Факторинг во Македонија

  • Креатор на темата Креатор на темата Darvin
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
27 мај 2014
Мислења
5
Поени од реакции
0
Возраст
46
Здраво, ме интересира освен приватните компании кои нудат факторинг, дали некоја банка истот го нуди и практиткува, како и под кои услови? Не мислам на извозен факторинг, туку оној кој е наменет за домашни побарувања.
Немам сретнато таков производ на ниедна веб страна од банките во Мкд, а потребна ми е ваква информација.
п.с. отворив нова тема бидејки при пребарување истово беше спомнато само во една тема, но во друг контекст, ако не, ве молам соодветно префрлете ја.
 
Јас ја правев мојата магистерска теза на тема факторинг и по испитувањата што ги правев тогаш, само две приватни компании нудеа факторинг (претпоставувам знаеш кои се, штом ги спомна). Барав и по банките, ама немаше ништо такво. Тоа беше пред една година, не верувам дека нешто е сменето. Заинтересиран си да го користиш или? :)
 
Ne, pravam istrazuvanje za moznostite da se zapocne vakov bizis...
Dali znaes kako odi celokupnoto sledenje na naplatata?
 
Продаваш роба на некоја фирма-купувач на одложено плаќање, пример на 60 дена.
Склушуваш договор со факторинг фирма која ти ја плаќа фактурата веднаш ( цела или поголем процент ), а после тоа ( после 60 дена значи ) фирмата-купувач, наместо на тебе, парите ги префрла на факторинг фирмата.
За ова факторинг фирмата ти наплаќа одреден процент.

Освен приватни фирми ( јас знаев само за една во Македонија, сега гледам дека имало две ) мислам дека и една банка работеше факторинг.
Инаку, имаш државна институција во МК која сигурно работи факторинг кај нас.
 
А што сте толку мистериозни околу именувањето на фирмите? Јас сум скоро дипломиран економист и мислев дека факторингот го има само по Западот, де бекнете кои се тие фирми ..
 
Продаваш роба на некоја фирма-купувач на одложено плаќање, пример на 60 дена.
Склушуваш договор со факторинг фирма која ти ја плаќа фактурата веднаш ( цела или поголем процент ), а после тоа ( после 60 дена значи ) фирмата-купувач, наместо на тебе, парите ги префрла на факторинг фирмата.
За ова факторинг фирмата ти наплаќа одреден процент.

Освен приватни фирми ( јас знаев само за една во Македонија, сега гледам дека имало две ) мислам дека и една банка работеше факторинг.
Инаку, имаш државна институција во МК која сигурно работи факторинг кај нас.[/quote

Да, тоа е во суштина факторингот.
Мислам дека во моментов ниту една комерцијална банка не нуди факторинг, МБПР нуди извозен факторинг.
Но мене ме интересира за домашен. А ако имаш инфо, за која банка и институција станува збор?
 
Да, МБПР нуди осигурувања на побарувања и факторинг. Не знам дали имаат факторинг и на домашен пазар, за извозен знам. Ама знам дека имаат осигурување на побарување и на домашен пазар , сигурно.
За банка не се сеќавам, а и не сум многу сигурен, разговарав со некоја пред 2-3 години ( не беше некоја од големите Стопанска, Комерцијална..). Инаку тогаш ме инересираше само извозен факторинг, знам дека со сите што разговарав беше страшно комплицирана работа во пракса
 
Да, во пракса делува комплицирано за институциите (банки и/или приватни компании) во поглед на администрирање на откупените побарувања, додека за компанијата која го продава побарувањето, си е ОК.
 
Тешко да функционира во пракса, јас иако имам побарувања подолги од 60 дена не ги тужам компаниите, зошто во иднина се надевам на соработка пак со нив. Кај нас сите се знаеме, не постои бизнис без емоции...
 
Прашање е и колку е сега потребен со законов за финансиска дисциплина, како и тоа што го спомна погоре ахил.
 
Факторингот има друга улога, без разлика на Законот за финансиска дисциплина ...
Примет - Имаш договор со наплата на 60 дена , а тебе ти требаат во меѓувреме пари за обртни средства за нормално функционирање на фирмата. Фирмата-купувач е ОК и ти плаќа на 60 дена, не статува збор за некоја придобивка од новиот закон.
Со факторинг обезбедуваш пари веднаш ( наместо да земаш краткорочен кредит)
 
Факторингот е фантастична алатка, за фирмите да можат непрестано да тераат работа и да се финансираат. Она што е проблем кај нас за реализација на истиот е што воопшто не е регулирано (има само дефиниција за тоа што е во 2-3 закони и тоа дека можат да го вршат банки и финански друштва). @Darvin во која смисла мислиш како оди следењето на наплата? Како компанијата фактор ќе го обезбеди наплаќањето или? Претпоставувам ти си заинтересиран да започнеш бизнис како фактор?
Во однос на тоа кои компании го нудат, во Македонија има две Фактор Труст и Еуро Мк. МБПР исто така нуди факторинг, меѓутоа само извозен (компаниите што извезуваат можат преку МБПР да добијат пари веднаш итн.).
Законот за финансиска дисциплина, ако функционира како што треба, само ќе ја олесни употребата на факторингот. Со тој закон должникот мора да плати во одредениот период, а компанијата продавач имајќи го тоа предвид полесно ќе ги продава своите фактури на фактор компаниите, затоа што нема причина да го жали должников или ради идни бизниси да му дава плус време за наплата. Пак ќе кажам, ако функционира како што треба тој закон. Најголемите должници во МК се државните институции, а за истите и самиот закон е помек, со што многу малку би сменила примената на тој закон.
 
Факторингот има друга улога, без разлика на Законот за финансиска дисциплина ...
Примет - Имаш договор со наплата на 60 дена , а тебе ти требаат во меѓувреме пари за обртни средства за нормално функционирање на фирмата. Фирмата-купувач е ОК и ти плаќа на 60 дена, не статува збор за некоја придобивка од новиот закон.
Со факторинг обезбедуваш пари веднаш ( наместо да земаш краткорочен кредит)
Vo pravo si, go zaboraviv toa...
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom