Див Запад во Македонија - дневен билтен

  • Креатор на темата Креатор на темата Sagan
  • Време на започнување Време на започнување
S

Sagan

Гостин
Темава ја замислувам како дневен билтен на криминалните случувања од областа на крвните деликти (убиства, загрозување на телесниот интегритет, силувања) во Република Македонија. Во подфорум Религија постои тема „Верски вести“ каде се линкуваат статии и се коментира од таа област, корисно би било и темава да биде еден вид дневен билтен наместо да се отвораат одделни теми за секој кривично-правен настан.

Деновиве тоа што се дешава во Македонија е алармантно: убиства, бројни тепачки, претепувања, силувања. Македонија полека се претвора во Див Запад каде локални шерифи се над законите и правната држава.

1. Објавено: 17/05/2014 19:53
http://mkd-news.com/so-7-kurshumi-u...ebashe-vaka-da-zavrshi-se-poslednite-zborovi/
Со седум куршуми застрелан е 52 годишен бизнисмен кој според најновите информации е штипјанец.Починал утрово во болница. Убиецот е во бегство, а полицијата ги испитува мотивите за убиството.

nokj-pukanje-223x300.jpg
„Не требаше вака да заврши“- биле последните зборови на 52-годишниот Димитар Јовановски во амбулантната кола која го возела накај болница. Бизнисменот не преживеа, почина утрово. Во него синоќа, засега непознат за полицијата, испукал седум куршуми. Иако се претпоставува дека Јовановски знаел кој пука во него, сепак пред инспекторите не го кажал името на убиецот.Убиен е пред неговиот влез на зградата во населбата Аеродром. Помош барал на домофон. Соседите не можеа да поверуваат дека штипјанецот кој десетина години живее во нивната зграда е мртов, пренесува Алфа ТВ.

Полицијата ги зема чаурите како доказ. Се проверуваат два мотиви за убиството.

Јовановски имал свињарска фарма, а претходно се занимавал и со трговија на здрава храна. Почнал со продажба на оружје ама не му одело. Пријателите на бизнисменот, кои не сакаа да зборуваат пред камера, исклучуваат долгови бидејќи како што велат тој бил чесен човек.
Според првичниот извештај на полицијата од болницата каде што бил префрлен, штипјанецот бил погоден со седум куршуми во пределот на стомакот.

- Лицето живеело во зградата каде што се случил инцидентот. Веднаш е префрлен во болница. Во моментот кога бил префрлен бил контактибилен. За жал подоцна им подлегнал на повредите и според првичниот извештај од болницата бил погоден во пределот на стомакот со седум куршуми, изјави Иво Котевски, портпаролот на МВР.

Од местото на убиството се земени траги кои се предадени на натамошно вештачење и во тек се активности за утврдување на идентитетот на сторителот, како и на мотивите за извршеното убиство.

2. http://telma.com.mk/vesti/nasilnik-i-lokalen-mokjnik-napravi-pekol-od-zhivotot-na-natasha
НАСИЛНИК И ЛОКАЛЕН МОЌНИК НАПРАВИ ПЕКОЛ ОД ЖИВОТОТ НА НАТАША
Има ли правда за 34- годишната Наташа Величковска која со нејзиното малолетно дете три години трпи малтретирање, претепување и закани по живот. Кога ја раскинав врската со Бобан, мојот живот се претвори во пекол, а институциите не ме штитат од насилникот, Чраскажува Наташа. Има купишта документи, од полициски извештаи, лекарски уверенија и судски пресуди, но залудно. Под присила морала да ја повлече изјавата дадена во кумановскиот суд дека била и киднапирана и силувана. Случајот е вратен во судот во Крива Паланка, но сега таа е обвинета.

-Од автобус ме симна со закани, вели нема жива да се вратам ако случајно посведочам дека сум силувана и киднапирана. Децидно реков во судот дека сум малтретирана и тепана но, немам повратен одговор од таму, делото е вратено тука каде јас сум обвинета дека лажно сум го пријавувала, а јас цело време сум дома затворена. Ми упадна и пред малолетното дете, ме тегнеше, кубеше и ме тепаше, пак завршив во болница, ноќе, пред очите на детето, вели Натапа.

Од ударите на насилникот сега има оштетен слух, а од сексуалното злоставување, до сега четири пати била на абортус. Надвор излегува само со нејзиниот татко кој, за да го заштити семејството, држи палки до влезните врати. Горд на својата партиска определба и охрабрен од локалните власти, насилникот кој е вработен во општина Крива Паланка, се однесува како шериф и ни се заканува на сите- вели таткото на Наташа.

