Фан Клуб: Славија

Член од
11 октомври 2013
Мислења
20
Поени од реакции
8
Каде се играат утакмиците? Кој е неутрален терен?

По се изгледа дека само оваа сезона има таков ЛУД бараж..
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.921
Поени од реакции
73.332
Каде се играат утакмиците? Кој е неутрален терен?

По се изгледа дека само оваа сезона има таков ЛУД бараж..
Врска немам кај ќе се игра, тоа дополнително се утврдува :D
Дел од утакмиците ќе се играат кај нас...
Во првото коло има само три парови, па значи ќе играат на три терени...
Едната ќе се игра во Пржино, а другите би требало на Алумина и во Маџари или пак во Илинден.
Мислам дека горе-доле тие треба да бидат терените, пошто ние неможеме да играме во Пржино, значи преостанува Алумина, Илинден, Маџари или можеби Марино.
 
Член од
11 октомври 2013
Мислења
20
Поени од реакции
8
Баш интересно и возбудливо. Ме интересира кој ќе има најголема среќа..

Поздрав до бившиот капитен и побрзо да оздрави.
 
Член од
10 мај 2014
Мислења
9
Поени од реакции
3
Не не посака многу ждребката, мада целиов систем е тешко срање, којзнае како ќе се одреди кој ќе оди во трета лига...
Место 12 екипи се пријавија само 9, и баш ние немавме среќа да паднеме со некои што не се пријавиле и да скокнеме некоја рунда.

Пријавени се:
Славија како први од ОФС Кисела Вода
Вардар 75 како втори од ОФС Кисела Вода
Љубанци како први од ОФС Скопје
Лепенец како втори од ОФС Скопје
Петровец како први од ОФС Гази Баба
Гоце Делчев како втори од ОФС Гази Баба
Влазними Оризаре како први од ОФС Липково
Речица како први од ОФС Куманово
ЧСК Четирци како втори од ОФС Куманово

Значи ОФС Кратово не пријавиле ниедна екипа и плус од ОФС Липково нема втора екипа...
Е сега од овие 9 екипи, дел ќе изиграат по три меча, а некои два па дури можеби и само еден меч...



Во недела го играме првото коло со ЧСК Четирци како второпласиран од Куманово, а наредната недела вкрстуваме со Влазними од Оризаре кој нема противник во првото коло.
Ако ги поминеме двете кола, тогаш со уште две други екипи влагаме во ждребка, во која ќе се одреди еден пар чиј победник оди во трета лига, а оној кој ќе остане по ждребката директно оди во трета лига.
A зашто не не посака ждрепката :)[DOUBLEPOST=1400875215][/DOUBLEPOST]
Врска немам кај ќе се игра, тоа дополнително се утврдува :D
Дел од утакмиците ќе се играат кај нас...
Во првото коло има само три парови, па значи ќе играат на три терени...
Едната ќе се игра во Пржино, а другите би требало на Алумина и во Маџари или пак во Илинден.
Мислам дека горе-доле тие треба да бидат терените, пошто ние неможеме да играме во Пржино, значи преостанува Алумина, Илинден, Маџари или можеби Марино.
Вториот натпревар се игра на Илинден :)
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.921
Поени од реакции
73.332
Па подобро ќе беше воопшто да немаме противник во првото коло.
Ама на крај така и ќе биде, Четирце се откажале и директно одиме во второ коло кое се игра нареден викенд, а противник ни е Влазними од Оризаре.
 
Член од
10 мај 2014
Мислења
9
Поени од реакции
3
Uv
Па подобро ќе беше воопшто да немаме противник во првото коло.
Ама на крај така и ќе биде, Четирце се откажале и директно одиме во второ коло кое се игра нареден викенд, а противник ни е Влазними од Оризаре.
Браво :) не се игра значи :)
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.921
Поени од реакции
73.332
Официјално во недела од 17 часот на тернот во Илинден, Славија-Влазними :D
 

Harry Potter

Imperius
Член од
14 септември 2005
Мислења
2.551
Поени од реакции
1.547
од кај се овие Влазними?
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.921
Поени од реакции
73.332
Славија со ШЕСТАРДА ги поздрави Шумарите во Илинден :icon_lol:
Лесен триумф во баражот, СЛАВИЈА Пржино-Влазними Оризаре 6-2 (2-1)!

Поради финансиски проблеми, тимот немаше организиран превоз за фановите, како што имаа пример Влазними, Љубанци, Петровец...
Ама сепак се најдоа неколку будали во своја режија да дојдат на овој меч, плус со помошта од месното население, се собравме 20-тина Македонци на трибините :icon_mrgr:
Влазними имаа околу 50-тина фанови дојдени со организиран превоз од клубот.

Имавме разбрано дека Влазними годинава ниеден меч не изиграле, уствари во таа лига воопшто не се играле мечеви, туку си ги пишувале резултатите како што ќе им прднело и ги пријавиле Влазними како први. Сите играчи на Влазними имале направено лекарско ДЕНЕСКА, што апла се знаеше дека играчите им се собрани од други екипи како Беса и Башкими, а можеби и некои други екипи...

На најавата на мечот спикерот имаше направено катастрофална грешка, ги најави Влазними како ПРЖИНО. Славија против Пржино :pos:
Само што почна мечот Славија покажа кој е фаворит.
Голманите на Влазними беа трагедија. И првиот и неговата замена, којзнае кај ги имаа собрано.
Уште во првата акција имавме шанса, топката ги прескокна противничките дефанзивци, дојде до Гажевски кој ја погоди стативата со удар од страна...
Во следните минути имавме слободен од 40-тина метри. Амза директно шутираше во голот, топката мина под рацете на голманот на Влазними со што Славија поведе со 1-0.
Нареден прекин, нов гол. Изведен корнер од страна, мешаница пред голот на Влазними по која Наковски натрча и погоди за 2-0.
Малце се оппуштивме па Влазними почна да напаѓа, но без многу шанси. Сепак негде во 30-тата минута, нафрлија во нашиот шеснаесетник, нашата одбрана згреши, по што нивниот напаѓач лесно намали на 2-1.
Тука беа единствените моменти во кои Влазними беше подобар противник. Судијата не оштети неколку пати во овие моменти, што наиде на негодување кај фановите на Славија :icon_mrgr:
Сепак издржавме на налетите на Влазними и на полувреме се отиде со 2-1.
Само што почна вториот дел, имавме корнер по кој домаќините си дадоа ефектен автогол :icon_mrgr:
Не можеа да одат веќе во второто полувреме, а голот го дадоа благодарение на судијата то не дигна офсајд. Нафрлија до играч кој беше во офсајд, и по мешаница намалија на 3-2.
Сепак тоа ништо не значеше, затоа што по некоја минута Амза по мешаница пред нивниот гол зголеми на 4-2.
Славија продолжи со нападите, и утнавме две чисти шанси преку Наковски и Костадинов.
Потоа Наковски изби во контра го мина и голманот и зголеми на 5-2.
По слична контра, Арсовски искочи пред гол, но ја додаде до Наковски кој стигна до хет-трик за конечни 6-2!

Останува ждребката во среда. Останавме, ние, Љубанци и Лепенец. Една екипа директно ќе иде понатаму, другите ќе играат бараж.
 
Член од
11 октомври 2013
Мислења
20
Поени од реакции
8
Сакам среќата да не послужи за директен пласман, заслужуваме.
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.921
Поени од реакции
73.332
Заборавив да споменам дека заменик капитенот Апостоловиќ изигра маестрална партија, како и неговиот партнер во одбраната, капитенот Мандаров. И двајцата со своето искуство беа предводници на одбраната, а особено Апостоловиќ кој практично и да не загуби дуел на теренот.
Иако не постигна гол, сепак според фановите на Славија беше можеби и најдобар играч на теренот :D

Да се пофали и екипата на Влазними за фер и коректната игра. Не беа класична екипа од Албанските села кои кршат нозе секоја утакмица. Играа фер, се извинуваа при секој неспретен фаул итн.
Спикерот им мавна добра заебанција :D
Кога даваше Славија гол, ечеше ГОООООООООООЛ на звучниците, а они кога дадоа гол викаше: Славија води 2-1, Славија води 3-2... хахаха
Којзнае каков пијаница беше спикерот, едно презиме не погоди на нашите фудбалери, а на противниците и името на тимот им го утна.
Битно ја пушташе химната на Ливерпул и химната на ЛШ, а околните Комити и нас на трибините не поздрави со Битола мој роден град :icon_lol:
 
Џ

Џонтра Волта

Гостин
И според рејтингот на публиката за човек на натпреварот е избран играчот со број 4. :pos:
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.921
Поени од реакции
73.332
Среќата не не посака и ќе мора за пласман во трета лига да одиграме уште еден меч.
Финалната рунда на баражот одново ќе се игра во Илинден, а противник ни е познатиот ривал од Бардовци, екипата на Лепенец. Лепенец во минатава рунда го совлада Гоце Делчев на пенали, а позитивно за нас е што нивниот најдобар дефанзивец доби црвен картон и нема да игра против нас :D
 

Kajgana Shop

На врв Bottom