
Останува ждребката во среда. Останавме, ние, Љубанци и Лепенец. Една екипа директно ќе иде понатаму, другите ќе играат бараж.