Секој со свои правила во животот, ја со моите па да видиме кој ќе зачува брак после 50 години минимум
Со или без љубомората, нема општо прифатени правила за успешен брак..Некому тоа му одговара некому не...Затоа бираме со кого сме.Сите сме различни и ни сметаат различни работи...За мене љубомората не е проблем.Неискреноста криењето лажењето дека немаш привлечност за другарка ти, се проблеми во една врска или брак.
Иначе не сум во брак грешка си..
Дека пишуваше за себе, а темата е "другарка на сопругот" нормално претпоставив по некоја логика дека збориш од искуство во таква заедница. Да, секој со свои правила, и точно, нема општо прифатени рецепти за успешен брак. Но има општо прифатени фактори кои влијаат негативно врз брак (и обични љубовни врски). Кај сите бракоразводни постапки, надвор од формалноста, ако се истражат корените на пропаста на бракот, елементот што се повторува е секогаш љубомората (оправдана, неоправдана, единечна, взаемна, или поттикната од трета страна итн.).
Љубомората сади сомнежи. Сомнежите раѓаат параноја и ирационални (некогаш може и оправдани) стравови. Стравовите размножуваат деструктивни сценарија кои го цепат на делчиња тоа што сте граделе доста веројатно со години наназад. Дали ти си љубоморната страна, дали он, дали двајцата, не е важно. Мала доза љубомора е доволна да се покаже грижа, но ова што го пиша мене ми изгледа како презаситеност. А таквата љубомора покажува недостаток на доверба. Во врска или брак, која е поентата тие да постојат ако се нема доверба?
Ова не е натпревар инаку кукличке, па да мериме кој подолга врска/брак ќе има. Јас сум се уште премлад и премногу зелен за брачни води, имам уште многу леб да јадам, и уште многу драми на љубовно поле пред да дојде брак на ред (дај боже, само не овде во МК тоа сигурно). Ни јас немам правила од типот "how to..." за бракот, но имам "how not to.." кои знам дека се присутни како причинители за разводи врз база на туѓи искуства од луѓе во врски или брачни води. Викаат, паметниот учи од своите грешки, а мудриот од грешките на другите. Барем од тој аспект сум имал доста од кого да учам, и се уште имам доста за учење. За тебе љубомората не е проблем, како на тоа гледа твојот дечко? Не познавам дечко кој е тотално кул со тоа девојка му да е љубоморна, особено не до тој степен.
50 години минимум? Драга, гледај со твојот режим да го зачуваш дечко ти барем 5 години (ај да не речам месеци). Бракот носи и други проблеми, не само љубомората, дури и таа да е отсутна. Ама полесно е без неа. Од инает можеш да останеш со партнерот за да им докажеш нешто на другите или на себе, или да се убедуваш дека си направила правилен избор, или он дека направил правилен избор, но на што се сведува тоа? На одржување на фарса, ништо повеќе. Илузија пред семејството и пријателите. Има многу такви семејства во Македонија, пред сите глумат хармонија, а позади затворени врати не се поднесуваат. И на крај ќе прочитаме како некое навидум среќно семејство (според тие кои ги знаат) одеднаш ко на филм со ладно или огнено оружје си го скратиле бракот, воедно и животот, оставајќи позади себе луѓе во црно, тага, бес, и голема доза бунило, бидејќи нели среќните двојки кои никогаш не се скарале не ги замислуваш да се убијат едни со други.
Гледаш прерозово во однос на филозофијата која ја тераш. Сакам да ти укажам дека може да ти опали серија нус-појави за кои не си спремна да ги издржиш, ни сега, не па камо ли во брак.
PS: Tуууу па и ја што се распишав на темава, а подфорумов го немам отворено веќе месеци