Со оглед на тоа дека пред саат време дознав дека полагам математика, до сега плачев. За некои 5 минути планирам да се влечам и да ја тегнам мајка ми за суќња. Се разбира, сето тоа пропратено со солзи. Па ќе видиме.
Не бе, озбилно, шала на страна. Можда грубо звучеше, ама ќе бубаме, што ќе праиме.

Ако сега не можеме да научиме, на факсултет што праиме?

Башка одговорите кружат постојано. И мене не ми е по ќејф, нејќам цел викенд да ми пројде во листовите математика, ме мрзи само да прочитам 400 прашања, а не пак да ги учам, али така требало да биде (
да се стави кај на се', те молам не не плачиии, по својот пат ти продолжиии).
Али од друга страна, математика имам константно 3че, па немам што да изгубам. Лани другар све заокружил од а.) и извлече 3че. Така што и среќата е доста битен фактор.

Ај, со срејча и мислам доволни се темиве за екстерно.
