Факторинг во Македонија

  • Креатор на темата Креатор на темата Darvin
  • Време на започнување Време на започнување
Факторингот е непознат за македонските компании
Ристевски појаснува дека со оваа алатка која им стои на располагање на компаниите се надминува проблемот со одложеното плаќање, бидејќи се скратува рокот, а парите можат да се искористат за друга намена.

Напишано од
Рада И. Маневска
-
27/03/2018 12:54
463
Share on Facebook
Tweet on Twitter

Ако во Европа напатата на долг меѓу компаниите преку факторинг зафаќа 10 отсто од БДП, во Македонија тој процент е незначителен. Компаниите скоро и да не се информирани за можноста побрзо да го наплатат долгот преку факторинг компании, банките или осигурителните друштва и парите да ги искористат за развој на бизнисот.

Ова беше речено на денешната конференција на тема „Факторинг како финансиско решение што овозможува раст на малите и средни претпријатија“ организирана од Проектот на УСАИД за Факторинг во Стопанска комора.

– Со факторингот фирмата може навреме да ги наплати фактурите без вообичаено да чека 60 до 180 дена, може да обезбеди капитал за до го води бизнисот, да ги исплати добавувачите и вработените, како и да го поттикне својот раст и развој – вели Ловре Ристевски, шеф на проектот на УСАИД.

Ристевски појаснува дека со оваа алатка која им стои на располагање на компаниите се надминува проблемот со одложеното плаќање, бидејќи се скратува рокот, а парите можат да се искористат за друга намена.

– Единствено што треба да направи компанијата која треба да го наплати долгот е да побара од факторинг компанијата, банката или осигурителното друштво да ја преземе наплатата на долгот и веднаш да ги добие парите. Се разбира факторинг компанијата ќе го наплати долгот во периодот за кој е постигнат договорот, но за одредена камата – појаснува Ристевски.

Тој информира дека компаниите кои извезуваат и соработуваат со Македонска банка за поддршка на развојот (МБПР) за факторингот дознале при осигурувањето на извозот бидејќи се нуди како придружен производ од банката.

Компаниите кои веќе биле дел од проектот на УСАИД околу 80 главно имаат забелешка на високите камати.

Ова, како што изјави и министерот без ресор Зоран Шапуриќ, по конференцијата, го посочиле компаниите и на средбите со него.

Шапутиќ истакна дека подобрувањето на бизнис климата за малите исрдни компании е владин приоритет, а во тие рамки и развојот на факторингот како алатка за раздолжување на компаниите како и зголемување на средствата во МБПР и значителното намалување на каматите

Дејан Барбутовски од факторинг друштвото „А.Б.С Факторинг“ од Словенија, кој беше панелист на денешната конференција, рече дека компаниите треба да знаат дека преку факторингот можат да ја одржуваат ликвидноста, но и да го финансираат растот.

– Во регионот Словенија има поразвиен пазар од другите, а процентот на наплата на долговите на ваков начин зазема три отсто од БДП или 1,2 милијарди евра. Тоа може да биде поттик и за македонските компании – рече Барбутовски.

Проектот за факторинг на УСАИД ќе се реализира во период од три години. Започнат е во октомври 2017 година и има цел да ја зголеми конкурентноста на малите и средни компании и проширување на нивните пазарни можности преку исокористување на алтернативните извори на финансирање.

До сега, тркалезните маси работилниците и конференциите ги посетиле 80 компании, што како што рече проект менаџерот Ристевски, е доволен податок дека компаниите почнуваат да се интересираат и за оваа можност на финансирање на своите проекти.[DOUBLEPOST=1522154493][/DOUBLEPOST]
а која е разликата во однос на кредит?
„Гаранција“ се фактури и директна исплата на средства. Во основа е продавање на обврски со дисконт. Слично е во пракса со кредит, ама според мене е повеќе како ликвидација. Во пракса е прави нов сектор кој живее од неликвидност....нешто како банки. Финтата е што од еднаш фирма со многу обврски и има долг а остварува добивка, бележи раст на кеш и генерира загуба. Заебано ако сакаш да процениш фирма, цената ќе варира од дисконтот на факторинг. Плус и се прави нов сектор кој прави пари од неликвидност директно. Финансиски инжињеринг во МК. Ако неможеш кредит зимаш факторинг и пак имаш кеш. Мислам дека ќе преживуваат подолго лоши фирми.
 
Последно уредено:
За некој е непозната, некои ова одамна го работат. Све е то релативно.
 
Последно уредено:
Проблемо со факторингот во МК е што нема последица од каснење со плаќање.. Во САД кон било кој клиент да не платиш точно во рокот следи намалување на кредитен рејтинг и се соочуваш со полоша бизнис околина како последица..

Кај нас кредитен рејтинг е само за банките..

Од таму не можеш да да му речеш за 60 дена рок на плаќње ќе ти земам фиксно 2% дисконт на фактура.. Затоа што нема да бидат 60 дена... Ќе бидат поќе.. И што е најлошо ако се повеќе прашање е колку тоа ќе се рефлектира во кредитниот рејтинг на неплаќачот.. тој ќе плати,, ама за 90 дена наместо за 60 а оваа недисциплина нема да му ги влоши условите за бизнис... Затоа не можеш да му ја кажиш цената унапред, туку мора да му речиш ќе ти ги откупам побарувањата нека ми платат мене, ама јас ќе задржам одреена камата за периодот дури не ми имаат платено.. Т.е ќе се сведи проблемот на класичен кредит од банка... што пак можи ќе кошта и помалце ...

Затоа нудат факторинг за бизнси што се принципелни во плаќањето како на пример Телеком или некој такви големи корпорации кои малтене го имаат автоматизирано процеост на плаќње за парите да заминат точно на 60тиот ден. Бизниси кај што нема емоции, има пари, и 100% сигурна наплата и најбитно од се ако рокот е 60 дена, на 60тиот ден парите се префрлени..

Инаку факторингот може да биди рекорзивен и нерекорзивен во однос на тоа дали долгот по фактурата доколку не го плати должниот ќе го плати корисникот на услугата факторинг...

Знам за бизнис со камиони во америка дека многу користат факторинг и земаат 2%-3% за 60 дена. Но ако се случи некоја макар и мала компанија да плати на 61виот ден, или недај боже да закасни повеќе, одма се соочува со многу влошен кредитен рејтинг а со тоа цел сет на проблеми - од поскапи трошоци на финансираање (кредити), поскап лизинг, намалена доверба, губење на клиенти.. што се вели зборо телекомот нема да му верува да ги чека да ја платат сметката за телефон ќе бара унапред да ја плаќаат.... Голем проблем...

Кај нас касењто не е толкав проблем од таму и факторигнот не е некој бизнис.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom