Ракометната репрезентација на Македонија (мажи)

  • Креатор на темата Креатор на темата Крусер
  • Време на започнување Време на започнување
Јас искрено не гледам причина да се земаат Мојсовски и Стоилов. Нека заздрават полека како што треба многу поважни ќе бидат од наесен натаму. Ова особено важи за Наумче, кој има многу сериозна повреда и нема потреба да брза. Грција, ако се игра концентрирано и ангажирано може да се мине без поголеми проблеми и без нив. Димовски пред пензионирањето ќе го замени Стоилов, а за второто место на лев бек (претпоставувам Ф.Лазаров е сигурен, солидно игра сезонава) може да се бира меѓу Пецаковски, Талевски и Стојчевски.

Друго, според мене Ангелов мора да биде прв голман, во животна форма е, а и Митревски е во добра форма последно време, па не треба туку така да му се подари место на Борко.

П.С. За Стојановиќ се знае зошто веќе не го повикуваат (и мислам дека засекогаш е завршено со него). Слична е ситуацијата со Ангеловски, а мислам и дека Мајнов и Кузмановски не се далеку од тоа макар што на овој поширок список треба да бидат земени во предвид. Она што не ми е јасно е зошто во овие пошироки списоци се забораваат тотално играчите на другите македонски екипи, пред се Зомимак и до некаде Пелистер. Се добива впечаток дека овие играчи воопшто не се следат.
 
Според мене овој пат Борко заслужува да си седне на трибини и да биде 3 голман, само затоа што избега од Бундес лига ( не беше стандарден и таму) и избега за пари во Катар. Диви и Митревски сепак бранат во клубови кои се пласираа во 8 најдобри во Европа, плус тоа што Диви е во одлична форма и моментално е најдобар голман во Вардар.
На овој поширок список кога тогаш очекувам повик да добие и Оса бидејќи има потенцијал во него, 22 години, одличен шут, висок, корпулентен играч и игра добро во Пелистер. Барем нека го проба Обрван некој циклус, како што тоа беше и со Мајнов и Кузманоски. Тие утакмици кога беа повикани овие двајца беа тешки црепки, посебно Мајнов. Тогаш и по ФБ се жалеше дека не го викале у репрезентација, го викнаа, Кире се повреди баш тогаш, овој доби шанса и се посра, па Левов потоа беше прва опција за десен бек.
Овој Дарко Димитриевски баш сакам да видам шо играч иако не сум многу оптимист за него.
Се на се тој е списокот, тие се играчите, сеа само чекам како и секој пат кога се објавува списокот коментари од типот зошто нема место за Раде Стојанович, бла бла, прејак бил, ваков бил таков бил.:facepalm: Едноставно го одби повикот и толку е со него.
 
тогаш на мајнов цеча трибина му се дереше абеее шутниииииииии
 
Она што не ми е јасно е зошто во овие пошироки списоци се забораваат тотално играчите на другите македонски екипи, пред се Зомимак и до некаде Пелистер. Се добива впечаток дека овие играчи воопшто не се следат.
Се следат али немаат квалитет, верувај ако некој од нив покаже нешто одма Металург и Вардар ќе ги лапнат.
Инаку Мојсо се повреди во декември минатата година па уште малку ќе поминат 6 месеци од повредата. Нема што повеќе да се чува мора да почне да игра ако одмара летово тогаш кога ќе се врати во форма?
 
Добро не му е срам на Козла да се пика?
 
Се следат али немаат квалитет, верувај ако некој од нив покаже нешто одма Металург и Вардар ќе ги лапнат.
Инаку Мојсо се повреди во декември минатата година па уште малку ќе поминат 6 месеци од повредата. Нема што повеќе да се чува мора да почне да игра ако одмара летово тогаш кога ќе се врати во форма?

Опоравување од скинати предни вкрстени лигаменти е 6-12 месеци. За постар играч како Наумче и тоа како не би го брзал. Успех е ако е вратен во полн ритам во Септември.
 
Обрван го издвои потесниот список со кој ќе замине на подговотвски во Охрид.

ГОЛМАНИ

Петре Ангелов РК Вардар
Борко Ристовски Ал Ахли спорт клуб
Никола Митревски РК Металург

КРИЛА

Дејан Манасков РК Металург
Гоце Ојлески РК Металург
Гоце Георгиевски РК Металург
Златко Мојсоски РК Металург

ПИКЕРИ

Стојанче Стоилов РК Вардар
Никола Маркоски РК Металург
Ванчо Димовски РК Металург

БЕКОВИ

Наумче Мојсовски РК Металург
Филип Лазаров РК Вардар
Аце Јоноски РК Металург
Велко Маркоски РК Металург
Филип Миркуловски РК Металург
Никола Стојчевски Редберслид
Немања Прибак РК Вардар
Кире Лазаров Барселона
Ренато Вугринец РК Металург
Мартин Велковски РК Металург јуниор
Мартин Манасков РК Металург јуниор
Филип Талески РК Металург јуниор
 
Дечкото што игра во Шпанија го нема
 
Металург јуниор има повеќе бекови од Вардар во репрезентација и ист број на напаѓачки бекови како и Металург. Додуша ако се исклучи Мојсо пошто не верувам да игра (не знам која е целта што го земале за меч со факинг Грција, кога може само да му ризикуваат нова повреда) ќе имаат повеќе напаѓачки бекови и од Металург :D
Претерале малце со бековиве на Јуниорите, реално освен Талевски, не знам како Мартин Манасков би имал улога во репрезентацијава и особено Велковски...
Има многу подобри избори од другите екипи во лигава...
Не ја сфаќам поентата и на тоа што е земен Стојчевски али ајде...
Можеа со Лазаров, Талевски и Пецаковски (не е земен, а го земале Стојчевски) да минат на лева бековска, плус и Прибак може да покрива таму.

Крилата веч видено, реално тој е изборот, со тоа што Златко Мојсоски јас не би го зел а би земал било кое десно крило од лигава...
 
Димитриевски, Митков, Јовчевски и Недановски, Пецаковски и Кимевски се отпишани од списокот
 
Ајде сега навивачите на Вардар да ги слушнам како муабетите на Червар за македонските ракометари во Металург биле само серење и празни муабети.
15 > 4 окпозз:cool:
 
Ајде сега навивачите на Вардар да ги слушнам како муабетите на Червар за македонските ракометари во Металург биле само серење и празни муабети.
15 > 4 окпозз:cool:
И оваа тема ќе ја засерете со тоа? Аман сфатете на никој не му е гајле за тоа, се гледа колку Червар се грижи за македонскиот ракомет со купување само на екс-југословенски ракометари..
 
Ајде сега навивачите на Вардар да ги слушнам како муабетите на Червар за македонските ракометари во Металург биле само серење и празни муабети.
15 > 4 окпозз:cool:
од тие 15, тројцата од металург јуниор ќе отпаднат , и ке бидат 12 . а во металург следната сезона 11 странци ,плус странецот во металург-јуниор :D
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom