Како изгледа Бог?

  • Креатор на темата Креатор на темата Triglav
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
Да бидам искрен, на темава немам многу прочитано, еднаш го подфатив стариот завет и го баталив во моментот кога господ де помилуваше де убиваше....Помислив..глеј го ликов дар мар прави...човек обичен....не вреди да се чита....И еве после толку време размислувам да се фатам за новиот завет (прочитав на форумов дека е добро да се скокне стариот) Инаку мојава прикаска односно внатрешните прашања за тоа дали бог постои или не, ми поминаа низ неколку фази...На почеток (во првата фаза) уште како дете доста често се колебав дали постои бог или не....тој богот на блиските (значи бог во форма на човек) пред кој оставаш шише масло за здравје или му плаќаш (имаш ценовник) за свадба и крштевка....не пиеше вода.....но во моменти на слабост *тест математика ) ке си речеш ИМАЛО БОГ. А бидејки детството не ми помина во мултикултурна заедница...првата прилика да почувствувам раѕличност беше неколку месечен престој во Сирија. Таму за прв пат видов како дисциплинирано луѓето се молат 5 пати на ден...по радиата се слушаат извадоци од куранот....а во тој период беше војната во Либан, па така имав прилика доста често да ги слушам гласовите на оџите полни со гнев..иако не ги разбирав. Згора на тоа, во тие земји дозволено му е на мажот да доведе друга религија, но не и на жената да замине во друга....Во тој период ми се искрши ликот на бог од детството и се самопрогласив за атеист....затоа што сватив дека религиите се на ниво на политички партии. Но сепак, и таа теорија не вроди плод.....па затоа се одлучив да го продолжам патот на кој застанав.....имам потреба да верувам! Имам потреба да се менувам! Имам потреба да се подобрувам! ПОкрај тоа би сакал да имам константно голема желба за сето тоа. Да постигнам константна добрина....без гнев, револт и инает... Вашите препораки и совети се добредојдени.
 
.

Уште пред да си почнал да се колебаш, ти си паднал од Единството со Тој/Таа/Тоа што е’!

п.с. И стариот завет е многу полезен за читање, се разбира, ако тоа го правиш во Христовиот Дух, Кој е пред и повеќе од секое Писмо и човеково сознание!

.
 
Еве како изгледам, не ме гледате?

261869_229599780394678_5525016_n.jpg
 
Деновиве ги проследив коментарите на повеќе теми во делот Религија. Многу интересни и начитано потврдени ми се гледаат ставовите на Лет 3, па ме инспирираа да поставам неколку прашања. Мој став е дека човек мора во нешто да верува. Дали е тоа буда, исус, алах....пустински камилар...има облик на човек...предмет..енергија....универзум....ѕвезда. ....

Многу ме интересира дали атеистите верувате во нешто друго...и ако не..како го објаснувате нашиот секојдневен ритам...на пример некои денови имаме бесконечна воља да нешто сториме....и тоа го правиме со леснотија и песна...а некогаш без причина немаме енергија да се дигнеме од кревет. Барем јас така си го толкувам сбојот бог. Бог не е ТОЈ ниту ТАА (за мене бог е константна енергија ведрина среќа и леснотија и не лик човечки) и кога неа ја немам....велам бог (енергијата) ме напуштил. Велам дека бог е со мене кога со леснотија наоѓам инспирација да пронајдам игра или две со која ке го разубавам денот на своите деца...а бог го нема кога ќе ги оставам да се тетерават од досада околу своите играчки а јас гледам во телевизорот а телевизија не гледам. и ред други примери.....не верувам во задргобен живот...цркви (читај партии за делба на еднаквоста и крвопролевање) и попови....а коледето и останатите си ги сакам заради традицијата што собе ја носат:)

Сепак, според мене постои некоја сила што ги сложува или растура камчињата на мозаикот...некогаш и 99% на труд и вложувања не се доволни без процентот на таа сила, среќа, универзум, енергија, верба или бог.

И читајќи ги редовиве, каде ме сврстувате? теист сум или атеист?

Мешаш многу работи...

Исус е СИНОТ(што до некаде го прави и него бог), буда не е бог и будизмот не е теистичка религија.

Он :

Зависи за кој бог зборуваме. Пример Тор или Зевс имаат портрети. Ако зборуваме за семоќниот од Авраамските религии би требало да е хуманоидна форма, но со оглед на тоа дека по некоја логика е семоќен тој може да си избере форма по желба па така не е ограничен на едно тело.

Оваа слика е најблиска за формата која ние обичните смртници сме во можност да ја замислиме...

morgan-freeman-god.jpg
 
.


Затоа ние отсега никого не познаваме по тело;
иако Христа Го познавме по телото,

но сега веќе (така) не Го познаваме.
(2 Коринт. 5:16)
.

... буда не е бог и будизмот не е теистичка религија.


:icon_lol:


.
 
Еве сеа слушав у емисија кај баба Рада се јави една и рече го видела Господ коа го гушнала докторот кој бил специјалист по психијатриа и ја исклучија од емисија:pos::pos::pos::pos::pos::pos::pos::pos::pos::pos::pos::pos::pos::pos::pos::pos::pos::facepalm::facepalm::facepalm::facepalm:
 
Бог се јавува во најразлични форми......еве една од нив
257310.jpg
 
Здраво дечки,.

Ова едно од најпоставуваните прашања за кои што нема точен одговор.
Секој си ја тера својата песна тоа сепак е релативно и индивидуално. Најголема битка се води со атеистите ( кое што нивното мислење во ова општество е многу пласирано во модерното живеење ) и верниците. Јас лично сметам дека бог ми е космичка енергија која ако ја примиш во себе таа ќе работи.

Во што и да сакаш верувај ако цврсто вериваш тоа ќе работи. ( плацебо ефект )

Имам премногу што да зборам за темава евентуално може со некој во приватна порака. Вака се поклопуваат коментари и многу е комплицирано.
 
Постојат многу богови, се разликуваат по древноста, карактерот, моќта кој аја поседуваат....
Најстариот Бог е Енки, пред него постоеа духови, но тој е прв Бог.
enki.JPG

Kај нас моментално е актуелен Исус (син на еврејскиот бог Јахве). За разлика од татко му кој е познат по изливи на бес, гнев, депресија... (емотивен бог), Исус е посмирен, повлечен, тивок (веројатно карактерот го наследил од мајка му Марија - обична жена еврејка - домаќинка која го роди Исус додека беше во врска со јахве)
 
Потребата да се верува во некоја натприродна моќ,сила,битие не е вродена во човекот туку таа е продукт на неговата свесност за несовршеност,незнаење,емотивна слабост,страв од неизвесноста.Тоа кај другите суштества на планетата не постои бидејќи тие самите немаат разум за да размислуваат и да си ги поставуваат суштинските прашања,кои сме,од каде сме,каков е почетокот на светот.Индивидуално секој од нас луѓето низ својот живот ја проживува психолошката еволуција на човечкиот род,ги бара одговорите,но доколку не е способен да ги прими тие одговори(на неодговорените прашања) тогаш се закочува во периодот на религиозноста и ритуализмот на човечката цивилизација.Која е основната одлика на сите богови,вклучувајќи го и старозаветниот Бог на Евреите-Јахве,тоа е со помош на војувањето да не заштити од другите луѓе кои веруваат во други богови,значи сите тие богови се богови на војната(Како што вика Исус,не дојдов да донесам мир,туку меч).Сега во 21 век,во векот на глобализацијата и технолошкиот напредок,сите ние кои сме подложни да веруваме дека нашиот Бог е подобар од другите и дека сите тие ќе ги уништи,сме на ниво исто како на Вахабистите од Блискиот Исток.
 
Еве како изгледам, не ме гледате?

261869_229599780394678_5525016_n.jpg
Молба.
Ако имате стара облека или нешто слично, ве молам да му ја испратите на Бог затоа што сиромавиот беснее на темата „Прашања до Атеистите„ и имам впечаток како ние да сме криви што оди во партали.
Еве јас планирав паќети за Србија и Босна, па ќе одвојам нешто и за Бог. Гревче е сиротиот тој.

Имаме јасна престава за Буда (дали навистина изгледал така, незз. можеби), Господ Бог, во Библијата пишува дека Господ човекот го создал по својот лик, самите донесете заклучок. Исламот строго забранува визуелно да се преставува ликот на Аллах (па и на Мухамед), јас тоа ќе го почитувам тоа и нема да го коментирам. Хинду, многу шарени слики и кипови. Имаат многу богови, но повеќето верници сакаат само еден или неколку бога (Вишну, Шива, Брама...). И митологијата има многу богови, секој Бог си има различен лик (пр. Прометеј, Атина, Зевс, Херакле, Марс, Венера, Плутон, Хера, Кукукан, Диос, Диониз, Шинто.....). Некои други верувале во тотеми (пр. Индијанците верувале дека потекнуваат од волците или дека се во нивно сродство). Јудеистите веруваат во Јахве.....имагу други божества, богови и религии.

Но како изгледа? Јас мислам никако, не постои.:)
 
Последно уредено:
Како може некој да ти каже како изгледа кога никој го нема видено ?
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom