Крајна нужда
Член 10
(1)Не е кривично дело она дело што е сторено во крајна нужда.
(2)Крајна нужда постои кога делото е сторено со цел сторителот да отстрани од себе или од друг, истовремена нескриена опасност што на друг начин не можела да се отстрани, а притоа стореното зло не е поголемо од злото што се заканувало.
(3)Сторителот кој сам предизвикал опасност од небрежност или ги пречекорил границите на крајната нужда, може да се казни поблаго, а ако пречекорувањето е сторено под особено олеснувачки околности може и да се ослободи од казна.
(4) Нема крајна нужда ако сторителот бил должен да се изложи на опасност.