-Наредните четири години душата ќе им ја извадиме на ќерка ти и на мажот, затоа што пак сме ние на власт и да ви биде јасно дека од мене нема да се спасите. Пред тоа во една прилика, во присуство на полицајци ми вели- да видиш Симче што е ВМРО. Ама буквално една ноќ немам преспиено како човек, ролетната секогаш ми е полуотворена и сум буден на најмал шум. И палките, еве ги, до вратата ми стојат, реквизити, вели таткото.

Синоќа пред вратите на ова семејство затропала полиција. Ја предупредиле Наташа да не објавува никакви информации на Фејсбук и да не комуницира со медиуми. Таа не знае каде веќе да бара спас од оваа тригодишна агонија. Се обратила и до градоначалникот да му укаже дека неговиот вработен го злоупотребува службеното возило за да ја следи, но и тука не наишла на разбирање.

-Со службеното возило дури до село ме следеше, шоферот на градоначалникот и тој, Бобан Стојановски, името не го кријам, јавно ќе кажам. Го злоупотребува возилото за да дојде, постојано и тука во маалото, луѓето гледаат, не се слепи. Го паркира возилото пред продавница и ќе седне за да се напие. Јас реагирав кај градоначалникот но, тој ми рече дека не е должен да ги решава љубовните проблеми на граѓаните, раскажува Наташа.

Одговорно тврдам дека службените возила не се користат за приватни цели, а ако жената има доказ за спротивното, нека пријави, ќе следат санкции и бркање од работа.- вели градоначалникот Арсенчо Алексовски.

Наташа е една од ретките жени која имаше храброст да ја раскаже својата животна приказна како жртва на насилство, како што вели таа, ако се остварат заканите што и ги упатува насилникот, институциите ќе бидат виновни што не презеле ништо да го санкционираат.

3. 16 мај 2014 - 13:15
http://makfax.com.mk/335801/tepachk...grachi_na_natprevarot_kk_rabotnichki___kk_fpm
Тепачка меѓу навивачи и играчи на натпреварот КК Работнички - КК ФПМ
Навивачи и играчи се степале на натпреварот во рамки на младинската лига меѓу кошаркарските екипи на Работнички и ФПМ, што се одигра во средата во салата на Работнички во Градски парк, Скопје.
Како што информира Министерството за внатрешни работи, во 39-та минута од натпреварот почнала тепачка меѓу двајца играчи од спротивните тимови, поради досудена лична грешка. Во тепачката се вклучиле и резервните играчи од клупата на двата тима како и 15-20 гледачи.

По целосно расчистување на случајот против учесниците ќе биде поднесен соодветен поднесок, информира МВР./крај/мф/сд

4. Петок, 16 Мај 2014, 13:46
http://denesen.mk/web/2014/05/16/so-lopati-i-vili-se-ispotepale-sosedi-vo-kocani/
Тепачката настанала помеѓу О.А.(40), Е.А. (27) и Ј.М.(64) од една страна и нивните соседи Е.Ј.(35), Р.Ј.(33) и З.Ј. (55) од друга страна, сите од Кочани.

Во тепачката лицата употребиле лопата, вила, рачка од земјоделски алат и нож, а со убодна рана во пределот на десната плешка, скршено рамо и нагмечување по телото се здобил О.А., додека со телесни повреди се здобиле Е.А., З.Ј. и Р.Ј.

По целосно расчистување на случајот против учесниците ќе биде поднесен соодветен поднесок.

5. http://mkd-news.com/najdeniot-mrtov-veleshanets-bil-svirepo-machen-pa-ubien/
НАЈДЕНИОТ МРТОВ ВЕЛЕШАНЕЦ БИЛ СВИРЕПО МАЧЕН, ПА УБИЕН
Објавено: 06/05/2014 15:32
Со ДНК-анализа полицијата го утврди идентитетот на непознатиот маж чие тело, во фаза на распаѓање, беше пронајдено минатиот месец ,на ливада од напуштена куќа на влезот од Велес. Станува збор за 30-годишниот Бајро Ибрахимовиќ (30 год.) од Горно Оризари.

policija1-300x238.jpg
Тој бил идентификуван откако негови блиски дале крв и преку ДНК бил потврден неговиот идентитет. Резултатот од обдукцијата покажал дека станува збор за насилна смрт, а од истрагата не се откриваат повеќе детали за овој настан. И натаму се истражуваат мотивите зошто Бајро бил сурово застрелан. Разговарано е со десетина лица од кои може да се добие одговор за можни нерасчистени односи. Додека надлежните, во интерес на истрагата, не соопштуваат детали, блиски од семејството на починатиот раскажуваат за свирепото убиство.
- Телото на Бајро било пронајдено во поодмината фаза на распаѓање.

Тој бил пронајден убиен, со испукан куршум во челото, со заврзани раце зад грбот, со жица. Ова зборува за класична ликвидација како во филмовите – велат тие.

Од Обвинителството велат дека истрагата продолжува, без да објават детали. Тие ниту ги потврдуваат ниту ги негираат овие информации.
 
Се подига нов споменик, вчера беа распишани 7 нови тендери во врска со проектот ск 2014, бандитски групи од УЈП придружувани од полицијата и алфите во петокот извршија неколку оирганизирани грабежи.
 
Па кога јадам јас цел живот трици да се легализира НАЈМАЛКУ ладното оружје,никој не се замара...Па нека има убиства,силувања,тепачки мачења и сл.
 
Па кога јадам јас цел живот трици да се легализира НАЈМАЛКУ ладното оружје,никој не се замара...Па нека има убиства,силувања,тепачки мачења и сл.
Да ти кажам и јас исто мислам. Многу се глупави овие од власта, да го легализираа досега ладното оружје ќе имаше минимум 5 пати помалку тепачки/убиства/грабежи/силувања.
 
Причата на Наташа по горе е многу честа, лоша слика во малите градчиња во Македонија, каде локални моќници поврзани со власта спроведуваат лични аршини на место на законите и никој ништо не им може.
На пример, случајот кога судот го прогласи згазениот* (мртов) пешак за крив.

* - од страна на брат на министер чинам
 
Да ти кажам и јас исто мислам. Многу се глупави овие од власта, да го легализираа досега ладното оружје ќе имаше минимум 5 пати помалку тепачки/убиства/грабежи/силувања.

Само што утепаа некој кај мене во маало во Ѓорче со нож. Најверојатно албанци меѓу себе. Секако легализација бараш?
 
Само што утепаа некој кај мене во маало во Ѓорче со нож. Најверојатно албанци меѓу себе. Секако легализација бараш?
Да.Гледаш?Иако е нелегално огненото и ладното оружје,тоа пак се употребува.Вака барем ќе се знае.
 
Убиен матурант во Ѓорче Петров

Убиено е момче во скопската населба Ѓорче Петров, во близина на очната клиника.

Засега се знае само тоа дека во убиството учествувале двајца напаѓачи. Полицијата го потврди убиството и информираат дека увидот е се уште во тек, па повеќе детали најавуваат бза подоцна.

http://www.mkd.mk/crna-hronika/ubien-maturant-vo-gjorche-petrov

Зошто бре, зошто што им згрешил? Па, ако се и албанците до кога уште ќе чекаме, до дека не не испоубијат сите? Срамота е ова што ни се случува, голема срамота, и тоа на матурска, во најубавите години. Нека се превземат мерки, пред наши очи секојдневно се случуваат секакви грозомрни настани, никој не одговара за нив.
 
Само што утепаа некој кај мене во маало во Ѓорче со нож. Најверојатно албанци меѓу себе. Секако легализација бараш?
Се заебавав со членот погоре.... Каква пуста легализација на ладното оружје, па божем тоа ќе влијае на нешто. Демек во нашава држава се почитуваат законите, па сеа луѓето не носат НОЖЕВИ затоа што е со закон забрането. Божем некој е уапсен или кривично гонет затоа што носел ладно оружје. Во државава голем дел од населението (албанци / тепачи ват евр) поседува автоматско огнено оружје а ние овде ќе сме се секирале за ножеви и боксирачи.......
 
Јас сум ЗА воведување на смртната казна и за престрогите казни...Си убил-ќе бидеш убиен,си силувал-кастрација,си се заканувал-сечење на јазикот...[DOUBLEPOST=1400520495][/DOUBLEPOST]

По друго е да се шеташ со празни џебови отколку со едно сојче во џепот...Ти вадат нож-вадиш ти и свесно го употребуваш,а не со здрвени раце едвај да чекаш или да те остават или да те избодат...
 
Причата на Наташа по горе е многу честа, лоша слика во малите градчиња во Македонија, каде локални моќници поврзани со власта спроведуваат лични аршини на место на законите и никој ништо не им може.
На пример, случајот кога судот го прогласи згазениот* (мртов) пешак за крив.

* - од страна на брат на министер чинам
проблемот е поголем, има локални моќници кој се поврзани со секоја власт, уште полошо ако имаат роднински или пријателски врски во полиција , а најлошо ако има врски во судот ... тогаш мува не го лазе... имено, ако рекетарот на сдсм кој пукаше на избори во Охрид, мислам на избори 2002 и рани човек, успеа делото потполно да се загуби во фиоките на судот и за време на дпмне, што да очекуваме за обичен смртник ???[DOUBLEPOST=1400587757][/DOUBLEPOST]
Јас сум ЗА воведување на смртната казна и за престрогите казни...Си убил-ќе бидеш убиен,си силувал-кастрација,си се заканувал-сечење на јазикот...[DOUBLEPOST=1400520495][/DOUBLEPOST]
По друго е да се шеташ со празни џебови отколку со едно сојче во џепот...Ти вадат нож-вадиш ти и свесно го употребуваш,а не со здрвени раце едвај да чекаш или да те остават или да те избодат...
каков нож, какви будалаштини ... во УСА имаат дома оружје, но и тоа не е добро. Кај нас не сме спремни ни со правната процедура за самоодбрана, а поради генетски вградено функционирање на полицијата па и судот на база на пријатели и врски, секоја легализација на оружје ќе значи отворен пат за див запад.... па и УСА не знаат кај им е главата поради оружјето, ама не се во состојба да го забранат.
Но има една друга работа кај кражбите, постојат и на Запад диаметрално спротивни гледишта .. од една страна Домот е свет, демек имаш право да пукаш на натрапник, но ако лоповот влезе во дворот и краде не смееш ни да го пипнеш, т.е. тој одговара за кражба а ти за повреди ако му нанесеш и може ти да нае*еш повеќе.. Кај нас мислам и дома да ти влезе натрапник, ако не ти го загрози животот не смееш да пукаш на него... се додека не те погоди во абдомен или глава... а тогаш и не си кадар да пукаш .. :icon_mrgr: .затоа кумашинот во Австралија вика, нека дојде крадец, кафе ќе му сварам... ќе ми украде стар ТВ, осигурувањето ќе ми даде нов и слично... но ние сме далеку од тоа...
 
Последно уредено:
проблемот е поголем, има локални моќници кој се поврзани со секоја власт, уште полошо ако имаат роднински или пријателски врски во полиција , а најлошо ако има врски во судот ... тогаш мува не го лазе... имено, ако рекетарот на сдсм кој пукаше на избори во Охрид, мислам на избори 2002 и рани човек, успеа делото потполно да се загуби во фиоките на судот и за време на дпмне, што да очекуваме за обичен смртник ???[DOUBLEPOST=1400587757][/DOUBLEPOST]
каков нож, какви будалаштини ... во УСА имаат дома оружје, но и тоа не е добро. Кај нас не сме спремни ни со правната процедура за самоодбрана, а поради генетски вградено функционирање на полицијата па и судот на база на пријатели и врски, секоја легализација на оружје ќе значи отворен пат за див запад.... па и УСА не знаат кај им е главата поради оружјето, ама не се во состојба да го забранат.
Но има една друга работа кај кражбите, постојат и на Запад диаметрално спротивни гледишта .. од една страна Домот е свет, демек имаш право да пукаш на натрапник, но ако лоповот влезе во дворот и краде не смееш ни да го пипнеш, т.е. тој одговара за кражба а ти за повреди ако му нанесеш и може ти да нае*еш повеќе.. Кај нас мислам и дома да ти влезе натрапник, ако не ти го загрози животот не смееш да пукаш на него... се додека не те погоди во абдомен или глава... а тогаш и не си кадар да пукаш .. :icon_mrgr: .затоа кумашинот во Австралија вика, нека дојде крадец, кафе ќе му сварам... ќе ми украде стар ТВ, осигурувањето ќе ми даде нов и слично... но ние сме далеку од тоа...
Не си тука во право,пушувам од телефон и неможам сега многу да објаднувам.[DOUBLEPOST=1400599462][/DOUBLEPOST]

Во некои провинции во Америка,дозволено е да се пука во кој било,но пред тоа да се даде опомена,предупредување.Значи викаш,пцуиш,што знаиш правиш,АМА ако не се тргне натрапникот или кој и да било,слободно пукаш,убиваш и после тоа не одговараш,бидејќи со тоа ЗАШТИТУВАШ имот,семејство и твојот живот.Мислам во Тексас дека е така.Или пак во некои провинции дозволено е да се носи нож,но притоа ДА СЕ ГЛЕДА,значи ножот на појасот и немаш гајле,а ако најдат во џеб,тогаш одговараш за прикривање на оружје.Кај пак е забрането откривање на оружјето,па мора во џеб,на појас и сл.Згора на сето тоа,Американците не се научени како ова племе што го имаме,еден збор настрана,или пак без причина да ти заковат нож...А ние пак НЕ СМЕЕМЕ,бидејќи е забрането...Тоа е тоа,јас сум ЗА најмалку ладно оружје и тогаш ќе се знае дека пр.секој торко по улицата може да носи нож и ќе се подразмисле некој дали така ќе се заканува или се мајтапи со кој и да било,макар да тоа е машко или девојче.
 
Последно уредено:
Се подига нов споменик, вчера беа распишани 7 нови тендери во врска со проектот ск 2014, бандитски групи од УЈП придружувани од полицијата и алфите во петокот извршија неколку оирганизирани грабежи.

:-D
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom