Диети и слабеење

Член од
24 јуни 2009
Мислења
310
Поени од реакции
124
џабе ви се диети нема да успеете со нив...
 
Член од
24 јуни 2009
Мислења
310
Поени од реакции
124
незнам што ќе ви се тие ваши диети. сите сакате брз резултат само. да речеме ќе ја држите која било диета месец дена ќе ослабете еве 5 кг. и после што? завршила диетата и може да се вратите на старите навики и да јадете се и сешто? и пак ќе се здебелите и после пак диета. ако сакате убаво тело треба да си го смените животниот стил. треба да се навикнете на здрава храна и на вежбање во текот на целата година, а не сега 1 месец пред одмори сите диети. Јас мислам дека подобри совети ќе добиете во темата за исхрана во бодибилдинг и рекреација, него овде да се залажувате со некои магични диети.
 
Џ

ЏинЏер

Гостин
Неса, ти ја препорачувам дукан диетата. Според мојот сопруг, оваа (Дајмонд или УН диета, што значело андајет, а многу често е преведувана како диета на Обединатите Нации) диета е бесмислена и нездрава.

Дукан е добра. klik
На дното на страната имаш книгички во пдф и може да си симнеш рецепти.
Јас ја пробав, ама не ми одговара, многу ми се врти, ме боли главата, оти нема шеќер. Ако веќе си била некогаш на протеинска диета, мислам дека многу лесно ќе ти оди.

Има и една друга. Зона klik ovde
Toa фактички не е диета, можеш цел живот да се храниш така.[DOUBLEPOST=1401224851][/DOUBLEPOST]

Месо (пилешко, мисиркино, телешко немрсно), посно сирење, риба (конзерва во вода или печена на фолија, со мноогу малку маслиново масло), белките од јајцата, и тоа е. Мислам дека може да внесуваш малку шеќери, околу 40 грама, ама тоа треба да биде од зелена салата, не од чоколадо. Има и протеински прашоци, ама мислам дека тие се многу скапи.

Но ако сакаш да ослабиш 4 кила, со оваа диета ќе ги симнеш многу бргу.

Сите што сте на диета да не заборавате да пиете многу вода и да земате витамини, особено ако исхраната ви е без овошје и зеленчук.

Исто така, важно е да губите масти, а не мускулна маса.
Дукановата е добра диета, ама бара премногу издржливост.

Само од првата фаза, која трае околу 5 дена, се губат 3-5 килограми. Но ако не се тераат и останатите фази, џабе е. А ретко кој стигнува до 3тата и 4тата фаза, пошто првите две се оние кога навистина се слабее и стигнуваш до посакуваната тежина, а останатите се за одржување на истата (како што наведува Дукан: ВРЕМЕТРАЕЊЕ: ЦЕЛ ЖИВОТ). Обично, кога вагата ќе ја покаже посакуваната бројка, луѓето сметаат дека ја достигнале целта и се враќаат на нормалниот начин на исхрана, па килограмите брзо се враќаат.

Оваа диета најмногу ја применуваат оние кои имаат повеќе од 10, па и 20 килограми за губење, или па доколку им треба инстант губење на 5-6 килограми (за некој настан, свадба и сл.) кое не им е важно да биде долгорочно.

Се на се, диетата е стварно делотворна, познавам доста луѓе на кои им помогнала. И ја лично во два наврата ги имам држено првите две фази и првиот пат изгубив 11 килограми за месец ипол, вториот сега поскоро - 6 килограми за 3 недели.

Ако некој се реши да ја применува оваа диета, од голема помош ќе му биде книгата The Dukan Diet (може да се најде на Интернет), во која д-р Дукан во детаљ ја објаснува целата диета.
 
N

Nessa Alcarin

Гостин
незнам што ќе ви се тие ваши диети. сите сакате брз резултат само. да речеме ќе ја држите која било диета месец дена ќе ослабете еве 5 кг. и после што? завршила диетата и може да се вратите на старите навики и да јадете се и сешто? и пак ќе се здебелите и после пак диета. ако сакате убаво тело треба да си го смените животниот стил. треба да се навикнете на здрава храна и на вежбање во текот на целата година, а не сега 1 месец пред одмори сите диети. Јас мислам дека подобри совети ќе добиете во темата за исхрана во бодибилдинг и рекреација, него овде да се залажувате со некои магични диети.
Добро (y)[DOUBLEPOST=1401267019][/DOUBLEPOST]
Само од првата фаза, која трае околу 5 дена, се губат 3-5 килограми.
...
Се на се, диетата е стварно делотворна, познавам доста луѓе на кои им помогнала. И ја лично во два наврата ги имам држено првите две фази и првиот пат изгубив 11 килограми за месец ипол, вториот сега поскоро - 6 килограми за 3 недели.
...
Некако многу неверојатно ми стои ... баш се надевам дека е така

да те прашам само,
додека трае фаза 1, јадеш само месо без зеленчук и сл?
 
Последно уредено од модератор:
Џ

ЏинЏер

Гостин
Добро (y)[DOUBLEPOST=1401267019][/DOUBLEPOST]
Некако многу неверојатно ми стои ... баш се надевам дека е така

да те прашам само,
додека трае фаза 1, јадеш само месо без зеленчук и сл?
Да, само протеини. Варено месо, варени јајца и риба. Али тоа кратко трае, од 3 до 10 дена, во зависност од тоа колку кила сакаш да изгубиш. После тоа, постепено се воведуваат и други намирници.
Е сега, кај некои се губат повеќе килограми во првата фаза, кај некои помалку. Зависи тоа од самиот организам, од тоа дали често си држела диети претходни и слични фактори. Најдобро симни си ја книгата, многу добро е објаснето се таму.
 

%naked%

born to be wild
Член од
28 мај 2013
Мислења
550
Поени од реакции
1.480
Мислам дека сите сте запознаени со Дајмонд диетата (1 ден месо со салата, 2 ден вариво со салата, 3 ден тестенини, 4 ден овошје)
Денес додека ручав, колешката ми кажа дека не треба да јадам месо и салата одеднаш, туку прво да го изедам месото, потоа салатата...
Дали некој е повеќе запознаен со ова? Дали ја држам Дајмонд диетата како што треба??
Благодариме! <3
Оваа Дајмонд ми личи на УН диетата:confused:
Ако е УН тогаш кркај заедно месо и салата.На пример Цезар салата без прелив.
Јас бев на УН и беше супер,ослабев .Имав кризи ,ама имав и помош од партнерката со која ја почнавме заедно.
Си водевме дневник и се бодревме ,а и заушки си мававме(виртуелни):D
 
Член од
11 ноември 2009
Мислења
2.809
Поени од реакции
2.631
џабе ви се диети нема да успеете со нив...
кој ти вика ,еве јас со диета ослабев за 6 месеци 10 кг и уште сум на диета,секако комбинирано со вежби а не само изгладнување
 

Rew

Член од
20 мај 2014
Мислења
3
Поени од реакции
0
Здраво, ми требаат неколку совети.

Последнава година се здебелив околу дваесеттина килограми, најпрво тежината ми варираше помеѓу 65кг-67кг. Ја намалив физичката активност и воопшто не обраќав внимание на исхраната. Сега имам 85кг, често пешачам по десеттина километри, се трудам да внимавам на исхраната но ништо посериозно. Доколку некој имал искуство со сличен проблем или некој е фитнес тренер би сакал да ми помогне во врска со диетата и физичката активност која можам дома да ја одработувам. Планирам да ја намалам тежината за околу 20кг. Фала.
 
Член од
13 март 2014
Мислења
691
Поени од реакции
142
Дечки од вчера сум на диета :) ЕТе денес сум јадена само 2 тањирчиња бистра супа, кафе и зелен чај... сега си направив млеко со бисквити, мелени ореви и бадеми, малку кокос, цимет, суво грозје....па пријатен ручек :icon_lol:
 
Член од
6 јули 2011
Мислења
3.829
Поени од реакции
7.711
Некако многу неверојатно ми стои ... баш се надевам дека е така

да те прашам само,
додека трае фаза 1, јадеш само месо без зеленчук и сл?
Неса, со ДУкан диетата се симнуваат многу бргу килограмите. Важное да се тера до крај, за да не се вратат.

Првата фаза не смее да биде подолга од 10 дена. Ако сакаш да ослабиш:
- 4 -5 kg – 2 дена
- 9 kg – 3 дена
- 18 kg – 5 дена
- 18 kg па нагоре – 7 максимум 10 дена

Дозволени намирници:
-телешко и говедско (филе)
-пилешко и мисиркино(гуска и патка не) без кожа
-салама од пилешки гради и шунка од мисирка
-морски плодови и риба (може и конзерва, но да биде во саламура, не во масло)
-јајца: белките неограничено, жолчки дозволено до 4 неделно
-млеко и јогурт со низок процент на маст,
- посно сирење

Подготвување на храната: се пече во тефлонски садови или на скара или во рерна или се вари
Значи: ПРЖЕЊЕ НЕМА!
Во оваа фаза не се препорачува вежбање. Треба да се јаде обилно и да не се прескокнуваат оброците.
Не смее да се користи масло или маргарин при подготовка на јадењата, не се додава шеќер, овошје или сируп, не се користи кечап, се редуцира солта.
Дозволено е користење на зачини, оцет, кромид, лук, магданос, мајчина душичка, сол и сенф (сенфот многу го подобрува вкусот).

Може да се јаде во неограничени количини кога ќе се почувствува глад. Се пие многу вода, и пожелно е да се пијат витамниски апчиња.

Јадењето само протеини може да предизвика запек, па се препорачува навечер да се земе филџан јогурт со овес (така го преведува гуглтранслејт, на германски се вика Haferkleie).

Втората фаза е слична како првата, само се додава зеленчук. И јадеш 5 дена протенини со зеленчук, 5 дена само протеини додека не ја постигнеш саканата тежина.
Дозволени намирници кои се додаваат на оние од првата фаза се:
Домати, краставици, ротквица, спанаќ, брокула, праз, зелка, габички, целер, коморач, тиквички, патлиџан, пиперка, зелена салата, морков, репка.

Забранети намирници:
Ориз, компир, пченка, грашок, грав и леќа.
Масло и понатаму не смее да се користи, може да се користат тн. dressing без маснотии (сок од лимон, јогурт, зачини, оцет).
Трета фаза
Нејзиното траење се пресметува на слениот начин: бројот на изгубените килограми се помножува со 10 и толку дена ќе трае оваа фаза.

Се јаде како и во претходната фаза и се додава следнови:
-1 овошка дневно, но не банана, грозје, цреши, ореви, бадеми, лешници
- 2 парчиња леб од интегрално брашно
- до 400 гр сирење дневно
- 2х неделно оброк од скроб (тестенини, ориз и сл.), но треба да се избегнува додавањето масло, значи по нашки кажано без запршка
-еднаш или двапати неделно може да се конзумира јагнешко, свинско или шунка
- два оброка по избор што вклучуваат и десерт и вино, но да не бидат во два дена еден по друг

Еден ден во седмицата мора да биде чист протеински, како во првата фаза

Четвртата фаза
Одберете еден ден во седмицата кој ќе ви биде чист протеински, а другите денови јадете што сакате. Тоа трае до крајот на животот :)))[DOUBLEPOST=1401459911][/DOUBLEPOST]Мое искуство во врска со Дукан:

Уште на вториот ден почна да ми се гади од посното сирење и од варените јајца. Имав вртоглавици, гадење и почна да ме боли главата. ДОмаќинот вели дека тие што не биле на ваква диета никогаш, ги имаат тие симптоми и дека треба две три недели да се навикне мозокот дека нема шеќер. Мене тоа ми беше долго, па апнав една бонбона и мислам дека ми се раздени!

Е сега, бидејќи тој е на онаа протеинската, јас готвам само посно, а си јадам сладолед од време на време или коцка - две чоколадо. Правев и слатки работи со стевија, ама баш имаа вкус на вештачко благо, па одлучивме кој кога има криза да си апне вистински шеќер.

Инаку организмот многу бргу се навикнува да не му треба слатко, значи ниту јас ниту тој не се тресевме за благо.
 
Последно уредено:

Psyside

Nocturnal
Член од
30 јануари 2009
Мислења
18.738
Поени од реакции
18.484
Првата фаза не смее да биде подолга од 10 дена. Ако сакаш да ослабиш:
- 4 -5 kg – 2 дена
- 9 kg – 3 дена
- 18 kg – 5 дена
- 18 kg па нагоре – 7 максимум 10 дена
Чекај чекај, 18 килограми за 7 дена? :D
 

Kajgana Shop

На врв Bottom