Економски факултет (reloaded)

Член од
17 декември 2008
Мислења
4.232
Поени од реакции
3.868
Да, точно е тоа што го збори @Инзаги дека испитот што се паѓа е со тежина во однос на тоа колку е расположен професорот. Али не се сложувам за јануари затоа што сите што ги знам положија и рекоа дека бил многу лесен. Во мојот случај од лани во јуни тестот го праеше лично Кирил и не беше премногу тежок, само што имаше 5 прашања од 20 вкупно кои беа поврзани со автори, нешто на кое никој не обрнал внимание. Јас лично на пример ги имав научено првите 5 глави само, а паднав со 40 поени, односно не бев положен за 2 прашања. А во август на пример тестот го праеше Стојан Дебарлиев и беше премногу лесен само што јас книга немав фатено пошто не планирав да го спремам отидов онака ради реда да се надевам дека ќе препишам нешто, но неуспеав и положив со 55 бода (6ка) и тоа во глобала се паднаа пола прашања од првите 5 глави, односно оние глави кои што ги спремав за во јуни, па ете нешто ми останало врежано во глава. :)
Не реков дека е тежок испитот во јануари ‘‘Испитот имаше 15 прашања,тежок незнам колку беше зошто знам многу луѓе кои рекоа дека имаат 10 сигурно точни и пак паднаа ‘‘.Мене лично ми беше лесен исто како и на голем број што го полагаа и пак паднав,иронија нели.. :D
 
Член од
14 октомври 2010
Мислења
5.143
Поени од реакции
16.061
Од септември имам менаџмент кај Шуклев, слушам морало да идеш на секое предавање за потпис. Ако не зеам потпис ќе треба само казна да платам или може да прави проблеми и за полагање?
Почни од втора/трета недела да одиш, кога пола ќе се откажат од предавањата, и бар ќе имаш место не за седење, али за дишење.
Ќе ви биде секако од 8 сабајле, 4-5 смера, во 7 и 20 најкасно за место да си таму. Башка А1 не е нешто голем.
Предавањето е ... не ти треба т.е, и така напамет треба да бубаш.
Али ако ти е за 10 поени да се малтретираш цел семестар да одиш, да стануваш во 6 саат, да тепаш време бадијала ... слободно. :D

Постари луѓе на факултетов - Прашања од колоквиумите/испитот во јануари за Фискален кај Гоцков да не ви текнуваат?
 
Член од
17 јануари 2012
Мислења
534
Поени од реакции
1.359

Ако не одам на предавања, освен нели што ќе си платам казна, може да положам на колоквиуми?
 
Член од
17 март 2014
Мислења
670
Поени од реакции
917
Ако не одам на предавања, освен нели што ќе си платам казна, може да положам на колоквиуми?
Мислам дека можеш иако во еден наврат он кажа дека колоквиумите не биле доволни ако немаш присуство и проект без презентација, ма да сеуште не сум сретнал таков случај дека некого бутнал заради тоа... само знам дека ако немаш присуство не ти дозволува да правиш проект.
 
Член од
18 март 2014
Мислења
19
Поени од реакции
1
Организациско однесување колку прашања има на испит, знае некој?
 
Член од
19 октомври 2012
Мислења
182
Поени од реакции
38
Може ли некој да ми прати линк од кај да симнам ewievs 6 по економетрија ми треба
 
Член од
23 декември 2013
Мислења
10
Поени од реакции
3
Ај некој совет за макроекономија на испит во јуни. Слушнав секоја сесија давал различен тип на прашања па ако можи некој од колегите кои полагале лани во јуни да сподели некоја информација???
 
Член од
10 јуни 2013
Мислења
47
Поени од реакции
22
Ај ако може некој да стави слики од крајните оценки по организациско. :unsure:
 
Член од
21 мај 2014
Мислења
8
Поени од реакции
1
nekoe prasanje po osnovi na finansii 2 semestar kaj Vesna Georgieva-Svrtinov od junska sesija da mi kazete ako znaete ???
 
Kajgana Shop

На врв Bottom