К
Кнез Мишкин
Гостин
Од каде идејата дека ќе бидат осамени? Повеќе друштво ќе имаат таму, отколку во заедница со луѓе со обврски.
Баба ми беше склеротична, со преживеани еден или два мозочни удари и плус шеќераш. Жената не знаеше како се вика, не па нас да не познава. И ок, за јадење ќе и да дадеш, апчиња, инекции... Ама не можеш 24 часа да бидеш со неа. Среде лето, во два саатот на пладне знаеше да излезе на тераса, јадеше грозје (секогаш беше гладна, бараше да јаде по само 5 минути откако јадела, забораваше дека има јадено), а не смееше ни на жешко (ради мозочните удари), ниту да јаде грозје (ради шеќерот). Да не зборувам што им зборуваше на луѓето на улица и на комшиите да и дадат да јаде оти „овие улавиве не ја ранат“... Јас бев во лудите години, не се ни вртев дома, сестра ми беше мала, мајка ми се оболе! Навечер, ќе стане за во вц (на крај не беше ни способна да се движи како што треба), ќе падне, а сите заспани, среќа се будевме и ја слушавме. Постојано моравме да бидеме заклучени, затоа што знаеше да излезе и да си оди „дома“, па трчавме ја баравме по улиците. Неколку пати се случи јас да го заборавам клучот дома, излезена во град, вратата мораше да биде отворена, а во меѓувреме, баба ми киднала, ноќта во 2-3 часот. Ова беше само дел од нашето секојдневие. Не дека не претставуваше мака, ама си ја сакавме и си ја гледавме, меѓутоа не можеш да ја посматраш 24/7. Затоа пак, во домовите има луѓе кои се платени да ги чуваат деноноќно. Тоа што домовите во Македонија се срање, тоа е друг муабет.
Ќе имаат друштво како да не, оние што можат да се движат ќе прошетаат 2-3 круга, оние другиве врзани за кревет рани фаќаат од легање... Никакво внимание не им посветуваат а цела пензија и плус уште некој денар им собираат.
Јасно ми е, секој со својата ситуација, затоа не судам никого, кажувам од своја гледна точка дека не би можел.
Но од друга страна, некој кој има пари на претек, имот и све остало а да ги остави сами, не е во ред.